Битката на Ножот Како Смотра на Македонската Патриотска Војска – Македонскиот Дух е Нескршлив!
Сподели на социјалните платформи:

 

Во спомен, во слава и чест на погинатите македонски херои секоја година на 14 Златец (нов стил) на врвот „Ножот“ меѓу селата Ракле и Никодин (на границата помеѓу прилепско и велешко) се одбележуваат годишнините од познатата „Битка на Ножот“.

Навистина во разни битки гинеле и гинат на илјадници луѓе, но погинатите 67 (45 на самото место) комити погинати во борба со турските поробувачки воени сили според начинот на кој што погинале во нас предизвикуваат поголем восхит. Затоа што во оваа битка загинуваат безкомпромисни борци со свесно донесена одлука тука да загинат за со својата саможртва да остават пример кај народот за тогашното и за идните поколенија.

Има разни претпоставки што конкретно ги поттикнало, но несомнено е дека најодлучните ги одбивале повиците за повлекување и решително одлучиле тој ден да ја покажат целосната љубов кон македонскиот народ. Иако дојдени со друга цел одеднаш одлучиле да направат дело кое не се постигнува со животот. Има ли поголем и понеоспорлив доказ за веродостојноста на посветеноста од давањето на животот за целта.

Значењето на оваа битка е што како претставници на поколението кое се кренело на востание со слоганот „Слобода или Смрт“ штом со востанието не била постигната слободата, со својата доброволна жртва изведена во најчист облик покажале дека борците од тоа поколение не зборувале во празно туку биле достојни на начелото. Ако нема слобода тогаш има смрт. Го исполниле христијанскиот идеал изразен со Христовите зборови: нема поголем израз на љубов од жртвувањето за својот пријател.

И еве после 112 години на местото кое неслучајно по Божја промисла го носи името „Ножот“ македонскиот народ претставен преку десетина патриотски здруженија со присуство на жртвеникот на денот на жртвувањето ја потврдува решителноста: МАКЕДОНСКИОТ ДУХ НИТУ БИЛ НИТУ МОЖЕ ДА БИДЕ СКРШЕН. Македонија ќе се ослободи и македонскиот народ слободно ќе живее. Последните години кога повторно се кренаа антимакедонските сили, повеќето истите од пред 100 години и повторно се лажат себеси дека овојпат со здружени сили ќе успеат да го отстранат она кое нив ги измачува. Да го погубат живиот дух меѓу нив мртвите, овој родољубен собир на врвот „Ножот“ доби не само формално туку и суштинско национално значење. Овој собир стана смотра на македонските родољубни сили изразени во разни македонски патриотски здруженија носители на новите македонски борбени предизвици.

Ако непријателите ја освоија политиката, ни ги украдоа стопанските добра, ни ја затруја културата, ни ги парализираа безбедносните сили… ја превзедоа целата државна структура…, ние Македонците претставени преку патриотски здруженија остануваме верни на себе. И ако управувате со сѐ зошто сте пак незадоволни!? Тогаш што ви е проблемот!? Епа самиот народот е проблемот! Народот не сака да се одроди од себе сака да остане верен на она што е. Народот останува верен на својата македонска душа и вие ништо не можете да сторите за тоа да се смени. НА НОЖОТ НЕМА НИКОГАШ ДА БИДЕ ТИВКО!

Така беше и 14 Златец ова 2019то лето Господово. Ќе остане во незаборавен спомен стисокот на раката пружена меѓу браќата од разни македонските патриотски здруженија.

Благодарност за организаторот МПЗ „Патриот“ за извонредната организација.

Посебна благодарност за Сашо Ѓорѓиоски раководителот на МПЗ „Патриот“ за вниманието кон нас претставниците на Братскиот Родољубен Сојуз претставен во здруженијата МОС Македонски Обединети Сили, Христијанско Братство и ТВРДОКОРНИ.

Македонија Вечна!

Срамот за severxhanite!
Македонија на Македонците!

Остави коментар