Корумпираните Елити ќе го Шминкаат Изборниот Модел за Купување на Отпорот и Лажните Патриоти – Ѓеорѓиевски Блог!
Сподели на социјалните платформи:

Лажните патриоти ве продаваат за 1 до 2 пратенички места. Козметика во Северна им е доволно! Здомете ги со вашиот патриотизам Солза, Палчо итн, долго не биле на државна цицка, еве плачеа и кај Конобарот Стево, греота се, сите други се опарија врз Македонија а тие не?

Бојкотот на референдумот се состоеше од две компоненти. Едната од нив беше народната енергија, потисната до тогаш од досегашните политички елити, но пресилно и пресигурно изразена преку бојкотот, и покрај страшно големиот социјален инжинеринг. Втората компонента се некои политички организации и поединци, кои наводно беа дел од кампањата за бојкотирање, а ја имаа задачата ја загушат оваа народна енергија и однесат во погрешен правец. Кои се тие поединци, партии и здруженија, и дали е ова така, останува сите поединечно да си процениме. Субјектите кои учествуваа на потпишувањето на коалицијата за бојкот во Континентал на големо зборуваа како после неуспешниот референдум, на 1 октомври ќе го повикаат народот да ја сруши нелегитимната влада. Јас само би прашал што се случи со овој план? Зошто никој од тогашните политички субјекти не ја искористи оваа народна енергија? И зошто еден по еден, на овој или оној начин, со различни изговори, пополека се враќаат во окупаторскиот систем предводен од сдс-дпне? Веројатно затоа што се нивен составен дел, или се пронајдоа како сродни души.

Прво Бачев со фантазијата (изговор пред народот) дека може да добие на претседателски избори, а сега и Солза, со Палчо затскриен зад неа, со молбата (изговор пред народот) до Стево за промена на изборниот модел. Да се разбереме, не е во прашање само изборната единица. Тоа беше изговор само за да се даде легитимитет на Стево и на шминките кои ги планираат сдс-дпне за да го намамат народот на избори. Потребни се промени во изборното законодавство, законот за политички партии, професионализација на судството, изборниот модел, реален попис и пред се поништување на сите нелегитимни договори и закони . . . Но ова нема да го спроведат ниту сдс ниту дпне на барање на солза, палчо или било кој. Ова може да го спроведе експертска влада која ќе дојде на власт по барање на народот, односно по масовна блокада на овој предавнички систем, влада која нема да биде вплеткана во корумпираната западна пајажина.

Еве за каква манипулација се работи, сдс-дпне се договараат да го нашминкаат законодавството со цел народот да биде излажан и во поголем број да излезе на следните избори, затоа што сеуште може да се организира бојкот на системот, народот не прифаќа сопствено погубување. Тука ја ангажираат солза, со палчо зад неа, наводно да побара во име на народот промена, но и да му покажат на народот дека еве и бојкотирачките политички сили ќе мораат да соработуваат и да го признаат нелегитимниот систем. Миленко експресно пишува ода за дпне, дека нема алтернатива. Се реализира пржинското сценарио, народот замаен.
Ако вистински закаше заев да го смени изборниот модел, како што најави уште во 2015 година, а во име на демократското одлучување за погубните одлуки во Македонија, тоа можеше да го стори веднаш откако го наместија на позицијата на која се наоѓа нелегитимно.

И пак да повторам, потребни се вистински промени, а не шминка во изборното законодавство, законот за политички партии, професионализација на судството, изборниот модел, реален попис. Вакви промени може да издејствува народот со блокада и деконструкција на овој окупаторски систем, со експертска влада составена од досега недопрени експерти од политичката корупција и под будното око на вистинската меѓународна заедница а предводена од Кина и Русија со мандат од ОН. На потег сме сите ние, обичните граѓани. На потег сме ние Македонците, затоа што на нас ни ги одземаа основните човекови права, ние мора да се бориме за нив.

ВО ПРИЛОГ НА ТЕКСТОТ ВИДЕТЕ ГИ ФОТОГРАФИИТЕ СО ПОДВЛЕЧЕНИТЕ ДАТУМИ, ОД КОИ ЈАСНО СЕ ЗАКЛУЧУВА РЕДОСЛЕДОТ И ЛОГИКАТА ОПФАТЕНИ ВО ТЕКСТОТ

Боби Ѓеорѓиевски, Скопје, Македонија.

Остави коментар