“Главите Долу и Стивнете”, Штапската Приспивна на Северџанските Одработувачи – Климе Новески
Сподели на социјалните платформи:

 

Интересна штапска приказна за добра ноќ. За добрите послушници на меЏународната, кои мудро ќе го избришеле нелегалното после некоја декада и за лошите бојкотирачи, новоформирани иницијативи, здруженија и партии, кои окапаа по улиците, дење и ноќе, на сонце и на снег, повеќе од две години за одбрана на името и суверенитетот и кои биле неразумни и алчни профитери.

Башка момент во приказнава е мошне интересната анализа: Не требало да се БРЗА со бришење на нелегалностите, помеѓу кои и насилно сменетото ни име. Не бил вистински геополитички момент! Требало да се почекаат вистинските геополитички промени !?! Некогаш !?!?! Ха!!!

Е овде веќе почна да ми кркори во стомаков. Геополитичките промени го „збришаа“ Блискиот исток, поминаа над нас, и му ја заседнаа во Србија да се одморат. Истовремено, низ Америка и Европа веќе врие со години наназад, од нова геополитичка сила на промени. Суверенистичка. Сите се борат да се качат на новиот воз на геополитички промени кој доаѓа и да се куртулат од неолибералниот и неоколонијален брод што тоне. А ние, ние требало да си почекаме да ни дојдат геополитичките промени со труби и фанфари.

Да ви кажам право, не ми е криво што ДПНЕ си ги користи сите нејзини сателити за пропаганда, ниту што сателитите се замислуваат вселенски бродови, туку што квазивселенскиве си земаат за право да вреѓаат.

Нејсе. Нови избори, нова катарза.

П.С: Повелете подолу линкот за „штапската приспивна“, па ако некој задреме, веднаш под туш и самопреиспитување.

Да го стивнеме силниот татнеж на срцата,да го послушаме тивкиот глас на разумот (читај Бејли и разнебитувачите на Македонија), за весникот Денешен мјаукна сателитот на ДПНЕ, Страшо Ангеловски од МААК, за да се превртуваат в гроб оснивачите Гане и Анте.

Остави коментар