Со Бацирака и Поклон кај Северџаните Две Колаборантски Солзи ми Капнаа и Се Избришаа од Македонскиот Отпор!
Сподели на социјалните платформи:

Две Солзи ми капнаа, со се Палчо. Легитимитет му даваш на предавник со кој никој не сака да се сретне. Каква воопшто ќар може да има од зборување со Северџански марионетски предавник можете само да претпоставите, никаква. Северџанецот ја искористи Солза за да се слика и да каже еве ме признаваат дури и #Бојкотирачите, а што зборале со предавник не е ни важно за нашава борба ниту пак некого интересира, ниту пак овој паљачо од предавник решава некакви прашања. Без ниту малку да и се насолзат очите една солза, удобно се смести во окупаторската северна фотеља. Падна уште една маска.

Но ништо страшно. Секогаш беше јасно дека Македонија ќе ја спасат само нови неизвалкани и неекспонирани луѓе а не инсталирани или некадарни и асоцирани со бившиот систем. Си се отсејуваат и инсталираните и некадарните и бележаните и оние со багаж од минатите системи кои освен тој систем и цицање на истата наша државна цицка ништо друго и не знаат.

А сега малку повеќе за игрите со исталирани и контролирани квази-опозиции. Поделбата на трудот во општеството, велат го издвоила човекот од остатокот од животинскиот свет. И кај нас, се разбира е присутна. Но проблем е што таа е најприсутна онаму кај што е најштетна, во политичкиот криминал. За жал во приватниот сектор, реалната економија, македонскиот работник е приморан да биде од чистач до проектант, додека газдата и членовите на неговата фамилија се однесуваат како врховни божества. Но затоа образот, во однос на поделбата на трудот, ни го обелуваат политичарите. Помеѓу политичарите тоа многу добро е систематизирано. Кај нив секогаш се знае кој коси а кој вода носи, кој краде а кој стража чува, кој профитира а кој лежи во затвор, кој ја узурпира власта а кој глуми опозиција. Меѓутоа ендемската специфика се состои во тоа што кај нас се појави и опозиција на опозицијата во рамките на окупаторската власт.

За овие триесет години окупација во самостојна Македонија оваа т.н. власт применува спрема народот една добро позната полициска метода. Станува збор за случаи кога сторителот не е познат а мора да се затвори успешно случајот или пак треба да се прекрие сторителот и намести некој друг, се седнува несреќникот помеѓу двајца полицајци кои го испрашуваат. Едниот е груб, лош, вика, се заканува со затвор и вешто мафта со пендрекот, а другиот е професионален, етичен, пријателски настроен, кој еве и покрај маката во која се нашол несреќникот гледа да му помогне некако и да го спаси од клеветата но и од лошиот колега. И баш тој „помагајќи му“ му подметнува таков записник да потпише, со што дебело ќе го заглави во затвор.

Мислам дека не е потребно поголемо воведување во техниката на дел од лажната трета опција во Македонија. Да, за Солза се работи. Во целиот тој хибриден напад на македонскиот народ кој е почнат и трае одамна, но кулминира во последните 30 години и воглавно го спроведуваат сдс-дпне, изложен е Македонецот на лажење, крадење, тепање, прогон, менување на идентитет (со џандарска терминологија кажано „менување на личен опис“). Но покрај лошиот полицаец сдс-дпне, постојано се присутни и по некој добар, кој наводно сочувствува со народот, наводно го брани од лошите сдс-дпне, сака да му помогне да извлече жива глава и на крај со една реченица, еден потпис, една крената рака во Собрание, го дотолчува народот.

Во оваа улога во Македонија видовме многу актери, почнувајќи од Петар Гошев, Тупурковски, Тито, Стевче (сигурно има уште за кои не ми текнува), за денеска сцената да ја превземат Бачев (со учеството на претседателските избори со што ја призна власта за легитимна со се наметнатото име, знаејќи дека нема никакви шанси да ги добие, но надевајќи се дека со Филип може барем малку да ја зголеми излезноста, но тоа е друга тема), Солза која му седна на Стево во узурпираниот кабинет, и фино го замоли да и направат изборен модел со кој самите ќе се тргнат од власт.

Тоа со молба нема да се случи. Само со страв од добро организиран народ може да сменат изборен модел и колку толку мирно да се смени власта. До сега не видовме никој од така наречениот трет блок да гради цврста и стабилна структура помеѓу народот која би се спротивставила на погубните политики на предавничкиот блок сдс-дпне. Гледаме само лажна опозиција на опозицијата, гледаме стражари на крадците, го гледаме „добриот“ полицаец, ги гледаме Солза и Бачев. Гледаме добар блеф пред народот и уште посилен пред иселениците, да падне некој долар, се разбира. Со памук душа вадат, што би рекол народот, грав мешаат месо вадат, народот гладува.

П.С. Останува уште Палчо да се покаже, дали со осуда или како втората солза.

https://www.youtube.com/watch?v=EkGMKx39lvc

 

3 thoughts on “Со Бацирака и Поклон кај Северџаните Две Колаборантски Солзи ми Капнаа и Се Избришаа од Македонскиот Отпор!

  1. Изнесов мислење за нешто со што не се согласувам, едноставно имам поинакво видување. Сметам дека е покрај критиката потребно е и афирмативни написи за појави кои се од полза за Македонија и Македонштината.
    Употребениот вокабулар “бастион“ е претеран се согласувам но е во насочување на погледот дека на политичката сцена во Македонија не остана ниту еден регистриран политички субјект кој јасно и гласно говори дека ќе ги поништи сите одлуки од квислиншкиве инсталации, почнувајќи од рамковниот па до денес!
    Но, како што реков Бачев и секој друг ќе ги има моите симпатии и подршка се додека повикува на протести против квислинзите а за зачувување на Македонија како слободна македонска држава!
    Затоа и го посочив и спомнав Бачев затоа што на таквите треба да им се овозможи простор да се искажат а со тоа и придобијат широка подршка од Македонците.
    Времето за полемики-дискусии е оддамна поминато, време е за акција, за што е потребно знаење, мудрост и пари многу пари, во инсталираниот и контролиран систем каков што имаме ќе биде многу тешко, ако и понатаму се делиме и расправаме меѓу себе Македонија ќе биде засекогаш изгубена за нашата генерација, можеби некоја наредна која ќе има повеќе мудрост ќе умее да ја врати, но што е со нас?

    Во целта која е пред нас, зачувување на Македонија, потребни се сите и извалкани и неизвалкани потребни се сите кои ја сакаат Македонија и им е во срцето. Веќе еднаш реков нашиот проблем не е од идеолошка природа, нашиот проблем е врховизмот и конвертитството, тие петтоколонаши кои управуваат со Македонија, во борбата против нив добредојдена е секоја помош!

  2. Некој постојано си тера своја пропаганда која види мајката секогаш е насочена против Македонија и Македонците. Ќе си речете коинциденција, да амо ако сме несериозни и само уште кога во светот на политиката би имало такво нешто. (ова светот на политиката земете го условно затоа што во наши услови имаме само свет на политичко подземје, “едноставно нели“ светот на политиката е за господарите а не за слугите, улога која ни е наменета нам!)

    И така “глас за Македонија“ се претвори во “глас за Северџистан“ (тие ја викаат република северна Македонија, мене ми е срам па си ја викам Северџистан), само уште да дознаеме дали Солзето ја одигра својата улога со восхит и зошто и таа како и нејзиното семејство имаат толку омраза кон Македонците и Македонизмот!?

    Остана само уште Бачев, не гледам мотив што не значи дека го нема кај авторот погоре, зошто го напаѓа и последнот бастион на Македонизмот во “светот на политката“. По се изгледа повторно се работи за одработување. Не можеме да ја сакаме Македонија а на другите кои исто ја сакаат да им наоѓаме маани зааради нивни политички ориентации, така сигурно ќе останеме без држава, туку треба да бараме сојузник во сите кои ја имаат истата цел Македонија како македонска држава, држава со права за сите кои се тука, но не етнички туку граѓански…

    1. Ви благодариме за коментарот. Овде секогаш жестоко ќе се напаѓаат и разоткриваат сите анти-македонски инсталации како и сите некадарни големи ега кои не можат да извлечат ни 10 луѓе на протест а немаат доблест да си ги разберат сопствените сили вклучително тука и Бачев за кого не пишуваме од проста причина дека не е веќе никаков фактор за воопшто да се споменува. Ако сметате дека треба, напишете текст и ќе го објавиме.

      И да, признаваме, ние сме одработувачи и тоа жестоки и само за еден господар, Македонскиот Народ! И тоа никогаш, никаде и по никоја цена нема де се смени!

      Не се согласуваме со: “не гледам мотив што не значи дека го нема кај авторот погоре, зошто го напаѓа и последниот бастион на Македонизмот во светот на политиката” затоа што во критикуваните не гледаме никаков а камоли последен бастион на Македонизмот, напротив некој намерно некој од некадарност, тие се главните кочничари на Македонскиот отпор!

      Бастион на Македонизмот е единствено Македонскиот Народ кој бара визија и платформа за канализирање на неговиот гнев во конкретна програма, стратегија и визија за Македонија. Само таква визија на прекрасната убава праведна Македонија може да го крене деморализираниот народ, а не само кукање по телевизии како била лоша Хунтата, лоша е знаеме, и што? Што ќе направиш ти што си се зафатил и нафатил да го водиш тој Македонски народ? Ќе го водиш ли заедно со сите слободолјубиви народи во системски промени до национална, економска, финансиска социјална слобода во иднината која не е базирана на поразениот неолиберален модел? Или, сакаш само козметика и ти да седнеш на истото место и да бидеш тој што ќе цица во истиов потрошен политички систем?

      Нашиот одговор е сумиран во: “Но ништо страшно. Секогаш беше јасно дека Македонија ќе ја спасат само нови неизвалкани и неекспонирани луѓе а не инсталирани или некадарни и асоцирани со бившиот систем. Си се отсејуваат и инсталираните и некадарните и бележаните и оние со багаж од минатите системи кои освен тој систем и цицање на истата наша државна цицка ништо друго и не знаат.”

      Поздрав

Остави коментар