Честит 8-ми Септември Македонијо! Повторно ќе те Ослободиме! Ни Една Окупација не Траела Вечно – РОДИНА!
Сподели на социјалните платформи:

 

 

Во 1991 година македонскиот народ на референдум се изјасни за самостојна, независна држава Македонија, матична и единствена држава на македонскиот народ. Овој чин представуваше крунисување на вековниот стремеж и борба на македонскиот народ за свое место под сонцето, за слободен живот за рамноправност во светот.

Последната официјално призната окупација на Македонија била за време на втората светска војна. Но ова само за вардарскиот дел, останатите сеуште се окупирани.

Во таа официјално призната окупација, окупаторот, фашистичка Германија, преку своите балкански послушници Албанија, Бугарија и Грција, ја управува Македонија и ги тероризира Македонците.

Сегашната окупација повторно е од истите актери. Преширока, иако преочигледна, е темата на светско ниво, затоа ќе се задржиме само за вардарскиот дел, или официјално Република Македонија. По прогласувањето на независноста од југословенската федерација во 1991г, во Македонија западниот фашистички окупатор веднаш ги активираше своите стари структури, но овојпат преку стратегијата и тактиката на современата специјална војна, за разлика од 1941 г. кога се водела конвенционална војна, а со помош на Албанија и Албанците директно од една страна, но и со помош на Бугарија и Грција индиректно преку финансиско разузнавачка логистика. Албанците не учествуваа на референдумот, со што уште тогаш го изразија својот непријателски став кон Македонците, кој низ годините до денеска се потврдува во континуитет.

Домашните предавнички структури, петтата колона, со која западниот фашистички блок ја растури Југославија, со несмален интензитет продолжи да ја растура и независна Македонија. И самиот Глигоров на референдумската прослава, на плоштадот Македонија пред масата Македонци, независноста ќе ја честита со обраќање до „граѓаните и граѓанките на Македонија“ а не до Македонците и Македонките, што многу потсеќа на денешниот фашистички вокабулар, а подоцна и отворено ќе зборува за Македонија како Швајцарија на балканот, како синоним на поделено општество и нематична држава на народите кои живеат во неа.

Низ годините што следат потоа, бевме сведоци како низ разни демократски шарени лаги и ветувања, двете доминантни македонски партии, во соработка со окупаторот и неговите испостави, ќе го разградуваат и уништуваат македонското национално ткиво, на сметка на локалните фашистички соработници.

Македонците денеска се свесни како никогаш досега за овие состојби и покрај медиумскиот мрак и манипулациите, како и целокупниот социјален инжинеринг што се спроведува врз нас. Македонците денеска се организираат во нови и неизвалкани организации и партии. Геополитичката карта во светот забрзано се менува на штета на современиот глобалфашизам, а на корист на сите слободољубиви народи. Наше е да останеме свесни за тоа што сме, да бидеме истрајни и посветени во саоорганизирањето и формулирањето на нашите интереси и да бараме сојузници во заедничката борба. Македонија на Македонците.

П.С. Во прилог на текстот неколку факти кои не смееме да ги заборавиме.

1 Во егејскиот дел грчката држава потпомогната од западните сојузници, ги палела македонските села и протерала Македонците.

2 Тортурата врз Македонците од грчката држава продолжува да трае и после втората светска војна, во т.н. демократска европа под мониторинг на водечките западни т.н. водечки демократски држави. Истата не престанува и сега.

3 За време на фашистичката окупација, тука управувале балистичките одреди и бугарската војска

4 Денеска и покрај процентуалната застапеност од само 10%, албанското малцинство управува со над 50% од државните ресурси, а застапеноста по администрацијата и органите надминува 70%.

5 Првиот лидер на едната од доминантните партии, некогашен премиер, сега пребеган и заштитен во Бугарија, негира постоење на Македонците и јавно заговара поделба на Македонија. Направи катастрофални отстапки кон малцинствата, на сметка на македонскиот народ. Ги донесе нато војските како логистика на терористите од 2001. Не разреши ниту еден грабеж врз македонскиот народ направен во осумгодишниот период пред него. Не осуди никого на национално предавство.

5 Вториот лидер на истата партија продолжи со отстапките кон малцинствата, не разреши ниту еден грабеж и криминал направен врз македонскиот народ и држава направени од претходните власти. Не осуди никого за национално предавство. Власта неуставно ја предаде на докажан криминалец и терорист (закана на премиер е терористичка активност кон една држава, а сите тоа го видовме на снимка). Истиот избга во земја членка на нато, дувло на сорос.

6 Третиот лидер на оваа наводно патриотска партија, го изманипулира македонскиот народ да остане мирен во моменти кога мирно требаше да излезе на улица и да спречи растурање на сопствената и единствена македонска држава. Шурува со западните глобалфашисти и чека од нив мандат за идна фашистичко-окупаторска влада.

7 Активистите на оваа наводно патриотска партија сеуште се клањаат на лидерот чија слика ќе биде обесена на ѕидот во нивниот партиски штаб.

8 Другата поголема владеачка партија направи пустош од македонската економија, ги ограби Македонците, изврши економски геноцид. Т.н. транзиција усмрти многу стечајци, растури многу фамилии, настрадаа генерации македонски деца. Нивни министри се расфрлаа со куфери полни грчки пари, мафтаа со скапи грчки поклони, го продадоа Шестнаесет кракото знаме, направија отстапки спрема соседните окупатори и малцинствата во државата, на штета на Македонците. Територијално ја распарчија Македонија со цел полесна торура врз накедонското население од страна а нагресивните малцинства. Сега (само на хартија) го продадоа името, го укинаа постоењето на македонскиот народ, ја распродадоа историјата. Повторни милионски куфери. Народот гладува.

9 Сведоци сме на стари, новоповампирени политичари, соработници на окупаторскиот систем, кои заговараат учество во окупационата власт. Секоја соработка со окупаторските власти се смета за непријателска активност спрема сопствениот народ. Не постојат фер и демократски избори организирани од нелегална и неуставна власт. Нема фер борба кога гласачките ливчиња ги печатат и бројат странските слуги.

10 Низ македонските вени сеуште тече македонска крв. Македонските срца бијат се посилно. Слободата се наѕира во светот, а темните фашистички сили ја губат моќта. Предавање нема. Сплотете се браќа за конечно да ја ослободиме Македонија.

Преземено од РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

2 thoughts on “Честит 8-ми Септември Македонијо! Повторно ќе те Ослободиме! Ни Една Окупација не Траела Вечно – РОДИНА!

  1. Macedonia, actually haven’t Democratic Government since the SDSM + Coalition got control over the country !?!? Why ? Because, from the very beginning they were ***MORONS*** lost in real politic, and now they are ; ***** ” ZOMBIE-like WeGovt.- DEAD Walking Body , and the whole Zombie – Government have ***TEFLON COATED BRAIN*** and ***ZOMBIE – Minds.***** . This’s the WORST Political Situation in REPUBLIC OF MACEDONIA , and the only ***** Solution is the Revolution ***** with one aim to have New Parliament Elections in the Republic of Macedonia. ### ***** NEVER NORTH … ONLY MACEDONIA ***** , ### *****OUR NAME IS MACEDONIA ***** ; ### *****NOTHING STAYS HIDDEN FOREVER ***** , ### ***** NOTHING STAYS “IN FORCE” FOREVER IF DONE “BY FORCE “. . It’s not a matter of CAN’T, It’s a matter of WON’T ! The most people in Republic of MACEDONIA is “FEED UP” with this “ZOMBIE – GOVERNMENT”. It’s high time the people of MACEDONIA to start to BREATH AGAIN THE AIR OF FREE MACEDONIA. ** ******** LONG LIFE THE REPUBLIC OF MACEDONIA / РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ************ .

  2. Dami i Gospodo te. BRAJKA i SESTRI MAKEDONCI od RODINA Povtorno Ve PRASHUVAM :
    1) DALI e Registrirana Politichka Partija vo Sudskiot Registar pod toa Ime “RODINA”
    i ako e: Ve Molam Objavete go PARTISKIOT STATUT, PARTISKATA STRATEGIJA i PARTISKATA PROGRAMA za da Znaeme za Kogo Glasame na Slednite Predvremeni ili Redovni Parlamentarni Izbori
    2) Ako NE E REGISTRIRANA Ve Molam Odgovorete:
    2a) Dali Imate Namera vo SKORO VREME da go STORITE TOA, ako NE, Kazete ni ZOSHTO ? I KONECHNO:
    2b) Ako Ne PLANIRATE da ja REGISTRIRATE kako Politichka Partija Vo = MKD-SUDSKI REGISTAR = za da Imate PRAVO da Izlezete so IZBORNA PROGRAMA, STRATEGIJA i KANDIDATSKI LISTI za PRATENICI na Narednite Predvremeni ili Redovni Parlamentarni IZBORI.? TOGASH ke ve Molam PRESTANETE da Ne ZAMAJUVATE so Frazi So KOJ Im SE TOPLI SRCETO na Sekoj VISTINSKI PATRIOT MAKEDONEC, a Svesno ili Ne Svesno ODRABOTUVATE za DUSHMANITE na MAKEDONIJA i MAKEDONSKIOT NAROD….

    So Pojavata na RODINA se Rodi ISKRA NADEZ za IDNINATA na MAKEDONIJA, no AKO NE SE Registrira i Etablira kako Partija so SITE SALTANATI za da Uchestvuva na IZBORI i taa Mala ISKRA NADEZ ke ZGASNE i site Nie sto ja SAKAME MAKEDONIJA ke zapadneme vo Ushte Pogolema APATIJA RAZOCHARANI pred se od DPMNE a za se-de-seto od Mnogu Odamna Znaeme deka E NE-MAKEDONSKA, pa taka Ke ODRABOTITE Golema Rabota na Chadorot (CIA+MI 6+ EU=Deep State) po Nivnoto Scenario Preporachano od ONOJ Izrod Burcheski=TESLA
    DA ZIVEE MAKEDONIJA SPOLAJ VI

Остави коментар