РОДИНА МАКЕДОНИЈА во денешната реакција жестоко удри врз театарот на апсурдот за оставка или не, избори или не, и илузијата на демократија што ни ја приредуваат платените актери од двете корумпирани Северџански елити ДПНЕ-СДС диригирани од еден ист анти-Македонски центар.
Го пренесуваме соопштението во целина:
И повторно пропагандната машинерија на окупаторската управа, сдс-дпне теледиригирана од остатоците на западните глобалисти делегитимирани од сопствените народи, е вклучена со полна пареа. Темата е нова, поентите стари, глупостите секојдневие. Така наречената опозиција наводно бара оставка од така наречената власт.
Да се потсетиме, дпне, партијата што бара оставка од власта, истата нелегално ја донесе на власт во Пржино. Дпне цело време активно соработува во рушењето на македонската држава и во уништувањето на македонскиот народ кое што го спроведува сдс. Дпне да сакаа да го спречат заев, можеа да го уапсат кога беа на власт, докази имаше, проблеми сега ќе немаше.
Уште полошо, со својата сегашна и претходна попустливост им дава комфорт на предавниците спокојно и без страв да го довршуваат предавството (лажно) надевајќи се дека и во најлош случај, и да изгубат утре, ќе дојде мекиот ДПНЕ кој само ќе ги прекори и погали по главите. Затоа им порачуваме и на предавниците од сегашната нелигитимна власт и на скопената опозиција, дека на македонскиот народ им е доста и од едните и од другите и дека на следните избори ќе победат нови неизвалкани патриотски сили кои нема да галат никого.
Зошто ја потценувате интелегенцијата на народот? На сите нас совршено ни е јасно дека ниту сдс ниту дпне не решаваат кога да поднесат оставка ниту кога да распишат или побараат избори, а уште помалку кога ќе дојдат на власт. За жал за тоа не одлучуваат ниту гласачите преку избори. За тоа одлучува западниот окупатор, оној кој владее со Македонија преку окупаторската управа сдс-дпне. Двете партии на сцената глумат демократија а спроведуваат ропство врз Македонците. Двете партии се само две ногавици од посраните фармерки, кои одамна веќе не ги перат, туку само ги сушат, тресат и луфтираат на калето и пак ги облекуваат на некои нови кловнови. Македонскиот народ живее во ропство. Поробени сме во економска и духовна смисла.
Решението е во реконструкција на политичкиот систем. Сегашниот систем веќе не може да даде подобар општествен резултат само со реформи. Постоечките институции и практика не се совпаѓаат со демократско и праведно општество. Дури и Македонија да има добивка од ЕУ која е самата организација која се разградува таа не би можела да биде реализирана доколку државата нема здрави институции и политички систем. Во целина, балканските земји, вклучувајќи ја и Македонија, немаат видлив раст и развој како резултат на интегративните процеси или членството на поедини земји. Македонија, иако надвор од ЕУ ги има сите можности да ги искористи средствата достапни преку ЕУ. Таа практично е внатре во Унијата без да биде член. Ако тоа е така, државата може и мора да пронајде алтернативен пат за својот развој. Резултати од сегашната асоцијација со ЕУ нема.
Рушење на власт преку нелегално снимени разговори е метода на криминалните западни служби. Тие обучуваа и судии за милиони долари за да прифатат такви снимки. Креираа и СЈО за 4 милиони евра годишно каде криминалот има боја само на една партија. Тоа се служби кои со своите капацитети беа единствено способни да реализираат таква комплексна операција на терен и со истата да поентираат во рушење на македонската држава и Македонците, пропратено со газење врз Уставот, домашното и меѓународното право.
Решението е да си ги засукаме ракавите и да си ги исчистиме дворот и нивите од западното трње кое за овие 30 години не обрасна, и да си посееме наши автохтони житарки и овошки кои најдобро успеваат на оваа клима. Потребна е власт која ќе спроведува закон напишан за македонски услови, а не наметнат од некоја западна држава. Решението е во чесно владеење и почитување на законите. Во такви услови никој нема да може да се заканува со нелегално снимени разговори. Со снимени разговори ги донесоа на власт, сега почнуваат со снимени разговори да ги тргаат. Не е до снимките, до содржината е. А таа е одвратна, како и вашите ликови кога го лажете и крадете народот.
Бидете член на инцијативата Родина
Пристапница за Родина https://www.rodina.org.mk/pristapnica/