Обидите на Русија да влијае врз земјите на Балканот и дипломатски да го попречи нивниот евроатлантски пат, се засилуваат, заклучува професор Љупчо Ристовски, доктор на политички науки и доктор на теологија, основач на ИНТЕГРА институт за доблесна и вредносна политика. Дел од таа стратегија на Кремљ, наречена „Мека моќ“, вели тој, е и планот за искористување на религијата како дипломатско оружје во придобивање на православните држави и нивно одвраќање од членство во ЕУ и НАТО.
За ,,патриотот,, Љупчо Ристовски,претседателот на партијата Интегра и божемен противник на Преспанскиот договор со кој се промени името на државата, под директен притисок на ЕУ и НАТО,Путин и Русија се главната опасност за нашата држава, а не НАТО и ЕУ, кои ја издејствуваа промената на државното име, против која тој наводно жестоко се спротиставува. Како е можно во исто време да бидете противник на промена на името а да лобирате сојуз токму со тие кои му кумуваа знае само Ристовски, кој деновиве дури и бара инсталирање на противракетен систем на НАТО во нашата држава, пишува Слободен Свет.
Коложег.инфо пишуваше за ова во фебруари годинава за тоа “кој нормален човек во Македонија сака Антиракетен штит? И против кого, кој нас тоа не напаѓа или ќе не не напаѓа со ракети? Аха, насочан кон блискиот исток? Ок. Оној близок исток од кој САД бегаат со свиткана опашка? И кој е толку луд да сака нашата мирољубива и мирна земја да ја направи ЦЕЛ НА РУСКИ ИЛИ КИНЕСКИ НУКЛЕАРЕН КОНТРА-УДАР? Во наш интерес ли е тоа? Не!”
Погледнете го видеото од нарачаното интервју на шефот на инсталацијата на ЦИА Интегра дадено за Официјалното Радио на ЦИА Слободна Европа од Ноември 2017 година, каде два продадени Македонци “силно се загрижени” а и “ноќој не спијат” за некакво непостоечко Руско влијание а ич не им чуе за разбивањето на нивната татковина Македонија од нивните наредбодавачи.