Македонските корумпирани “елити” ќе се соочат со Морална Криза предизвикана од моралната згрозеност на народот од баханалиите на Неофеудалците! Прочитајте го текстот до крај за мал шок за тоа колку Македонскиот Народ не е осамен во својата борба за гол опстанок!
Дури и најзбунетиот, дезориентиран, деморализиран и фрагментиран народ на крајот забележува дека не се наоѓа ниту во топ 1% а уште помалку на врвот меѓу богатите 0,1%. Ајде да претпоставиме дека Македонија ќе се соочи со голема криза во следниов период бидејќи и друг исход со вакво крадење нема. Ова е историска закономерност, секои неколку децении светот и Македонија во него се соочуваат со големи глобални кризи и престројувања.
А каква ќе биде следната голема криза? Некои предвидуваат уште една голема Светска Војна, други предвидуваат уште војни во соседството (Косово, БиХ, итн), а други предвидуваат терористички напад на УЧК, а некои пак сметаат дека колапсот на економијата е неизбежен.
И додека сите овие опции се можни, предпочитам да сме сведоци на случување на еден нов тип на криза, различна од која било во минатото. Морална криза. Криза во која народот ја оспорува власта, моќта и легитимитетот на корумпираните владејачки елити: не само на избраните функционери, туку и на технократите на Македонската корумпирана елита, владетели на криминално приватизирани Македонски народни и јавни добра, финансиери на кичот под маска на благородноста, корумпирани и интелектуално скопени квазиинтелектуалци од МАНУ, универзитетски професори и рент-а-експертутки, зацапаните во световни гревови преждерани и препоени МПЦ раководители кои немаат ни грам духовност и аскетство и кои Христос да стане од гроб ќе ги крене на клоци како што ги расклоцал масите на лихварите во Ерусалим, продадените за рака колнати долари медиумски мегафони кои го спроведуваат и подржуваат валканото предавство на корумпираните владејачки “елити”.
Раздели па Владеј, беше апсурдно лесна стратегија на корумпираната елита за фрагментирање и демотивирање на граѓаните. Детска игра е за владејачките корумпирани елити постојано да промовираат во фокусот на јавноста десетина поделбени прашања преку продадените медиумски претституки, за потоа со ќеф да ги следат конфликтите што ќе произлезат и дополнителното делење на народот во фрагментирани табори кои понатаму уште поситно ќе се дробат со секоја нова медиумска и општествена токсична инјекција на внесени поделби.
Едно прашање кое би можело да го обедини фрагментираното граѓанство е моралната згрозеност на народот: Како што случаите со Јанева, Боки 13, Мијалков, Мукоски, покажуваат, буквално нема граница и крај на забеганото ограбување и експлоатациите и крадењето на нашите Македонски пари од страна на неколкумина привилегирани и од кај Курто и од кај Мурто. Нема лимитврз она што нашите корумпирани владејачки елити можат да го сторат и притоа со апсолутна неказнивост.
Дури и лидерите од феудалната ера имале реципрочна обврска кон своите крепосни слуги; нашето ново Неофеудално Благородство нема обврска кон никого освен кон себе. Болно е и очигледно дека во Македонија постојат два вида закони: политичарите, бизнисмените, банкарите можат да откорнат милијарди евра и никогаш да не одат затвор, а за патриотизам или за ситни долгови се оди затвор!
И што е најтажно во оваа сурова реалност: Сите во владејачката корумпирана елита од целиот политички спектрум одбија да го “видат” криминалот што се случува пред нивните очи и го тргаа погледот на страна. Сите само-наречени “патриоти” во разузнавачките служби, војска, полиција, сите службеници во одделенијата за правда, во судството, во државната администрација, и така натаму и понатаму. Секој од нив знае дека целата класа на владејачките елити е потполно корумпирана бидејќи по дефиниција: за да се обезбеди власт во Македонија, мора да ја продадеш својата душа на ѓаволот, на еден или друг начин.
Како и сите владејачки елити по светот, и Македонските елити се апсолутно сигурни и уверени во нивната власт и долго а и вечно владеење, што ја подига нивната ароганција до порано недосегнати нови височини.
Дека на граѓаните би можеле конечно да им дојде преку ….. глава, на корумпираните самоповикани Неофеудални господари не им изгледа возможно во нивнот царство на заштитени свети крави. Секогаш постои начин некој погласен критичар да се даде на суд, некој начин да се свитка кичма на некој друг “патриот”, начин да се понуди поткуп како например работа в државна администрација или во “филантро-капиталистичка” НВО (не-владина организација) и така натаму.
Можноста дека моралнaта одвратност може да предизвика револт изгледа неверојатна во таква една отуѓена и затворена елитистичка култура. Но погледнете ја анализата во табелата подолу. Дури и најзбунетиот, најдезорентираниот, најдеморализираниот и фрагментиран народ кого го нарекувате “небањат” на крајот почнува да забележува дека не само што не се наоѓа во првите 1%, или на врвот од 0,1 % туку е сосем отфрлен ако фактор освен како плаќач на даноци и казни, од страна владејачките корумпирани елити кои концентрираа невидено богатство и моќ во рацете на неколкумина а на сметка на нас многуте, не само сите нас, туку и на сметка на нашите прапрапраправнуци дури:
Нашите владетели немаат идеја колку од нас веќе сакаат да ги видат сите во затворски кошули, и тие исто така немаат поим колку брзо и навидум неочекувано може да избувне моралната згрозеност на народот од нивното расипано и корумпирано “лидерство”. Скенирајќи го својот збунет и дезориентиран народ од височинити на своето богатство и моќ, тие сметаат дека капацитетот за морален бунт е ограничен, правејќи ги да се чувствуваат безбедни од некаков домашен морален “крстоносен поход”.
Тие, исто така, веруваат дека граѓаните можат и понатаму да бидат фрагментирани, понатаму дезориентирани така што тие ќе продолжат да бидат неранливи. Или, најлошото сценарио, ќе треба да бидат жртвувани неколку особено злобни негативци како Боки 13 и Јанева за да се спасат сите останати корумпирани, по што сите спокојно ќе се вратиме во блаженството на нашата експлоатацијата од страна на Неофеудалците.
Но, тие можеби погрешно го прочитале Македонскиот Народ исто така како што погрешно ја прочитале историјата.
Овој напис кој целосно ја опишува моралната криза на корумпираните елити во Македонија, е едноставно малку модифицирана Македонизирана верзија базирана врз написот за Американската морална криза на авторот Чарлс Хју Смит преку блог на OfTwoMinds, што потврдува колку се идентични предизвиците и борбата за слобода на сите моментално угнетени, експлоатирани слободолјубиви народи кои се креваат бидејќи се исплукани в лице од нивните корумпирани елити, и колку Македонскиот Народ не е осамен во својата борба за гол опстанок.