Планот Б на ЕУ за Македонија и регионов, кој се нарекува европска економска зона (ЕЕА) на земјите од регионов кои не се дел од ЕУ, е катастрофален за Македонија и регионот. Тоа е ново цедење, ново ропство, директен надзор и зависност.
И наместо да се третира како утешна награда или како мотив за час поскоро да се зафатиме со работа, да се прилагодиме за да сме добиеле нешто повеќе од тој план, молам кончено да се сфати дека било што, што доаѓало и доаѓа од ЕУ кон нас како предлог, не било и не е за наше добро.
Мамката “пристапување кон заеднички пазар” е толку испразнета од суштина, што боли до коска,дури и ако се тера сеир како некој транзиционен зделкар ја залапува, бидејќи извозот на Македонија во ЕУ е ВЕЌЕ над 80%.
ЕУ пазарот е презаситен, потрошувачката се намалува или стагнира, демографски тонат–ако немаа(т) доселеници во дебел минус ќе беа/се, затоа и имаат потреба од мигранти кои ем би работеле и би ги крепеле еу пензионерите, ем би биле нови потрошувачи. На тој пазар се веќе Кина, Индија и други ооооогромни извозници на кои со речиси ништо не може да им се конкурира и кои се’ повеќе ги истиснуваат еу-ропските производители a не пак нашиве кои наместо да создаваат МАКЕДОН бренд, од името дааа, тие ќе се насочеле кон ЕУ затоа што таму сме имале најголем извоз ???!!?? Која глупост.
Па токму поради тоа што Македонија беше речиси 100% зависна од СФРЈ пазарот, за разлика од дисперзираниот извоз на Словенија, сиромашевме и многу тешко се снајдовме во транзицијата за разлика од дежелета.
Драги мои зделкари, нели целта е да се зголемува производството во Македонија, да се задржат младите да им се зголемат платите. Па колку тоа ќе се зголеми ако 100% се насочиме само кон ЕУ пазарите ??? Како, кога веќе сме таму со 80% и со за жал лимитиран квалитет , а за конкурентни цени(ефтина работна сила) веќе не може да стане збор ?!?
Наместо да се бараат нови пазари, кои се растечки, развојни, каде побарувачката е се поголема,со зголемена демографија, каде што нема уцена од типот име-па можеби- , каде што се стабилизира општеството(колку и да е немирно) за разлика од ЕУ-овското кое се повеќе е немирно-нестабилно, каде што растат и плати и куповна моќ и жед за трошење, каде што има ооогромни природни ресурси(гас, нафта, ретки минерали, злато итн) кои може со заеднички меѓудржавни напори/вложувања да се користат, пазари на кои сеуште не се мери квалитетот со потценување, туку се уважува што доаѓа од земјата на Искендер…тие запнале да се/не’ доограничуваат. Бог да чува.
Мили мои зделкари, па со обичен влез во ЕвроАзија, не се влегува на пазар од само 180 милиони, туку се отвараат ширум порти за неколку милијардните кинески, индиски пазари и се’ попривлечните АФРИКАнски развојни домаќинства.Така ем се принудуваме да се зголеми производство до 10 пати повеќе од сега за нецели 10 години, ем се зголемуваат плати,ради големи извози и можност за мали маржи, ем се принудуваме на вложувања во иновации, ем стануваме привлечни за туристите од тие пазари–тука само колку лежи ако се продаде магијата за една Македонија секогаш нова, а вечна.
И не само што нема да се изгуби ЕУ-овскиот пазар, туку нивни фирми би доаѓале во Македонија да вложуваат да соработуваат и како македонски да се нудат во светот, а не како еу-овски.
Но ете, наместо да се размислува по македонски,велико, како што ни е името, цел свет двор ми е, овие запнале да бараат милостиња од Брисел како утешна награда, кој дури и признава дека го губи влијанието, па токму поради тоа решиле да ни фрлат некоја коска, со многу, многу нови, скриени условчиња за исполнување ако сакаме следната коска да има троа мевце на неа–како и до сега.
Они ќе зададеле нови стандарди и ќе не’ мереле ко недоветни. За маломозочни структури кои не си ја познаваат својата вредност, секогаш има потреба некој авторитет со светкави стакленца околу врат да им каже дали вредат една или пет пчелички.
Напредокот ќе го мереле “објективно”, ќе ни давале јасни патокази и ќе зборувале во еден глас тоа оценувачите ?!?–Па добро, какво е тоа објективно мерење ? Што досега објективно измериле во Бугарија, Грција ??? Свесни ли се дека нивната објективност не’ доведе на раб од исчезнување–ова и најфанатичните ЕУ лајкачи во Дебар Маало го мрмљаат веќе. Ко слепи не сметаат кога ќе ни давеле патокази и ќе си кажат браво на самите себе ако не се сопнеме ? Ако се прифати оваа понуда, ова упатство за тоа како да живееш во нужникот на ЕУ, тогаш нека не’ газат, влечат со јаже врзани за пони. заслужуваме.
“Со утврдување и имплементација на правилата на единствениот пазар, влијанието на надворешните актери, Кина или Русија, би подлежело на истите ограничувања во Западен Балкан како и во ЕУ”–ова значи ве заробуваме на нашиот пазар и нема што со Кина Русија да договарете посебни проекти–ние од горе ќе кажаме дали кога како.
“Земјите што ги кршат основните човекови права или им се закануваат на нивните соседи може да бидат исклучени или суспендирани”—не би сакал ништо со нив да имам, но за недокваканиве сегашни политички елити кои се 100% исполнителни пред Брисел, ова значи дека во секој миг некој љубител на брачни заедници со животни или кактуси да ве ремети како сака, а постоењето на Македонци нема да може да се сфати никако поинаку освен како закана за соседите, зошто македонскиот бит-јадро, не е ограничен само во северџаначкиве граници.
“Целиот процес треба да се претстави во јавноста како трка:”–демек да се тркаме со србите колку сме позелени, со албанците колку сме поинклузив за мигранти итн., па во зависност од тоа кој им оставил поголем уметнички впечаток да добие повеќе денги. Без срам и перде ни кажуваат дека ќе бидеме стриптизети ради нивна забава, по можност да се заколеме.
И не се секирајте. Големите пари нема да ојдат кај Боки 13, нив водата што нема да биде веќе наша, во Аргентина ќе ги однесе.Инаку тие не даваат ни цент ако немаат намера да си продолжат со перверзијата–тоа ги одржува–некој да мисли дека се битни и да им се клања.
Доста е веќе со ЕУ. Ниту еден нивен план не бил од полза за Македонците. А овој не само што не еутешна награда, туку отварање чадор во до балчак.
Игор Цветковски
Скопје, 27.10.19