ЧЕСТОКОЛ – Зоран Курљан
Сподели на социјалните платформи:

 

Ако лагите на ренегатот Агим Заев во стек исекнаа, ако навистина ќе има избори на 12 .04.-,, Цветници ,, 2019 година, ако антимакедонците однадвор ( т.н. меѓународна заедница коjа претставува едваj 1/7 од глобалната популациjа ) решиле на тоj христиjански празник да вjава нов “месиjа”, на македонската политичка естрада со симболично име Христиjан, тогаш очигледни се двете опции за Македонcката Нациjа: обединување на сите родољубиви партии , здружениjа , движења , организации кои не гледаат во Македониjа со очи на трговци.

Вториот и утешителен излез од тунелот коj е, заплиснат со солена вода поинтензивно со секоj поминат ден, е тактиката на г-динот Чарлс БОJКОТ.

Со обединувањето и омасовувањето ќе се роди политичка сила – автохтона , подготвена да реализира македонска политика за македонскава држава , во заедница и содеjство со деловите од соседните народи кои живеат на териториjата на Република Македониjа. Таа, македонска политичка сила, ќе работи за создавање на општество наjблиско до богумилските идеали на Самуиловото Царство и Аскетот Самуил ( заб. Динев , Мисирков ).

Економска справедливост , еднаквост и братство. Соработка наместо дарвиновска конкуренциjа. Тоа се идеалите кои ги искористи прагматичната , но со поводлив табиет- Европа и ги нарече ,, европско просветителство ,,. Додека го декларираше ова , папските банди на Баудолино го грабеа Цар Град ( Константинопол ) а Инквизициjата , создадена со цел истребување на овие слободољубиви принципи , го уништи европскиот гено – фонд. Така обеднат , тоj се втурна во новите тукушто откриени светови ; спржуваjќи се на своjот пат.

Сонот на сите Македонци: револуционери , просветители , мислители , воини , леботворци , занаетчии бил , е и ќе биде – слободна Македониjа со социjална справедливост и рамноправност.

А , ако катарзата на нашево поколение и понатаму ,тромаво , како поднапиен слон алка лево – десно , ако очекуваме и впреди некоj да биде поголем Македонец од нас Македонците или , недаj боже , продолжиме да веруваме во неталентирано склопените- петпарачки шарени сказки, тогаш , повторно , ќе го бараме спасот во ирската метода – Боjкот.

Вреди да се спомене : – Кога и да е , ќе мора да настапи момент за политичко соочување со протагонистите на глобалистичките и анационални политики, односно со македонската политичка естрада.

* честокол – ограда , бедем

Остави коментар