Вака ќе биде и во Македонија на било кои следни фер и неукрадени избори! Патриотските партии ќе ги збришат корумпираните и продадени на туѓи интереси НАТО/ЕУ папагали!
ЕУ пак потврдена како гробиште каде завршуваат нелегитимни неизбрани глобалисти како Туск, Могерини, Хан итн, поразени во своите сопствени земји и плукани од своите сопствени народи!
Владејачката Партија на правото и правдата (ППП) не само што ги победи глобалиститите на нелегитимниот Доналд Туск, туку го зголеми својот удел на гласови на националните избори, и покрај тоа што партијата ППП беше жестоко напаѓана од Европската унија и глобалистите.
Патриотската национална конзервативна партија,чија програма е „далеку од неолиберализмот, и подеднакво далеку од социјализмот“, обезбеди доволно гласови за апсолутно мнозинство во Сејмот на Полска и ја збриша левата глобалистичка граѓанска платформа / Граѓанската коалиција (ПО / КО) основана од неолибералниот претседател на Советот на ЕУ Доналд Туск.
Новата популистичка партија Конфедерација на Слобода и Независност, основана од Јануш Корвин-Мике исто така, направи изненадувачки пробив со својата платформа на намалување на даноците, евроцепцептизам и обновување на смртна казна за најопасните криминалци, надминувајќи го прагот од 5 проценти потребен за добивање на поголем број парламентарни претставници.
Партија на Правото и Правдата постигна огромен успех и покрај долгата кампања за нејзино поткопување од страна на Европската унија и највисокиот суд во земјата, составен од судии кои Партијата Право и Правда ги сметаат за непотистичко наследство од времето на комунизмот.
ЕУ се судри со Партијата на Правото и Правдата од моментот кога овие ја поразија партијата на Туск во 2015 година, кога национално-конзервативната влада ја поврати одлуката на претходната администрација за укинување на задолжителните квоти за редистрибуција на мигрантите на ЕУ.
По ова, ЕУ интервенираше многупати во внатрешната политика на Полска, обидувајќи се да ги саботира политиките, вклучително и нејзините судски реформи и одлуки како на пример онаа за намалување на возраста за пензија за жените како некомпатибилна со правото на ЕУ.
Но, недемократските обиди на ЕУ да ја наметне своја волја на полската влада и помогнаа на власта да победи – како што беше случај и со други држави членки и премиери, како што е на пример унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Полска уживаше силен раст во време на ППП и стана првата посткомунистичка држава која постигна статус на „развиен пазар“. Пратеникот на партијата Доминик Тарцински својата изборна кампања ја опиша како фокусирана на „идентитетот“ и „безбедноста“ – детална во однос на граничната безбедност и мигрантската криза, која може да се реинтензивира. Прочитај повеќе тука: Турција и Порача на ЕУ: Молчете оти ќе ви ги Отвориме Портите за 3,6 Милиони Мигранти и 70.000 ИСИС Вахабисти!
„Ние не сакаме Полска да биде само парче земја. Ние не сакаме ниту една друга земја да биде само парче земја и ознака на картата“, рече Тарцински, бранејќи ја одлуката на партијата да ја зголеми поддршката за мајките и да го елиминира данокот на доход за младите, а не да го следи советот за економски раст преку масовна миграција.
„Полска е многу повеќе од самата земја. Ние сме Полска и тоа мора да го негуваме, мора да се бориме за тоа, мора да се грижиме за тоа, мора да размислиме за иднината“, вели тој.
Poland: regional breakdown of IPSOS late poll shows that PiS (ECR) has gained all around the country, most importantly in northern warmińsko-mazurskie region, former KO (EPP|RE|G/EFA) stronghold. pic.twitter.com/V8lcdk52lg
— Europe Elects (@EuropeElects) October 14, 2019