И Глобалистичката Пудлица Макрон Призна: „Го Живееме Крајот на Западната Хегемонија – Доаѓаат Русија и Кина“!
Сподели на социјалните платформи:

Откако се најде зад сцената по неговата заедничка прес-конференција со претседателот Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон ја искористи можноста да го плукне Трамп и да го прегрне Путин (веројатно по добивањето дозвола од Ангела Меркел).

„Го живееме крај на западната хегемонија“, им рече  Макрон на дипломатите во вторникот, посочувајќи на подемот на Пекинг и Москва, како знаци на промена на светската сцена.

„Светскиот поредок се разниша како никогаш порано…“

„Тоа е потресено заради грешките направени од Западот во одредени кризи, но исто така и од акциите направени од страна на Соединетите Држави во изминатите неколку години – и не само од сегашната администрација“.

Тогаш Макрон уште појасно предупреди дека е „стратешка грешка“ за западните нации да го одржуваат својот сегашен негативен став кон Москва.

Како што забележува РТ , реториката на Макрон кон Москва во последниве месеци прилично омекна …

„Ние или ја туркаме Русија во изолација, што ги зголемува тензиите или ја туркаме во сојуз со другите големи сили како Кина, што не би било во наш интерес“, рече  Макрон, повикувајќи на  „преиспитување“ на односите со Москва.

Во спротивно, Европа ќе биде заглавена со „замрзнати судири“ и ќе остане „театар за стратешка борба меѓу САД и Русија“ , истакна тој.

Овие „стратешки избори“ влијаат врз „конфликтите на Блискиот исток и на други места, со што е неопходно да се преиспитаат воените и дипломатските стратегии“, истакна Макрон. Се чини на некои во Европа им светна дека се оставени на цедило и стануваат мета на евентуален Руско-Американски конфликт.

Иронично, коментарите за Путин на Макрон дојдоа откако американскиот претседател Трамп беше критикуван од повеќето западни медиуми затоа што се осмели да предложи да го покани Путин да присуствува на настанот во Г7 следната година, (на кој Трамп ќе биде домаќин).

Што е чудно затоа што новинарите тврдеа дека клучната работна вечера во Г7 била „уништена“ поради инсистирањето на Трамп дека Русија ќе биде од витално значење за дискусиите :

За време навечерата, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск се спротивставија на барањата на Трамп. Еден присутен дипломат изјави дека вечерата поминала во напната атмосфера: „Повеќето од другите лидери инсистираа ова да биде семејство, клуб, заедница на “либерални демократии” (читај глобалофашисти) и од таа причина тие рекоа дека не можете да дозволите претседател Путин – кој не го претставува тоа – да се врати назад внатре во клубот.  Италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој официјално ја објави својата оставка на почетокот од оваа недела, беше единствениот лидер на Г7 присутен да го поддржи предлогот на Трамп”.

Значи како и секогаш штампање „лажни вести“ од страна на продадените глобалистички медиуми.

Остави коментар