Криза е, секаква и насекаде. Духовната криза на виделина ги извади просветлените, но за жал потече и река од бедотија, река од души паднати носени од низ вековите насобрани македонски клетви. Ги носи на чистилиште. Благодарение на духовната криза економската јасно ги покажа оние со многу пари и оние без пари. Благодарение на духовната, политичката криза како никогаш до сега на брегот ги исфрли предавниците, фолирантите, профитерите, кариеристите и сета импровизација од човеколики суштества што во овие транзициски води некако пловеше 30 години. На светлиот хоризонт останаа да пловат ретки, тивки, скромни, кротки но истрајни херои. „Блажени се кротките, бидејќи тие ќе ја наследат земјата“.
Ова накратко би бил описот на случувањата во Македонија, општо, но и поединечно за секој еден настан, случка, собир или некаква организација. Од оваа македонска законитост не успеа да избега ниту најновиот најавен собир на Македонците за 30-ти овој месец, а во чест на македонскот непокор изразен со силниот бојкот на фашистичкиот референдум од истиот датум пред една година. Освен оддавањето на признание на македонскиот народ за херојското ТРОЈНО НЕ на западните фашисти, овој собир предвидено е и да биде изразување на револт против организаторите на современиот македонски геноцид, расипаната политичка елита на ЕУ и САД, но и нивните локални извршители, т.н. македонски власти.
Од вакви слични протести и собири, во претходните години, сфативме неколку работи за кои е вредно да се потсетиме од превентивни причини:
1 Ниту еден протест не ја постигна целта, спречување на наметнатата, ненародна, недемократска власт да продолжи со растурање на Македонија и уништување на Македонците поради разединетоста на народот и немањето на конкретна цел.
2 Претходното се случи поради непријателското дејствување на уфрлени поединци и групи кои одработуваа за исти непријателски центри како и предавничката политичка квазиелита против која се дејствуваше преку протестите и разните акции.
3 На овие протести гледавме поединци кои многу добро ги користеа бините поради финансиски придобивки (некои од иселениците, некои од странските амбасади а некои од партиските штабови) но имаше и такви кои тоа го правеа поради своите суети и неостварени амбиции.
4 На овие протести видовме групации и организации кои се обидоа да се наметнат како спасители на народот и да го завземат местото на досегашните властодршци кои сега се со изгубен кредибилитет пред народот. Но не успеаја, бидејќи работеа за истите непријателски фашистички центри, а народот сега веќе добро го согледува тоа.
Македонскиот народ повеќе не трпи предавници, фолиранти, профитери, кариеристи и друга импровизација од човеколики суштества, кои преку пренасочување, потиснување или уништување на народната енергија ќе се обидат да го релативизираат народниот гнев против непријателите но и гордоста за успешниот бојкот минатата година.
Не смееме да дозволиме отсега да бидеме манипулирани со старите методи и актери кои и овојпат ќе се обидат да ја пренасочат целта, да го свртат вниманието, да се качат на бина и да глумат спасители.
Протестниот марш е закажан за 30.09.2019 година во 18ч 30 мин пред претставништвото на ЕУ во Скопје. Истиот е со цел да се искаже револтот пред претставништвото на ЕУ против фашистичката политика спрема македонскиот народ и држава но и да се одбележи годишнина од ТРОЈНОТО НЕ, НЕ ВО УЕ, НЕ ВО НАТО НЕ ЗА ПРЕДАВНИЧКИТЕ ДОГОВОРИ СО СОСЕДИТЕ, со подоцнежен марш до пред Собранието на Македонија, кое за жал е неуставно окупирано од оние кои ја згазија волјата на народот.
Протестниот марш е на македонскиот народ, и е иницијативата од анонимни патриоти, гласноговорници на народот. Пожелно е носење на македонското знаме, тоа забранетото од фашистите, шестнаесеткракото сонце.
Сите поединци и групации кои ќе се качат на бина со цел себе промовирање како организатори и месии, сите истакнувања и поврзувања со протестот на партиски и организациски симболи, знамиња или пароли, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ГИ СМЕТА ЗА ПРЕДАВСТВО и ќе бидат впишани во списокот на загушувачи на народната енергија.
Не ја злоупотребувајте народната мака за лични цели. Непријателите добро ги знаеме, како и нивните локации.
Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!