Агим (Заев) во Заседа на Мечкин Камен – Зоран Курљан Блог!
Сподели на социјалните платформи:

Во оваа година, 2019, човекот коj се одзива на повикот: – “Премиере !”, реши да се поjави на 116- тата годишнина од Илинденското Востание.

Сцената е веќе обмислена . На бината како говорник , ликот , спомнат во првата реченица , а од страните : извесен ,,прима ,, сан-стефански политичар , а од спротива , ахеjски приjател – пољубен од брат , припадник на претходните со- потпишувачи . Источкани ко црева , но за оваа прилика -встроени во хор , во заден план како , бек-фаци , ќе ги видиме: насмевнати лица од останатите антимакедонци од двоглавата -извршна и слепата- законодавна власт.

Се разбира , настанот ќе биде испочитуван и од собраниската опозициjа , за да има континуитет во кооперативноста и броjност на статисти. ,, Вентилаторите ,, ќе вртат , а огромна маса од луѓе , подигнати во ѕид , со свирежи и клетви , и понекоjа ,, песна ,,ќе го проследи говорот , изговорен од трговец – тргаш ,коj по вонсезонско намаление : jа продаде Македониjа , а со особено задоволство , ги продаде за бесцена тие , чие што дело и надчовечка доблест се слави и памети на 2-ри Август. ,,16.000 поли ( и неколку ,, моно ,,) цаjци , во градот Крушево ,ќе го обезбедуваат Агима ( некогашниот Зоран ) ,,- како да заштитуваат државник од душмани клети , а не залутан човек – со збунета ,сима , .

Ова е програмираната реалност за македонската публика. Слика , составена од илјадници револтирани и со насолзени во гнев очи ќе го искажат своето несогласување со анти-политиките на узурпаторите , користеjќи при тоа фрази од богатата ризница на македонскиот фолклор. Ќе се ослободи од гнетот- камен , во градите набран , па да ги покрие гнидите- болвосерки со ,, желби ,, за ,, колена седум ,,…

Но , тоа ќе мине. За неколку денови гнетот-камен пак ќе се зачне , од злодела разни и грабежи без совест. Оваа наша илинденска реалност , низ Светот , ќе протрча , смонтирана од врвни професионалци , за на краjот да биде , намарифетена , во следната иконографиjа : На сцената , високо подигнати раце , со дланки – стегнати во тупаница , ќе се зеленее ,, светлото ,, и ,, наивно , но чесно ,, лице на , Jес Министер , во , шарено , друштво на со – потпишувачите од , донемаjкаде блиските и приjателски ( да не речам – другарски , накаj , братски ) држави + уметникот со насмевка на гладна хиена , репрезент од западниот ни комшиjа.

На малите ( или големите – сеедно ) монитори од умните телефони , планшти , лап- топови и слични направи , cо непринудена гримаса на задоволство , граѓаните на планетарно ниво ќе ги ,,запознаат ,, и коалиционите партнери од не – владата , потоа , ќе ги снимаат однаjблизу : во мера строгите лица на претендентите за власт ( кандидатура : одобрена од либерал – глобалистичките бирократи во Геjропа и САД ). А над сето тоа , неколку илjадно присуство на македонскиот народ , заедно со останатите народности од Републиката , ги виорат македонските знамиња , сегашни и поранешни , и пеат во унисон со ,, Jес Министер , алиас , ,, босото момче од Муртино ,, Умозаклучението на средно – статистичкиот геjропеец , гледаjќи го настанот , обезгласен , секако , ќе биде изманипулирано.

Наместо автентичната аудио лента , гласот на локалниот наратор или пригодна музика ( коjа може да биде немакедонска ) ќе застане наместо гневните крикови : ,, Ах , среќен е народот во ,, С,, Македониjа , со ваков ПМ . Господ им го испрати . Во силен виор , налик на таjфун , го подигна Агим – тогаш уште Зоран , од влажното блато , го заврте силно , до самиот лешник … или орев ко да беше , Абиб само знае . Го ,исплука, сетне во фотељи кожни , со очки рожни – коси да си крепи. А , тие ,, немиените ,, навистина треба да го измиjат од себе минатото…,,- ќе заклучи с.с. Белгиец , помеѓу две голтки потегнати од полу-празната ( каде ли го наjдов овоj егземплар – песимист? ) лименка ,, Крик ,,. Концертите по повод:- Нато – беа боjкотирани, граѓанскит трибини – боjкотирани , референдумот- боjкотиран , претседателските избори – тарминот претходен , коj ми се заканува со тафталогичност.

Нељубеjќи да бидам статист во продукциjа коjа нема гледаност каj многупочитуваната броjна публика , а служи како , кадар , во медиумска борба против нас Македонците , оваа година денот на непокорот , ќе го прославам , со прозата и поезиjата на Рацин , чунки тоа е изворот на Македонизмот , или , Македонштината – ако повеќе милувате.

Послесловие : Почитувањето кон овоj празник е почит кон самите себе . Ама во манифестациjа организирана и режирана од антимакедонците , народот е декор , а декорот нема влиjание врз текот на настаните. Илинден може да се прослави после Илинден , било каде низ Родината Македониjа , во организациjа на македонскиот народ ,партии , здружениjа , движења…сите кои jа љубат Македониjа.

Зоран Курљан

Остави коментар