Пишува: Јанко ТОМОВ. Илинденското востание од 2 август 1903 година негирано и фалсификувано од комунистичките Влади на Македонија и Југославија
Едно е желбата на необразовани Македонски народ кој бил под пет вековно Отоманско ропство, за ослободување и осамостојување, а друго се условите за тоа , кои се зависни од висока наобразба, посебно за користење на историските факти за македонската националност и суверенитетот, за кое мал број Македонци, кои живееле во Македонија и надвор од неа (која била сеуште под Отоманска-Турска окупација), ја дознавале историската вистина. Таа историска вистина, многу пати била заматена од владите на штотуку ослободените кнежевства, на Балканскиот полуостров, каде неколку стотици илјади Македонски емигранти бегалци и протерани од своите домови од Македонија, се засолнуваат и почнуваат или го продолжуваат своето образование.
Со завршувањето на своето школување, македонските емигранти ги заземаат видните раководни функции во околните влади на Отоманска Македонија. Бидејќи овој напис се однесува и за Македонската емиграција во Бугарија, пред, за време и после Илинденското востание, ќе прикажеме колку многу Македонци биле способни да бидат на видни раководни функции во владата и општествените организации во Бугарија и според статијата во „Нова Македонија” од 15 07 2019 година: „Македонија и дала на Бугарија осум министри и дваесет дипломати„.
Ќе се послужам од цитатот, кој е еден од најновите историски факти, колку биле способни Македонските емигранти во Бугарија. Читаме дословно од ова патриотско Македонско списание на Нова Македонија:
„Според Георги Трајчев, Македонија ѝ дала на Бугарија: осум министри, 20 дипломати, 70 депутати, 10 митрополити, 15 универзитетски професори, околу 100 учени писатели и публицисти, 35 уметници, скулптори, оперски пејачи, актери, 30 виши чиновници по народната просвета, 150 магистри и повидни судии и адвокати, околу 100 повисоки административни чиновници, 80 поистакнати лекари, 40 повидни инженери и архитекти, 800 офицери, меѓу кои осум генерали, 31 полковници, 56 потполковници. Во бугарските училишта имало 1.568 учители, 200 духовни лица и околу 5.000 чиновници”.
Правилното знаење за нашата вистинска историја, за Македонската националност и суверенитетот , кое е забележано од времето на Праисторијата, преку Античкиот период, Средновековието и до денешни дни, е овековечен во многу историски книги и написи. Тие многу важни историски факти се уште од стари времиња, од историчари, владетели, филозофи, патописци други антички и современи автори од светот и од Македонија, кои секојдневно се обелоденуваат од археолошките локалитети.
Долгогодишните ропства од Отоманите, а потоа, иако краткотрајни, од соседните штотуку ослободени кнежевства, во 19 век, малку претходно, со појавата на Француската револуција, како реакција од нивната сиромашна угнетувани класи, од страна на богатата класа, кои покрај своите богатства ги окупирале, присвојувале и експлоатирале, богатствата и народите на Северна Африка, а и подалеку од другите континенти. Во истата статија на Нова Македонија, пријатно ме изненади за најновиот факт на авторот, за тогашното постоење , во Бугарија, Македонци водачи на нови политички партии кој се следните:
„Македонците се пројавиле и како водачи на разни бугарски политички партии. Комунистички (тесни социјалисти) лидер бил Димитар Благоев, на широките социјалисти – Петар Џидров, радикалите – Ил. Георгов, либералите – Никола Генадиев, демократите – Андреј Љапчев”.
Горното е моја увертира, со која сакам да ја прикажам вистинската положба, на сфаќањата на Македонските револуционерни лидери на групи и на ВМРО, во 19 век и првата половина на 20 век, каде отпочнува меѓусебното нетрпение и спротивставување еден спрема друг, во основање и активност на револуционерни ослободителни групи и организации во отоманска Македонија. При тоа поврзано е исто така или слично спротивставување и во разделена и поробена Македонија, под околните кнежевства, после Балканските војни и Првата светска војна. А неколку збора и за времето на Втората светска војна, кога најголемиот Македонски патриот и организатор на Првото Заседание на АСНОМ ва 2 август 1944 година, по неа, стана погрешна жртва на комунистичките раководства на НР Македонија и ФНР Југославија.
Македонските револуционери и нивните лидери-челници кои го помагале планирањето, организацијата, спроведувањето и у чествувањето на Илинденското востание, во наредната статија, ќе пишувам поконкретно за нивните имиња и активност во Илинденското востание, што ќе се разјасни Комунистичкиот и социјалистички фалсификат кој го наложија на македонскиот народ до денес.
(Продолжува)