Овен Предводник Може да Биде Само ако Има Два Моќни Атрибути до Коленици – Дардан Венетски!
Сподели на социјалните платформи:

На Мицко не му е јасно што мисли и што сака народот, па ќе оди на средби со граѓаните со експертски тимови, за да го дознае тоа.
Ало Мицко, ако до сега не си разбрал што мисли и што сака народот „удави се“ кај што мокри. Што мисли народот децидно се изјасни на 30.09.2018г., кога јасно кажа:

1.НЕ за Преспанскиот договор
2.НЕ за ЕУ
3.НЕ за НАТО


Ова беа трите прашања на референдумот. На сите три народот одговори со едно големо НЕ. Јасно ли ти е дека единствено надлежен да ги толкува и соопштува резултатите од референдумот е ДИК, а не Заев, кој ја погази одлуката на ДИК и референдумската воља на народот. Ако и ти (како што гледам) се залагаш за ЕУ и НАТО и ти одиш против вољата на народот и стануваш коалиционен партнер на Заев и соучесник во „злосторот“ против македонскиот народ.


Да те потсетам и нешто друго. Октроиран режим не се руши со трибини и шетање по градови. Три пати до сега вети дека ќе го изнесеш народот околу собранието и нема да се вратиш се додека со сите расположливи демократски средства не го урнеш овој ненароден режим. За жал три пати излажа, па со тоа стана вториот Минхаузен, двојник на оној од Муртино. Со ова покажа дека немаш ниту капацитет, ниту атрибути. Предводник на стадото може да биде само овен со два моќни атрибути до коленици. Ти изгледа имаш само две монистри. Затоа оттстапи го местото на некој вистински маж.

2 thoughts on “Овен Предводник Може да Биде Само ако Има Два Моќни Атрибути до Коленици – Дардан Венетски!

  1. Админ ај инсталирај плагин со кој и ние кои сакаме нашата приватност да остане наша, можеме да гласаме со оценка за текстот. Ги има многу избери инсталирај и ете можност за подобра анализа на посетеност и…

    Ете на пример оваа што го пишува Дардан Венетски е само вистина и бидејќи се согласувам со такви ставови а немам што да додадам еден плагин го решава проблемот!
    Благодарам и Ви посакувам успех!

    1. Почитуван брат. Можноста за анонимност на коментарите секогаш постоела, само во случај доколку кога коментирате истовремено сте логирани во истиот браузер на фб, гмаил или слично, автоматски ви го вади од таму вашето тамошно корисничко име.

      Пробајте да коментирате од свеж нелогиран браузер за анонимност.

      Опцијата за гласање за оценка на текст се разгледува.

      Поздрав.

Остави коментар