Нашето Mакедонско име, идентитет и историја не се монети за поткусурување со кои ќе си играат нашите политичари и странските агресори. Тие немаат право да се однесуваат кон Македонија како да е играчка. БАРАЈТЕ да се стави крај на оваа расистичка игра, пишува Бил Николов за американскиот The Hill во напис што го пренесуваме во целост.
Ако играте според правилата a вашиот противник e измамник, ќе изгубите. Ако судијата се стави на страна на вашиот противник и покрај неговото непочитување на правилата, ќе изгубите.
Дали ова значи дека јас се залагам да станете измамник за да воопшто имате некакви шанси на полето за играње?
Не. Јас велам: Престанете да ја играте играта.
За жал, играта во овој случај е Македонија, и нејзината одржливост како независна држава.
И Западот ги менува изопачените правила на секој чекор. Клучот, сепак, е дека Македонија е газда во оваа игра и може да избере да престане да игра во кое било време. Ова не е преголемо разјаснување на нештата, тоа е основен здрав разум.
Ова е нешто што македонското меѓународно движење за човекови права им го кажува на секоја последователна македонска влада од осамостојувањето во 1991 година, но без никаква корист.
И погледнете каде сме денес.
Им кажавме на секој македонски премиер, претседател и владин претставник дека токму вештачкиот спор за името е сеопфатното прашање кое предизвикува хаос во Македонија.
Престанете да преговарате за вашето име и спорот за името исчезнува.
Престанете да барате Запад за да ги реши сите проблеми во Македонија, кога токму Западот создава многу од нив.
Ако Европската унија и НАТО ви кажат да го смените своето старо име за да влезете во коалиција на угнетувачите, тогаш и не влегувајте во дискусија.
Западот избра да интервенира во Македонија и да овозможи коалиција на воени злосторници и политичари за рентање, затоа што тие се сметаат за по-прозападни.
Со други зборови, контролирано.
Иронично, ВМРО, што беше на власт изминативе 11 години, потклекна на многу западни барања на штета на Македонија, но и пак и понатаму се сметаше за „националистички“ затоа што не сакаше да го смени името на Македонија.
Да го цитирам Сејнфелд, цитирајќи го Супермен, во каков бизаро свет живееме?
Дали некоја друга земја дури би се вклучила во вакви дискусија?
Дали некоја друга земја ќе биде под притисок да се влезе во ваква дискусија? Во изминатите неколку месеци, македонската влада реши да се налути на Западот, со други зборови, да го послуша советот на ММДЧП.
Предоцна и премалку.
Сега, се чини, како судбината на Македонија да лежи во рацете на 10-процентно малцинство подржано од Америка, чија јавна цел е уништување на Македонија во име на Голема Албанија.
Бизаро?
Повеќе патетично.
Македонски политичари, вие немате право да си поигрувате со името на нашата земја и етничкото потекло на нашиот народ. Сегашните граѓани на една земја немаат право да менуваат вечнотот име на нацијата.
Како што кажува кампањата за Наше име Име на Македонија, „Кој ви даде право да преговарате за нашето име?“
Ние ви рековме дека Западот ве третира точно онака како што дозволувате да бидете третирани.
Ако вие не застанете зад своите интереси, мислите дека тие ќе застанат?
Искористете ги предностите од Македонците кои живеат во странство, кои знаат како мисли Западот и кои жестоко ја бранат Македонија повеќе отколку што било досега во нејзините политичари. Нашето име е Македонија и ние сме Македонци.
Разбудете се.
Бил Николов е претседател на македонското меѓународно движење за човекови права .
Нашето #македонско име, идентитет и историја не се монети за поткусурување со кои ќе си играат нашите политичари и странските агресори.
Тие немаат право да се однесуваат кон #Македонија како да е играчка.
БАРАЈТЕ да се стави крај на оваа расистичка игра.https://t.co/MI2DImZcHD— Bill Nicholov (@BillNicholov) October 27, 2019