Вчерашниот марш од пред ЕУ на илјадници некорумпирани и непоткупливи патриоти во услови на окупација, репресија, цензура на Хунтата и саботажа на скопената дпне и нејзините бинаџиски инсталации, ги порази сите на купче и излезе смело и гласно со клучната порака: Ова е Почеток на Спроведување на Народната Референдумска Волја – НЕ за НАТО, ЕУ, не за Преспански и други анти-уставни договори – ОБВРСКА НА СЕКОЈА ИДНА МАКЕДОНСКА ВЛАСТ!
Една година по Референдумот од 30.09.2018г за пристапување на Македонија во ЕУ/НАТО со промена на име, народот излезе на улица да ги потсети узурпаторите на власта во Македонија но и нивните шефови за својата одлука, ТРОЈНОТО НЕ ЗА ЗАПАДНИОТ ФАШИЗАМ. Од овој настан можеме да издвоиме неколку клучни работи:
- Се повеќе Македонци ја сфаќаат штетата која ФАШИЗОИДНИТЕ ЕУ И НАТО со помош на нелегитимната влада ја прават на македонскиот народ.
- Искривената фаца на окупацискиот управник, З.З., говори дека ниту тој повеќе не верува дека некој сеуште се надева на блескавиот живот кој по налог на окупаторите тој го ветуваше на народот во замена на идентитетското самоубиство.
- Кога се правеа подготовки за инсталација на оваа хунта, тогашната власт на дпне ниту малку не се обиде да ги заштити народните институции од перверзната багра, но затоа сега хунтата ги штитеше фашистичките претставништва, со два реда ограда, дистанца од 20-30 метри и невиден број на специјалци напикани по ќошињата спремни да го удрат сопствениот народ. Таканаречени вмровци, клиентела на дпне воопшто немаше.
- Бинаџиите се стопија и исчезнаа во масата изворен патриотизам, понуда има, побарувачката е слаба, научи народот да препознава скапани тикви. Останаа само оние најефтините на бинаџиската тезга.
- Има надеж за Македонците и Македонија. Народот не ја признава северна, ниту нејзините продукти и се профилира јадо на бескомпромисни непоткупливи сили.
Дваесетината изнемоштени луѓе кои ја завршија претходната сезона на протести, пријатно се изненадија од околу 2000 храбри Македонки и Македонци кои им се придружија на вечерашниот протест. Во услови на окупација, медиумски мрак, силна западна пропаганда, полиција на секој чекор, притисоци на/за работни места за гола егзистенција и скап социјален инжинеринг, вечерашниве херои блеснаа со сиот свој сјај. Народот ги потсети окупаторите за својата волја дека не сака никакви интеграции никаде, ако за тоа услов е откажување од својот идентитет, а посебно не во фашисоидните еу и нато.
Заев веќе одамна знае колку е саатот, дека е време за бегање, но двата реда на метални барикади и до заби наоружаните полицајци кои беа построени покрај нив, но и растојанието на кое беа поставени од фашистичките дувла кои ги бранеа, говорат за стравот на окупаторот. Еу и нато се исплашени од народот како никогаш до сега. Низ цела Европа народот си го враќа својот суверенитет, а низ светот војските на нато и нивни сојузници губат фронтови од босоноги селани. Време е да се бега, но каде? Фашистите секаде губат.
Каде се вмровците? Се прашуваа сите на протестот. Мицко го нема, нем е за македонските работи, на немците им служи. И само последните од верното му членство сеуште доследно го следат. Ако Љубчо го трасираше патот кон македонското разнебитување а Груевски преку подрум во Пржино го донесе Заев во владата, Мицко сега верно го довршува. Толку од лажната вмровштина на скопеното дпне. Народот конечно сфати дека двете партии на кои се потпираше го изиграа. Едните (сдс) ја продадоа душата на ѓаволот и се обидуваат во Македонија креираат поголем пекол од оргиналниот, а другите (дпне) верно им служат. Поѓаволска коалиција не можеше да се направи. Парите украдени од народот само си ги пренесуваат од сеф во сеф, а скапите јахти само го менуваат капетанот. Народот гладува.
Лажните патриоти, платеници на ѓаволската коалиција, мали ѓаволчиња, популарно наречени БИНАЏИИ, се појавија и сега. Едниот, качен на бината и спремен како натегната пушка да испукува патриотизам со корфишеци, вратот го истегна неможејќи да го здогледа крајот на народната поворка, а другиот како искината избледена крпа која единствено за бришење на под се користи, пред да биде фрлена, висеше на полициските барикади и бледнееше уште повеќе од стотиците шестнаесеткраки сонца кои народот ги носеше. Овој пат не успеаа да го поделат и заведат народот, и да ја насочат народната енергија на погрешно место. Народот се освести, ги препозна. Не си ја заработија дневницата. Сметката ќе им остане празна.
НИКОГАШ СЕВЕРНА, САМО МАКЕДОНИЈА ечеше низ улиците на Скопје, а златно-жолтите бајраци насекаде се вееја. Народот не сака во еу и нато. Западниот мит за благосостојба и демократија е срушен, ги видовме сета западна беда и современ фашизам.
Вистината е таа, а иднината сами си ја создаваме.
Вчерашниот марш од пред ЕУ на илјадници патриоти во услови на окупација со клучната порака:
Почеток на Спроведување на Народната Референдумска Волја – НЕ за НАТО, ЕУ, не за Преспански и други анти-уставни договори – ОБВРСКА НА СЕКОЈА ИДНА МАКЕДОНСКА ВЛАСТ!#Македонија #Бојкотирам pic.twitter.com/gvUR8ZHS0w— Коложег.инфо (@KolozegInfo) October 1, 2019
Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!