Поздрав за Македонија од Рускиот Еквивалент на Опсерваторијата Кокино! Слава России и Македонии!
Сподели на социјалните платформи:

 

На 11 октомври, како одговор на акцијата на македонските соборци кои неодамна ја посетија мегалитската опсерваторија Кокино, првиот човек на меѓународното движење РУСОВ, Андреј Родионов, заедно со истомисленици, направија еднодневна посета на мегалитската опсерваторија лоцирана на Крим, Русија.

Мегалитскиот комплекс се состои од два до три елементи и се наоѓа кај местото Бахчисарај на Крим. На левиот брег на комплексот, приближно во средина на наклонот, стои вертикално инсталиран варовник блок – менгир висок 4 метри и широк околу 2 м. Тој е најголем од сите познати кримски менгири.

Од спротивната страна, околу 350 м во права линија од менгирот, се наоѓа уште еден елемент на астрономскиот комплекс. Таму, скоро на самиот раб на падината, има јасно видлива голема карпеста полица – Спуштен грот (пештера). Се забележува и вдлабнатина од вештачки грото-празнини во него која се гледа низ дупката во форма на заоблена арка отвор во близина на истата карпа. Ако, во близина на менгирите гледате во правец на грото, арката ќе биде совршено видлива, но ако се поместите неколку метри, видот се затвора и таа станува невидлива.

Во близина на грото има уште еден интересен предмет, налик на вилушка со скршени игли. Кога се гледаат од „покривот“ на грото, сите три предмети: лакот, камена вилушка и менгирот се на иста линија. Според сведочењето на оние кои го проучувале менгирскиот комплекс, локални историчари, се работи за античката опсерваторија. Двапати годишно, во денови близу до деновите на рамноденицата, сонцето на изгрејсонце изминува низ дупката на грото, осветлувајќи го мегнирот.

Ваквите опсерватории можат да се видат од нај-јужните Европски пространства на Македонија, па се до северните пространства на Русија, што е јасен пример за единството на нашите братски словенски народи, нашата култура и историја, од времето на империјата на Филип и Александар Македонски па се до Велика Русија на денешно време. Слава на Русија и Македонија!

Официјалната веб-страница на нашето движење: rusov.org

Остави коментар