Под наслов: На Балканот, митинг против западната окупација на 01.10.2019 година, за Македонскиот Референдумски марш и ТРИТЕ НЕ како обврска за секоја идна Македонска власт, пишува Максим Карпенко во Киев за порталот Политнавигатор.
Во Скопје, главниот град на Македонија се одржа митинг против влез во НАТО , ЕУ и против промената на името. За „ПолитНавигатор“, зборува Андреј Родионов, шеф на Меѓународното социо-политичко движење „РУСОВ“.
„Настанот беше организиран по иницијатива на новата локална партија Родина, која сега се регистрира. На собирот учествуваа и други патриотски македонски организации. Главниот услов беше да не се користат нивните политички знамиња, само знамињата на Македонија.
“Повеќето луѓе што учествуваа на митингот ја подржуваат Русија и Евроазиската унија. Учесниците демонстрираа затоа што властите во Македонија водат политика против волјата на народот. Сите патриотски сили се обединуваат во коалиција против западната окупација и марионетата на Западот – нелегитимниот инсталиран премиер Зоран Заев“, рече Родионов.
Според него, акцијата собрала околу 2000 луѓе. „Ова е значителен број на луѓе во Македонија, во кои вкупното население е околу 1,5-2 милиони луѓе“, смета Родинов.
„Немаше судири со полицијата, но имаше многу полициски огради во центарот, околу зградите на владата. Митингот беше договорен, известување беше дадено однапред “, рече тој.