На организирање и координирање околу македонското сонце за реализација на македонските вредност, повика Координативното Тело на Македонската Дијаспора!
Во мигови на комплетна транспарентна деструкција на државата и се што е македонско, поткрепено со меѓусебна препирка и обвинување на опозиционите сили, неминовно е ставање мораториум на последниве наведени.
Имено, сведоци сме на секојдневна кавга, навредување и до степен дури и на целосно “ уништување” на противникот иако навидум целта е иста.
А која е целта на Македонците?
-Поништување на Преспа и сите други нелегитимни договори склучени после 27 април;
– Поништување на легитимноста на нелегално избрано собрание со нивниот “ претседател”.
– Поништување на Северна;….
Првата фаза за отпочнување на реализација на погоре наведеното, е секако пад на северните корумпирани и рекетирани зајчиња .
А како тоа да се реализира?
Во оваа фаза неминовно е ако не обединување, бар минимум координирање на сите оние кои ги делат горните постулати и се чувствуваат Македонци. Помалку е важно сето друго коментирање и обвинување меѓу нас .
Колку што ми е познато, од политичката македонска опозиција, не видовме дека е на висина на браникот на македонските интереси во собрание и во други државни институции . Тоа е што е, причините и последиците ни се познати, беспредметно е да се задржиме на тој дел.
Останува како не политичка (официјална во собрание) сета друга сила и организација која го манифестира јавно своето незадоволство и револт против северна. А кои се тие?
Македонија Бојкотира во почеток на референдумот со повеќе здруженија и групи, дијаспората исто така беше дел како и социјалните мрежи за ширење на бојкот референдум. Колку и да се напаѓаат сега меѓусебно, факт е дека се успеа да се победи еден голем процес предводен од надворешниот богат фактор како и зајчевата државна буџетска каса. Тој дел е еден од најважните и секако наше најголемо оружје- Бојкот референдум.
Знак повеќе дека кога се има срце, визија и верба во македонските правдини ништо не може да не победи. Ниту “сиромавиот” Сорос, крвавиот Нато, Дипот и корумпирана ЕУ.
Зошто да не ја повториме истата “ грешка “ ако е во интерес на каузата ?!
Не мора да се сакаме , не мора во се да се сложуваме , нашите разлики да ги испегламе во вториот период откога владетелот ќе биде на коленици и нокаутиран на рингот. Тоа да ни биде првата цел. Не заборавете!
А и не се бара многу, само минимум координираност , секој нека ја тера својата замисленост како мисли и да тежнее во реализацијата на заедничката кауза и цел:
Ослободување на Македонија .
Мораториум на меѓусебни обвинувања до падот и распуштање на владетелот ,
Македонците од Европа и светот ќе ве подржат секој спрема своите македонски локални афинитети.
We can!
За Македонија се работи!
Инспиративен текст, редно е да се продолжи кон повисок степен на организираност и дејствување.
Ако се остане само на декларативни заложби дека сме за Македонија нема да има многу полза и Македонците а и Македонија. Заради распространетост на дијаспората на сите континенти многу тешко е да се истата организира за да делува како моќен фактор во ослободување на Македонија. Постои поделеност која не е производ на идеолошки разлики туку на креирање поделеност помеѓу Македонците потпомогната од службите во тие земји, но како и да е…
Моето мислење е дека оваа координативно тело првото нешто што треба да го направи е да отвори ЕДИНСТВЕН ФОНД за Македонија, кое би се контролирало од нив самите, а кој ќе служи за финансирање активности во медиумската сфера но и за помош таму каде што се води битката во Македонија. Дипломатија+пропаганда без вооружена сила се само празни зборови, така и оваа, ако остане само на создавање на организациони тела без визија како ќе ја водат битката нема да ги даде очекуваните резултати.
Како што има овде Македонци кои се заинтересирани за опстанокот на Македонија ги има и низ целиот Свет, пожелно е да дијаспората им помогне на тие Македонци, затоа што финасиските токови овде се под целосна контрола на окупационите сили и нивните слуги, а и вие самите знаете дека денес во 21 век без средства не може ништо да се направи… Ако изостане помошта од дијаспората, нема да ви замериме сепак и вие потекнувате од тука и вие ја носите истата култура, и тоа нема да не натера да се предадеме или откажеме туку дека ќе почекаме некое подобро време, време на “голем ресет“ кога ќе можеме да си ја вратиме Македонија!