РОДИНА: Кривично Гонење на Сите Замижани Политичари и Фирмите кои Горат Канцероген Отпад во Македонија!
Сподели на социјалните платформи:

Реакција Родина,

Канцероген отпад се согорува во Македонија со децении

Британскиот Гардиан далечната 2001 објави за подарокот на британската влада за печка за согорување опасен отпад која не функционира според стандардите на ЕУ и која испушта токсични супстанци, а која завршила во Македонија.

Новинари кои сакаа да направат сторија за увоз на токсичен отпад во Македонија од Италија имаа смртни закани по себе и своите семејства.

Кој е мотивот за увоз на таков отпад ?

Бизнис, личен профит за корумпираните и компромитирани институции, од царина до инспекторат, влада. Едната страна која извезува профитира со тоа што нејзината земја се ослободува од тој тип на отпад кој е прескап да се согори во нивните земји, а другата страна профитираат политичките структури и корумпираниот систем, а народот добива канцер, загаден воздух и прикаски за загаденоста од други извори и поскапа нафта.

Излезот не се манипулативните програми на корумпираните политички лева и десна „елита“ во чие време се увезува тој отпад со замајување на народот со субвенции за печки на пелети, инвертори итн….

Излезот е кривично гонење на сите вклучени во овој бизнис од царина, до инспекторат и политички елити и одземање на стекнатиот имот.

Родина посебен акцент во својата програма има за заштита на природната средина, точка 26 од програмските цели, Чиста и заштитена природа, заштита на водата, почвата и воздухот со строги македонски регулативи.

Реформа на државната администрација и нејзина професионализација, каде нема да има место за корумпираните структури кои во континуитет го ставаат во опасност животот на целото население.

Прочитај повеќе овде: Македонија Стана Депонија за Горење Увезен Токсичен Отпад! Корумпираните Елити Трујат Цел Народ за Колнати Пари!

Остави коментар