Главните светски медиуми се купени и корумпирани од Сорос и работат против сите слободолјубиви народи и во корист на глобалофашистите. Сите имаат исти вести кои им се испраќаат како директива, и сите сакаат да ги уништат суверенистите и патриотите. Си признаваат и самите нивни врвни ѕвезди, секако дури откако ќе се пензионираат! Затоа ширење и споделување на вистината од независни и слободоумни непоткупливи медиуми!
БиБиСи е пристрасен во трансродовите и мигрантските дебати, изјави довчерашниот водител на програмата „ Денес “ изјави за време на Литературниот Фестивал во Челтенам за пропагандистичката позиција на Би-Би-Си. 76-годишникот додаде : „Јас лично верувам дека не постојат неограничен број родови. Верувам дека сме родени мажи и жени. Се чувствувам загрижен кога им се кажува на децата во училиштата дека има повеќе од 100 различни пола и дека е можно некој да менува пол преку ноќ“.
Како можете да ги прашувате мали деца дали се чувствувате можеби девојче или мислите дека можеби сте момче и да им нудите на таа возраст медицинска помош и операции, вели Хамфрис.
Веднаш по пензионирањето, Хамфрис изрази олеснување за ослободувањето од „полицијата на мислите во БиБиСи“ за која тој тврди дека „се обиде да ја обликува нацијата во сопствениот глобално-либерален-левичарски имиџ“, и покрај обврската од законот дека јавниот сервис да биде избалансиран и непристрасен.
Во мемоарите кои се серијализирани од Дејли Мејл, 76-годишниот Велшанец го откри „големиот страв на БиБиСи од политички коректната полиција и групите за притисок“ и како активно учествуваше во лoбирањето против “катастрофата“ на гласањето на британскиот народ за напуштање на Европската унија во 2016 година:
„Утрото по референдумот во ЕУ се беше поинаку на работа. Брексите победи – и тоа не беше очекувано во Би-Би-Си. Ниту беше она што Би-Би-Си го сакаше.
Не видов насмевки кога се појавија големите шефови. Ниту еден обид да се преправаме дека ова е нешто друго освен катастрофа.
Нивните изрази беа исто толку грозни како и изгледот на лицето на еден фудбалер, кога ѕвездата на неговиот тим го промаши пеналот што ќе им го донесеше купот. “
BBC Veteran: 'Kremlin' Style 'BBC Thought Police' Want to 'Mould' UK In Liberal-Left's Image https://t.co/AMGn9sQMms
— Breitbart London (@BreitbartLondon) September 22, 2019
Хамфрис, рече дека Би-Би-Си на сличен пропагандистички начин покривал прашања како што се масовната миграција и како напорите на Робин Ајткен, ветеран новинар на БиБиСи, да состави досие во кое ќе се потенцира начинот на кој БиБиСи корпорацијата ја подржа агендата на левицата и беше сесрдно и безсрамно про-ЕУ“ беа пречекани најпрво со молчење, а потоа и со упатство да “си ја затвори муцката“.
Хамфрис не е првиот ветеран на Би-Би-Си што ја истакна пристрасноста на корпорацијата. Питер Сисонс, кој ги водеше главните вести на БиБиСи повеќе од една деценија, изјави во 2011 дека анти-патриотскиот „начин на размислување“ е „во сржта на Би-Би-Си, во неговата ДНК“.
„Досега најпопуларните и најчитани весници во БиБиСи се безсрамните глобалистички мегафони „Гардијан“ и „Индепендент“, откри тој. „Продуцентите рутински земаат од овие весници вести за да се инспирираат кои теми да ги покријат“, рече тој.
„Во подоцнежните фази од мојата кариера, секогаш кога барав од продуцентот краток преглед на некоја вест или приказна, ми беше давана копија на „ Гардијан “ и да ми кажат ете читај „се ти е таму“.
Какво копито мајко мила!
Не бре, вие не станавате Советски мегафон туку си останавте наци-фашисти и си терате Гебелсова пропаганда, вие само можете да сонувате да ги достигнете достигнувањата на некогашниот Советски Сојуз, па дури и во пропагандата, фашисти и нацисти не можат да станат Совети алоооооо 21 век сме, а вие и понатаму терате со гебелсова пропагнада од пред 50-70 години. Преку екперимент наречен Северџистан извршивте етноцид врз еден европски народ врз Македонците, такво нешто не правеа Советите ами нацистите и фашистите како вас, затоа не се занесувајте дека сте се надраснале самите себе, не вие бевте и останавте нацисти и фашисти!