Претседателот Трамп го откажа патувањето во Данска, откако данските лидери ја исмејАа неговата понуда да водат преговори за купување на територијата Гренланд од Данската држава.
Веста дека претседателот Трамп ја откажал својата државна посета на Данска, што треба да се случи следниот месец, дојде откако тој изрази интерес за купување на Гренланд од Данска. Идејата, за која Претседателот рече дека не е врвен приоритет за администрацијата, беше отфрлена како „апсурдна“ од данскиот премиер.
Осврнувајќи се на жестокоста на одбивањето, Претседателот во средата напиша дека „врз основа на коментарите на премиерот Мет Фредериксен, се гледа дека таа нема да има интерес да разговара за продажбата на Гренланд, ќе ја одложам нашата средба закажана за две недели за друго време“.
Претседателот рече „стратешки… би било убаво“ Гренланд да стане дел од Соединетите Држави. Трамп, исто така, вети дека нема да изгради хотел Трамп во еден од малите градови во пропратен со хумористична слика објавена на Твитер.
Но во исто време Трамп покажа сериозност во својата намера и дополнителен притисок врз Данска велејќи дека плаќаат само 1.35% наместо договорените 2% рекет кон НАТО или неговите идни планови за 4%.
Трамп ги постети и другите членки на НАТО дека само 8 од нив плаќале доволно рекет а другите 20 или ќе плаќаат пари или со ресурси како Данска. Овој напад врз емјите членки на НАТО Трамп го почна веднаш по изборот во 2016 година и критичарите на Претседателот ширум светот тврдеа дека тој го ослабнува безбедносниот сојуз
Трамп го искористи како и обично Твитер за да ја исплаши Данска за нејзината скржавост во врска со нејзиниот придонес во НАТО.
For the record, Denmark is only at 1.35% of GDP for NATO spending. They are a wealthy country and should be at 2%. We protect Europe and yet, only 8 of the 28 NATO countries are at the 2% mark. The United States is at a much, much higher level than that….
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 21, 2019