Објавата на Фејсбук ги раскина срцата на секојдневно ограбуваните и финансиски поробени Македонци. И што е најгрозно. Продадените за рака колнети долари мегафони дури се обиделе да речат дека бабичката всушност и не постоела? Да, најверојатно, ние и точно за нив воопшто и не постоиме. Објавата на Даниела Јорданова на ФБ и нејзината реакција на лагите на мегафоните ја пренесуваме подолу.
Зелен Пазар, Скопје, стари жени си донеле набрани билки за чај си продаваат, друга во кофа донела сливи од двор, трета донела кошница со домашни јајца од село…И доаѓаат инспектори со полиција и ги бркаат од пазарот како стока да се, на едната од нив и ја тегнеа кофата со сливи за да и ја земат, на друга и бараа лична карта да и пишат казна…
Да ве прашам вака јавно, дали овие жени од преку 70 години дојдоа на пазар на овие пекол температури, од мака? – Секако дека од мака дојдоа, затоа што да имаа достоинствен живот немаше тоа да го прават.
Млад новопечен инспектор, со трето одделение што те вработиле од некој смрден партиски штаб, на стара жена и ги влечеш кофите и се дереш демек јак к…рац си некој?
Дали мислите бе дека некој нормален ќе ве гласа веќе, вас и некој сличен на вас?!
Македонија е земја искрадена до коска, узурпирана од криминалци, имате неразјаснети убиства, тежок организиран криминал, непотизам од болни размери, очаен животен стандард и бидејќи вие средивте све, ви остана уште бабите од Зелен пазар да ги тегнете.
Едната од нив денес извади од престилката 80 денари и му ги даваше на инспекторот- земи, земи, му рече, за тебе се париве, од чајот ги земав, ама немам казна да платам…
Даниела Јорданова продолжува на својот фејсбук:
Кога го пишував постот за случката на Зелен Пазар, најискрена да бидам – не очекував ама ич дека во толкави размери ќе биде споделуван и коментиран и што е најважно беше превземен од многу портали и инфлуенсери…Очекував да се прочита од моите фб пријатели, да продискутираме малку и толку…Но, нема врска, друго ми е муабаетот…
Како прво постот беше поврзуван со политика и некакви политички поени и наводно само опозициските портали го објавиле. Да ви кажам една работа, јас ако сакам политички постови да пишувам имам толку материјал и аргументи во главава што имам газ со име и презиме овде да прозивам и политичари и партиски активисти и од вмро и од сдсм, а богами и од дуи (намерно партииве со мала буква ги пишувам)! За политика јас не трошам енергија, бидејќи не вреди, а и сите што до сега биле на власт се исти калибар за мене…И дека ви ја кажав жалосната состојба во државава одма помисливте дека од кујната на вмро сум пратена. Мижите и молчите пред фактите и вие и тие пред вас што владееја, мозоците ви ги испраа во штабовите.
Друга работа – некои пишуваа дека постот бил лажна вест. Тоа што го пишува во постот го видов лично на Зелен Пазар со моиве две очи. Отидов да ја земам од таму моја блиска личност, жена во години која продаваше магдонос и кофа сливи за да си купи дрва за зимоска бидејќи пензијата и е многу ниска. Дури мислам дека и не наведов све во постот, како на пример заборавив да наведам дека казната за такво продавање е 50 евра на лице место и дека на една жена и беше речено ако не ја даде личната карта ќе викнат комбе и ќе ја носат во станица. На крај краева, кој сте вие јас да ви се правдам? Одете било кој ден на Зелен Пазар накај 10 ипол-11 сабајле и ќе си видите со свои очи, а можете и самите пазарџии да си ги прашате…Ќе одам и јас повторно некој ден ама тогаш ќе направам видео…Ќе ги снимам и т.н мажи што стојат на страна и гледаат како неми, исплашени и немоќни да се спротивстават. Затоа и ви прават така овие.
Со ваква омраза и поделеност што владее меѓу вас нема никад да се оди напред, ќе тапкате во место и ќе се удавите во соопствената злоба и фрустрација.
Наука, филмови, музика, книги, квалитетни блогови, другарство, кулинарство, спорт- значи има толку убави работи на светот за да трошите енергија…Вие на што ја трошите вашата енергија?
Дури и да сте скептици по природа има начин веродостоен да проверите ваква информација. Но, мора на Зелен Пазар да појдете лично…
Има една поговорка: простата и ограничена глава најсурово суди.