Амбасадорке, Добредојдовте во Македонија! А Северна е само Дакота Каде со Геноцид беа Протерани Индијанците!
Сподели на социјалните платформи:

РОДИНА МАКЕДОНИЈА во реакција на поздравното видео на новата амбасадорка на САД во Македонија и порача: Почитувана Амбасадорке, Добредојдовте во Македонија! А Северна може да биде само Дакота, каде што со геноцид вашите предци ги протераа Индијанците!

Почитувана Амбасадорке, добредојдовте во Македонија. Ви благодариме за поздравното видео обраќање, но македонскиот народ во него очекуваше да слушне извинување во име на американскиот народ за грубото кршење на дипломатските кодекси и овластувања на вашите претходници, но и ветување дека вие ќе ги исправите нивните грешки.

Изминативе години, кога станува збор за вашата амбасада, бевме сведоци на непочитувањето и подривање на суверенитетот на Македонија, мешањето во внатрешните односи, непочитувањето на институциите на системот како и попречување во работата на истите, па дури и вмешаност во терористичките активности од 2001 година чии актери станаа ваши миленици и штитеници се до денеска. Иако тие заедно со вашите претходници нелигитимно но со големa радост на истренирани платенички полтрони беа впрегнати заедно со Бејли, Сорос во предизборната претседателска кампања на САД во 2016 со подршка за Хилари Клинтон, а против сегашниот претседател Трамп.

За какво владеење на право говорите? Дали мислите за правото на посилниот кој со воени и економски инструменти го тероризира светот? Дали за вас е владеење на право кога вашиот претходник заедно со неколку свои оперативци во Собранието на Република Македонија, киднапираше, уценуваше, подмитуваше и присилуваше пратеници да ја кренат раката против својот народ?

Почитувана, кога сме кај почитувањето на човековите права, со оглед дека на оваа позиција доаѓате после дипломатска служба кај нашиот јужен сосед, пофалете се со унапредување на правата на Македонците, оние малкуте кои ги преживеаја напалм бомбите на вашите сојузници, оние Македонци кои живеат на своите вековни огништа во егејскиот дел на Македонија без основните човекови права и под силна тортура од грчките власти. За сите оние Македонци кои целиот свој живот го поминаа во прогон, со нечуено нечовечка, нехумана и геноцидна забрана да се вратат во своите домови, веројатно и не сакате да слушате.

Ако тука доаѓате, како што велите, за да создавате „нови“ можности за напредок заедно со тимот на Амбасадата на САД, значи ли тоа дека истиот тим и претходно создавал можности за напредок, но стари? Македонците многу добро на својот грб ги осеќаат можностите за напредок, кои под менторство на вашата Амбасада, се спроведуваат скоро 30 години, а резултатите од нив многу добро се гледаат денеска, уништена држава, уништен народ. Ова ли ли е за вас напредок?

Дали случајно или намерно го испуштивте терминот „демократија“, во време кога вашата држава во светот, исто како и во Македонија, спроведува глобална и поддржува локална тиранија и терор?

Почитувана, тимот на Родина се надева дека сте ги научиле грешките од минатото и очекува да почнете да работите на нивно исправање во рамките на вашите можности. Пристигате во државата Македонија која се наоѓа под окупација на квислиншката владата на северна, благодарение на тимот од вашата амбасада кој со методите на специјална војна, а преку државен удар ја овозможи и спроведе истата. Пристигате во држава со нелегитимна влада, уништена судска власт, нелегитимно собрание и спикер, нелегитимен претседател. Пристигате во држава во која народот е оставен сам на себе. И уште еднаш за крај, Добредојдовте во Македонија, а Северна може да биде Дакота, каде што со геноцид, вашите предци ги протераа Индијанците!

Бидете член на инцијативата Родина

Пристапница за Родина https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

 

Остави коментар