Мултиполарната понуда на Путин до Саудиска Арабија доаѓа во време кога се повеќе земји почнуваат како Турција на пример да го напуштаат скапиот рекет на НАТО кој не само што дава килави резултати, туку и ти диктира да водиш самоубиствена национална и економска политика. Хутите во сандалки со уривањето на Саудиската економија во напад со дронови покажаа дека Глобалофашистичкиот Цар е Гол и неспособен да те заштити.
Аналитичарот Тим Кирби пишува дека глобалниот исламски тероризам е универзално признат како денешна голема закана и беше оправдување за сите видови промени, особено за војните на Западот по 11.09. Исламските терористи веруваат во вахабизам, кој настанал и се шири од Саудиска Арабија. Изненадувачки е што САД и Саудијците биле и сè уште се стабилни сојузници.
Саудискиот вахабизам се протега и до Русија (а да додадеме и во Македонија каде властите дозволија Саудиско влијание, оџи, џамии со појачала, екстремна нетолерантна идеологија, која нема врска со домашниот ислам во Македонија). Русија и поранешните делови на нејзината територија се едни од најголемите жртви на вахабизмот и сè уште се борат со него до ден-денес.
Сепак претседателот Путин вети дека ќе ги заштити од воздушни закани преку снабдување со врвната С-400 одбранбена опрема на Русија. Значи, се поставува прашањето според која логика би сакала Русија да работи со Саудијците кои ги поддржуваат идеите што ги убиваат Руските граѓани? Краткиот одговор е Мултиполарност.
За време на Студената војна видовме две големи сили со огромни сфери на влијание што ја делат планетата меѓу себе. Оваа биполарна (во буквална смисла) структура ги принудуваше сите од страната на Америка да бидат капиталистички западен стил и сите од страната на СССР да бидат комунистички. Значи, за секоја комунистичка револуција што успеа да ја зголеми сферата на влијанието на Москва, се зголеми додека се намалуваше она на Вашингтон.
Сега во 21-от век оваа динамика е многу поразлична со тоа што единствената Суперсила се бори против сите кои го оспоруваат нејзиниот статус, што значи дека секоја нација што подлегнува на Вашигтонскиот статус кво е победа за Монополалрноста, додека секоја нација која започнува да дејствува во свој интерес или под влијание на некој друг освен САД / НАТО / Западот е победа за Мултиполарноста.
Ова е причината зошто денес, за разлика од времето на Студената војна, Русија има политика да биде отворена за соработка со секој што е подготвен без оглед на идеологијата. Секако за време на Студената војна САД и Советскиот Сојуз би работеле со земји надвор од нивната политичка теорија до одреден степен, но сега Русија е ослободена од оптоварувањето на комунистичката идеологија и на тој начин е слободна да се здружи со секој и Москва е подготвена да работи со секого затоа што секоја нација која се искачува на високо ниво на суверенитетот создава уште една пукнатина во монолитот на Монополарноста.
Ова е причината зошто Москва соработува со Турција, која на моменти беше многу агресивна кон нив, пукаше врз руски авион, отежнувајќи го Руското ослободување на Сирија, работеше против интересите на Асад и Русија во регионот, и отвораше турски универзитети низ делови од поранешниот СССР за да го оспорува руското културно влијание. Сите овие звучат лошо, но Москва има поголема и поважна цел, и воздржаните Турци, и покрај тоа што се во НАТО, почнуваат да вршат притисок за помоќна суверена про-турска надворешна политика, што иако е делумно лошо за Русија, во целина е огромен чекор кон Мултиполарен свет која Русија го гради со Кина и другите.
И ова е логиката што важи за Саудијците. Точно, саудискиот вахабизам и подржување вахабизам, доведоа до смрт на многу луѓе што зборуваат руски јазик низ целиот свет, но мултиполарната мисија има предност, со што Путин им понуди на Саудијците да купат руски системи С-400 затоа што „Нашата Руска воздушна одбрана може да ве заштити, како што направија и Турција и Иран“ и дека „Овие видови на системи се способни да одбранат секаков вид инфраструктура во Саудиска Арабија од секаков вид напад“.
Сирија и Турција се двете главни Мултиполарни победи на Русија, па можеби според зборовите на Путин постои навестување дека и Саудиска Арабија би можела да се качи на бродот на Мултиполарниот светски поредок со купување на овие одбранбени системи. Засегнатите С-400 може да се користат за одбрана против локалниот сосед, но би можеле да претпоставиме дека масовно поставување површина-воздух најдобро би се искористило и за одбрана против НАТО, која е единствената сериозна закана за лансирање ракети против вас.
Во извесна мера е многу можно дека оваа понуда на претседателот Путин на страните индиректно одговорни за големо страдање во Русија, всушност е покана во Мултиполарниот свет.
Саудиска Арабија е исклучително важна арапска нација на Блискиот исток кога станува збор за постапките на НАТО, но ништо не трае вечно. Саудијците имаат нафта а малку вистински средства да се одбранат, а во исто време подржуваат идеологија која е демонизирана од мејнстрим медиумите на запад скоро 20 години, подготвувајќи го Западот со веќе готова причина да ги пушти Саудијците низ вода кога ќе им се посака и кога ќе дојде време. И точно стравот од Американска агресија или пуштање низ вода би можел да ги присили Саудијците да се придружат на Мултиполарниот тим, пишува авторот Тим Кирби преку Фондацијата за стратегиска култура.