Во Англија во четиринаесеттиот век, трошоците за тековно војување ги доведоа елитите во ситуација во која тие или требаше да ја загубат војната, или да ги намалат своите сопствени приходи, или значително да го зголемат данокот врз народот. Како што прават политичарите секогаш, тие го избраа третото.
Приходите како резултат на новиот данок се покажаа помалку од предвидуваните, бидејќи голем број на луѓе најдоа начини да го избегнат данокот. Тогаш на даночните комесари им беше дадена широко овластување и слобода во методите што ги применуваат за да ја извршат наплатата.
Како што е скоро секогаш случај, секогаш кога на властите им се дава премногу ширина, тие ја злоупотребуваат.
Во мај 1381 година, властите секонфорнтираа со народот во Брентвуд, Есекс. Луѓето беа едногласни во гневот кон власта, бидејќи тие сметаа дека самото воведување на новиот данок е злоупотреба на овластувањата. Во конфронтација на која присуствуваа стотици граѓани, сопственикот на продавница, Томас Бејкер, му соопшти на комесарот: „Сите овие луѓе веќе ги платија своите даноци. Нема да земете ниту денар повеќе од нив“.
Комесарот потоа нареди апсење на сто случајно избрани лица. Но, побројниот народ ги избрка представниците на власта. Засилувања беа донесени следниот ден. Но, до ова време, повеќе селани се приклучија на групата од претходниот ден и дојде до вооружен судир.
Шестмина од собирачите на даноци беа обезглавени. Од тој момент, немаше враќање назад. Селаните го почуствуваа вкусот на слобода и немаше лесно да се откажат.
Зборот се рашири брзо низ Есекс и пошироко. Кодирани пораки пренесенувани од една во друга заедница, еквивалент на денешниот интернет во Четиринаесеттиот век, со тоа што тоа беше најбрзиот начин за анонимно да се пренесат информации меѓу оние што решија да се бунат против моќните што сакаа економски да ги столчат.
Демонстрантите беа уапсени во неколку окрузи, а само осум дена по првиот инцидент, бунтовниците се организираа доволно добро за да извршат напад врз замокот Рочестер во Мејдстон, Кент, за да ги ослободат своите собунтовници.
Во ова кратко време, тие веќе беа доволно организирани за да формираат милиции и да кренат мала крстоносна војна. Уште поважно, на селаните им се придружувале многумина од средната класа, кои исто така биле подложени на новиот данок.
За два месеци, тие броеја илјадници, а возачите од окрузите околу Лондон истовремено извршија напад врз главниот град. До кога бунтовниците стигнале до Кулата на Лондон, тие биле 60.000 силни – половина од тогашното население на Лондон.
Во тоа време, британската армија била во странство, водејќи војна против Франција. Кралот и неговите министри никогаш не очекувале бунт и биле фатени неподготвени. Тие биле чувани во Лондонската кула, каде што веројатно ќе бидат безбедни, но немало доволно чувари, за кралот да замине од таму безбедно.
Кога бунтовниците го преминале Лондонскиот мост и влегоа во градот, тие едноставно го презедоа без отпор, бидејќи, иако не беа добро вооружени, тие беа пребројни за контрола.
Важно е да се напомене дека клучот за успехот на востанието е тоа што ги зафати сите социјални класи. Данокот бил наметнат врз сите класи, па така што дури и оние кои не се придружиле на бунтовниците, во многу случаи сочувствувале со нив, вклучувајќи ги и војниците, од кои многумина преминувале на страна на бунтовниците.
Кога бунтовниците пристигнале во Лондонската Кула, мостот бил отворен и кралот прифатил пораз. Значајно, примарен фокус на бунтовниците беше Сајмон Судбери, кој во тоа време беше Надбискуп на Кантербери и водач на Црквата, како и лорд канцелар на Англија и главен наплатувач на даноци. Тој бил одведен и егзекутиран без отпор од кралот. Бунтовниците потоа ги презентираа своите барања, а тоа беа:
- Крај на врзаниот труд (крај на ропството);
- Слобода да тргуваат (слободен пазар);
- Национална граница за висината на закупнината за обработливото земјиште; и
- Ниту еден бунтовник не требаше да биде казнет за вмешаност во востанието.
Кралот, немајќи простор за маневар, потпишал повелба согласувајќи се со сите услови под единствен услов неговото лично право на власт да не биде ослабено – услов што бил прифатен од бунтовниците.
Ако ова беше крајот на приказната, тоа би било одлична приказна за Дaвид и Голиат, или како што е наведено во мотото на стариот Тексас Ренџерс, „Малиот човек го победува големиот човек секој пат кога малиот е во право”.
Но, секако, работите не завршија тука.
Откако царот се согласи на сите барања, бунтовниците се разотидоа. Откако ќе се намалат во бројност на само неколку стотици, тие беа нападнати и убиени. Данокот беше укинат, но ниедна од слободите што беа ветени не беа спроведени.
И колку неверојатно и да изгледа, тоа беше крајот. Штом животот беше повторно како претходно, луѓето во Англија се вовлекоа и ја прифатија потчинетост кон кралот и продолженото ропство. Откако данокот го снема, тие ја напуштија својата потрага по повеќе значајна слобода.
Зошто оваа приказна е релевантна сега?
Па, Велика Британија повторно е длабоко во економска дупка од која не може да излезе, освен да се сруши до нула, да живее со криза за период од години, а потоа да започне закрепнување. Ова е нешто што политичарите ширум светот никогаш не избираат да го прават. Тие секогаш ќе изберат да го одолговлекуваат проблемот правејќи го уште полош, само за да си купаат месеци, или максимум уште неколку години во канцеларијата.
Уште полошо, Велика Британија е под целосно вазалство кон ЕУ. Се случи бунт во форма на Референдумот за Брексит, и бунтовниците победија.
Владата целосно се согласи да создаде договор за Брексит. Но, потоа, тие се откажаа од договорот, како и во 1381 година. Откако „селаните“ кои беа собрани ги спуштија своите вили и секири, владата создаде договор што во никој случај не е Брексит.
Договорот отстранува некои од правата на ЕУ од Велика Британија, но продолжува да ја остава Велика Британија во вазалство на ЕУ. Интересно е што, среде целата реторика на британската телевизија за тоа дали станува збор за добар или лош договор, никому не му се чини дека треба да викне: „Но, овој договор воопшто не е Брексит. Тој е перверзна форма на останување во ЕУ“.
Како што оваа трагикомедија ќе продолжи на вечерните вести, скоро ќе откриеме каква ќе биде состојбата на Велика Британија кога ќе се сталожи прашината. Сепак, треба да го искористиме овој пат да сфатиме дека Брексит е Селската Буна на дваесет и првиот век – време кога народот ја крена власта на клоци и таа од страв прифати се, но народот ја направи истата грешка да прифати континуирано лидерство на оние кои што и го создадоа проблемот во првото место.
Од која и да е земја било кој од нас, треба да се потсетиме дека, колку и да изгледа разумно или помирувачко, решението да се врати лисицата во кокошарникот никогаш не е одговорот.
* * *