Македонија на својот евроатлански пат која го оди веќе трета деценија, започна како Референца во ООН за да задоволи една земја членка на еу и нато, иако беше државен конститутивен елемент во Југословенската федерација, се откажа од сопственото знаме и стави ароманско знаме (search: aromanian flag), се откажа од малцинствата во соседството, се откажа да брани сопствена територија при напад на терористички организации, фалсификуваше попис и бројка на малцинство, територијално се реорганизираше, сето тоа под менаџмент на западната меѓународна организација и со изговор дека патот кон нато и еу нема алтернатива.
На 30 септември 2018, евроатлантистите со Референдумот и грубата специјална војна која ја поведоа во медиумскиот простор, „видните“ гости од западот, полнење на кутии, пробаа да ни наместат самоубиство, а ние креиравме излез врз кој ќе ја кренеме Новата Република.
„Северна“ е геостратешки проект на службата на Зоран Заев, со која тој се закануваше од чистачка до премиер во Македонија, дека ќе ги јаде живи, тој кого го црпнале од нива и кој денеска има сила, затоа што западните служби го одбрале да го спроведе геноцидниот проект „Северна“.
СЈО е компонента од западниот геостратешки геноциден проект „Северна“, како што е и невладиниот сектор предводен од Соросовата армија, сите навлечени на грантчиња и бело, УЧК терористичка организација стационирана во западниот меѓународен протекторат Косово со базата Бонстил од каде беше и нападната Р.Македонија во Диво Насеље и вечно привилегираната каста на Власти, кои постојано се во врвот и покрај криминалите кои ги извршија врз целокупното општество, односно антимакедонската темна држава, опозит на Македонија, Македонци, Македонско.
Со ова ја добиваме рамката на Северна, која е целосно отпадната од народниот интерес, од Уставот на Р.Македонија, од меѓународното право и законите и која е геостратешки проект на западната евроатланска заедница со евроатланските измеќари во Македонија.
Основна функција на СЈО во западниот геноциден проект „Северна“ беше да стигне до 2/3, преку уцени со обвиненија кон пратеници од ДПМНЕ кои беа забраздени длабоко во криминали.
Видовме на коперативноста на целиот состав на ДПМНЕ, кој го одседна целиот процес на кревање на Северна, иако Претседателот на Собранието е изгласан на диво, надвор од собраниска седница со кревање на 2 раце, како и државниот удар врз изборните резултати и вољата на народот.
Каков профил на луѓе се потребни за регрутација од страна на странската служба на Зоран Заев за реализација на оваков геостратешки геноциден проект „Северна“ каде треба да се избрише милениумски стремеж на македонскиот народ ?
Токму сите тие актери во случајот Рекет, СЈО и инсталираната хунта, се профилот кој е регрутиран за уривање на Р.Македонија и инсталирање на „Северна“ од страна на службата со која Зоран Заев се закануваше по државата. Луѓе без чест и морал, без знаење, неуспешни, отпаднати од родот свој и луѓе кои мислат дека со клечење се станува елита.
Загриженоста денеска на истата таа меѓународна заедница за нивните регрути е тешко лицемерие и ние Македонскиот народ со вашата загриженост немаме ништо, ние бараме одговорност од сите актери во креирањето на геноцидниот проект Северна и демонтирање на Северна, која е неминовен процес.
Родина ќе ве потсеќа на дневна основа за вашата одговорност како западна меѓународна заедница во уривање на уставниот поредок на Р.Македонија, постојаното уривање на македонскиот народ, вашето лицемерие и двојни страндарди и постојано кршење на меѓународното право во Македонија и светот.
Родина деноноќно ќе работи на возобнување на Македонската држава, овој пат крената во македонските духовни, материјални, кутлтурни вредности, научена на лекциите од минатото на убивањето и ликвидирање на видните Македонци, идејата ќе ја пренесе на целокупниот македонски народ.
Македонскиот народ ќе биде 4-от Илинден, тој кој низ традицијата го пренесуваше целото знаење од поколение на поколение.
Вистинска Редржавизација на Македонија и подигање на систем по мерка на светлите принципи на македонскиот народ, тоа е нашиот Вистински Македонски Пат.
Родина служи само на македонскиот народ, на правдата, честа и вистината.
Се друго е променливо, вклучително и западната меѓународна заедница и нивната лева и десна ногавица обесена на жицата на Кале.
Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/
Родина ако сака да го демонтира овој насилно наметнат етноциден проект и окупација на Македонците и Македонија, мора да покаже пред се:
-способност да креира перцепција кај Македонците дека успехот за ослободување на Македонија не е никогаш нема да биде во прашање, дека слободата е основна потреба без која не се може;
-способност да ги обедини сите патриотски сили против постоечките квислиншки елити, без обединување на сите сили и ресурси се ќе биде само пуста надеж;
-способност да поривот за слобода и кај другите кои не се Македонци го препознае и го стави во функција на Слободна Македонија;
-способност да ги антиципира потребите и да ги артикулира на начин кој би бил широко прифатен;
-…
..
..
За почеток Родина нека излезе со јавен повик, а секако нека упати и во писмена форма до вонпарламентарните партии и други субјекти за обединување со стратешки точки за кои смета дека е можна согласност и обединување, како името Македонија, државните граници, човекови права и др. а ние ќе следиме и ќе знаеме кој и колку е сериозен во своите настапи и што се неговите цели!