Нелегално Исламско Училиште во Лондон Вели дека Ќе Продолжат со “Обуката” и Покрај Добиената Казна!
Сподели на социјалните платформи:

Крајната фаза на болеста на Западниот политички, економски, и вредносен систем, меѓу безброј многу други работи, најдобро ја одсликува осиленоста на натрапниците да плукаат в очи на домашните вредности и на домашниот закон како што е случај со дивото исламско училиште кое ги индоктринира децата со верска пропаганда спротивна на Британскиот образовен систем.

Главната наставничка на нерегистрирано исламско училиште кое законски е гонето го бранеше нејзиниот „уникатен“ пристап – и вели дека школото ќе остане отворено за учениците.

Надија Али, од школото Високите Амбасадори, во Стретам, Лондон – која беше осудена за „намерно занемарување“ на заштитата на децата од страна на Агенцијата за Образование – доби казна од извршување 120 часови јавна услуга во заедницата во минатиот месец, септември.

Училиштето не доби регистрација во февруари 2019 година кога побарало, при што инспекторите сметаат дека нема шанси да ги исполни Британските училишни стандарди.

Но, во спротивност со наодите на извештајот, училиштето остана отворено. Али ги нарече своите ученици „среќни ученици“ и негираше дека го крши законот.

Сегашниот закон вели дека училиштето треба да работи 18 часа неделно за да се смета за полно работно време.

Но, Али вели дека училиштето е отворено само до 18 часа неделно.

Инспекцијата откри дека персоналот чувал книги во кои се вели дека сопругите немаат право да им противречат на својот сопруг и дека родителите треба да ги епаат своите деца ако не се молат на Алах.

Шест од 11-те наставници немале проверки на криминални досиеја, ниту пак имаат вештини да им помогнат на учениците да напредуваат, утврди инспекцијата.

(ББС)

Училиштето во јужниот Лондон соопшти дека наплаќа 2.500 фунти годишно за ученик и за време на последниот преглед имало запишано 45 деца.

Али изјави за програмата за Би-Би-Си на Викторија Дербишир: „Ги учам 15 години и видов како на децата им треба различен пристап и тоа што се обидуваме да го направиме.”

„Ова е причината зошто верувам во она што се обидуваме да го направиме затоа што видовме многу резултати кај нашите деца.“

Зборувајќи за книгите, Али рече: „Не верувам дека пронаоѓање на некои книги или параграф од таква книга, значи дека одиме против основните британски вредности … затоа што нашите деца и нас, ние пораснавме во британското општество и исламските вредности се и Британски вредности“.

 

Остави коментар