РОДИНА: Задолжително и Итно Укинување на Неуставниот Закон за Јазици по Одлуката на Венецијанската Комисија!
Сподели на социјалните платформи:

 

Родина ја поздравува одлуката на Венецијанската комисија за неуставноста и нелигитимноста на октроираниот закон за употреба на јазиците на територијата на Република Македонија антиуставно донесен од страна на квислиншката власт, пишува во соопштението на Родина Македонија.

Родина смета дека законот за јазиците кои е донесен од страна на квислиншката власт со кои се бара целосна примена на албанскиот јазик на целата територија на Република Македонија е неуставен и не е во духот на европското право и политика и воедно преставува вовед во федерализација на Република Македонија.

Од тука ја поздравуваме одлуката на венецијанската комисија, а воедно и ја охрабруваме да донесе одлука за неуставност и нелегитимност на овој закон не само во поглед на уставот на Република Македонија, туку и во поглед на Европското право. Европското право како и европскиот систем не познава држави од унитарен карактер како Република Македонија кои имат два официјални јазици,освен оние држави кои се федерации. Европското право и европската пракса признава само примена на правото на јазиците на малцинствата во една држава, само во оние места каде што тие се во мнозинство, се разбира и во тој поглед има ограничување до каде може да се примени правото на употреба на јазиците на малцинските групи.

Од ова гледна точка сметаме дека одлуката која е на пат да ја донесе венецијанската комисија во врска со насила наметнатиот закон за употреба на јазиците како не уставен и спротивен во поглед на уставот на Република Македонија и европското право е сосема легитимна и исправна.

1 thought on “РОДИНА: Задолжително и Итно Укинување на Неуставниот Закон за Јазици по Одлуката на Венецијанската Комисија!

  1. Зарем не мислите дека многу поедноставно и поефикасно решение е да го испратиме целиот состав на Уставниот Суд на еден заслужен, долг и бесплатен одмор во Шутка!
    На тој начин со еден куршум ќе утепуеме два Зајца, а што е уште поважно на идните картел-судии би им предочиле што ги чека ако не работат според закон и Устав!

Остави коментар