Зачудувачки развој во клучниот северен сириски град Манбиџ со молскавична брзина, се повторува кукавичкото бегање како од Сајгон, Виетнам и како што тргна од Манбиџ и Рака, бившите засолништа на САД-спонзорираните Исил, и дека бегањето ќе продолжи и од целиот Блиски Исток и од целиот Балкан, заклучно со Бондстил! Пентагон потврди дека е во тек предавање на градот на Руските воени сили, во време на турскиот воен напад врз регионот. Ова се случува неколку часа откако претседателот Трамп твитна дека Асад „сака природно да ги заштити Курдите“ и дека проблемот треба да им се остави на локалните власти.
Доцна во понеделникот главната американска база во Манбиџ беше снимена напуштена од американските сили, а исто така беа забележани и американски конвои како набрзина како се повлекуваат од градот кога во него влегоа сириските национални сили. Сето ова се случува по историскиот договор во неделата меѓу сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите и владата на Асад, постигнат под водство на Русија. Newsweek известува за следниве настани :
Американската армија почна забрзан излез од северниот град Манбиџ во Сирија, и им го остави на Русија да воспостави пункт таму во услови на турските обиди да се поразат курдските сили подржани од Пентагон на оваа стратешки важна локација во Манбиџ, Њусвик дознава.
Сириското национално знаме во понеделникот се истакна во повеќе градови претходно држани од курдскиот СДФ поддржан од САД и беше сè уште нејасно каква е улогата на Русија во сето ова. До понеделник се појавија широко распространети гласини дека руски авиони кружат над клучните гранични пунктови каде турските сили гранатираа курдски позиции.
Извештајот на „Њусвик“ сугерира забрзан развој на настаните кој јасно се води според рускиот договор меѓу сите страни, а кој изненадувачки вклучувајќи ги и САД, очигледно :
Висок официјален претставник на Пентагон изјави за Њусвик дека американски персонал, „откако подолго време биле во областа сега си заминува и соработува со руските сили кои брзо да се движат низ овие претходно небезбедни области“.
https://twitter.com/AylinaKilic/status/1184024379421802496
И портпаролот на американската коалиција сега ги потврди голем дел од извештаите на Њусвик, објавувајќи „намерно повлекување“ од Манбиџ и североисточна Сирија, велејќи: „Ние го напуштивме Манбиџ“.
https://twitter.com/OIRSpox/status/1184076626205777921
Ова секако ќе ги оневозможи про-турските сили да го заземат градот, а веројатно е дека Ердоган можеби уште од самиот почеток бил запознат со руските планови.„Во суштина тоа е примопредавање“, продолжи службеникот до Newsусвик „Тоа е брз излез (бегање) и сè се прави за да земеме што е можно повеќе наши работи додека уништуваме секаква чувствителна опрема која не може да се земе со себе“.
Локалните снимки емитувани од РТ го покажаа моментот кога се повлече колоната на американските сили од Манџиб и се размина со камион полн со трупи на сириската армија, кој се движеше на спротивната насока.
Зачудувачки е што претседателот Трамп очигледно го наредил брзото предавање на територија на руските и сириските национални сили, што веројатно ќе поттикне побрз крај на сега веќе над осумгодишната војна.
Во меѓувреме, се чини дека по пет години и Рака сега е повторно под контрола на сириската влада.
Raqqa. the Islamic State's capital for three years before US & SDF forces drove it out, is back under Syrian government control – witnesses. Military vehicles driving around.
— Liz Sly (@LizSly) October 15, 2019
Ова се случува во време кога Белата куќа ги одобри санкциите кон Турција поради „дестабилизирачките активности“ поврзани со нејзината „Операција мировна пролет“ во североисточна Сирија.