Иако Напуштени од Политичките Калкуланти, Ние Сме Пиреј, Ќе Издржиме и Победиме! – Херојот Ошавковски!
Сподели на социјалните платформи:

 

Не забораваме на нашите патриоти кои после 27ми Април се арчат по затвори апсени од окупаторската Хунта и напуштени од скопената квазиопозиција која си ги заборави своите чеда и ги нарече криминалци. Затоа на 30-ти Септември, понеделник во 18:30 пред ЕУ, ги одбележуваме историските Три Референдумски НЕ како обврска за секоја идна власт и со донации за нашите браќа кои се уште скапуваат по затвори и за нивните семејства. Ќе ги ослободиме и прогласиме за Народни Херои!

Во продолжение објавата на нашиот херој патриот Оливер Ошавковски од Штипскиот затвор каде лежи без вина освен лјубов кон Македонија:

Сè може да му одземете од човек освен последната човекова слобода, право на избор на став во какви било околности и ситуации, особено правото на избор на сопствениот пат. А нашиот пат е Македонија, ослободена од коруптивната и предавничка Хунта која е донесена на власт од надвор, на сила и со притисоци, а не по воља на нас Македонскиот народ. Можеби некој подлегнал на притисоци, мислам на политичарите кој секојдневно си подигруваат со нашите животи и судбини. Не користат во нивните дневно политички калкулации.

Со судбините на семејствата на сите Уставобранители и Патриоти кој си ги чекаат своите најмили чеда. А тоа е најтешко и најмачно! Ама ние сме научени на тешко. Ќе издржиме! Кај нас нема калкулирање и нема подлегнување на притисоци.

Кај нас има само едно :
Љубовта кон својата татковина
Република Македонија!!!

Колку и да е тешко и мачно да бидеме Македонци,ќе си повториме.

Ние сме Македонци и се гордееме со тоа. Се гордееме со нашата историја, со нашето опстојување во сите времиња и невремиња. И сигурен сум дека и натаму ќе опстоиме! А ќе опстоиме !!!

Затоа што ние сме Пирејот !!!

И на крај ќе победиме ,тоа да ви биде јасно!!! Сме победувале и порано а победиме и сега !!!

Ќе победиме затоа што не води чиста мисла и имаме чисти души !!!
#Македонија #Вечна
#НикогашСеверна
#Верни #На #Македонија

 
Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар