Со “Мојата Земја” на Мицко Јасно и Гласно Потврден Грозниот ДПНЕ-СДС Северџански Дил со Ѓаволот!
Сподели на социјалните платформи:

 

Затоа собирање на сите Македонски патриотски сили околу нови неизвалкани сили и иницијативи! Корумпираните продадени “елити” се минато и во Европа и во Македонија!

Се надевам дека и вие сега разбирате од “Мојата Земја” на Мицко за кого Северџанија е завршена работа и како станавте превеслани Северџани со давањето легитимитет на Хунтата преку гласање на КвазиПИ за Гога Сорос СДС Северџаноска. Или како што веќе пишувавме: Лично Богатење на Мицковски со Директна Подршка од Заев! Затоа ДПНЕ е Замолкнат! – Карапетров Блог!

Јасно, гласно и црно на бело. Појасно од ова не можи да му се објасни никому. Според оваа Предавничка Северџанска формулација „мојата земја„, „на земјата„, а Р. Македонија не се ни спомнува, би требало да ни стани јасно дека цензусоидните гласачи на ДПНЕ на изборите се или гупи како сомови и поседуваат IQ далеку под просечниот или си го продале задникот за бедно работно место во државна адмнистрација каде уште некое време ќе играат солитер додека не ги кренат на клоци дивите кога процесот на крадење на “неговата земја” ќе заврши.

Во честитката упатена до Урсула Гертруд вон дер Лејен за номинацијата за нов претседател на Европската Комисија, Христијан Мицкоски одбегна да го напише името Македонија па наместо тоа напиша ,,мојата земја”.

До г-ѓа Урсула Гертруд вон дер Лејен:
Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ сакам да Ви ја честитам номинацијата за нов претседател на Европската Комисија која треба да ја предводи Европската Унија во наредниот период.
Убеден сум дека со Вашите човечки и професионални квалитети ќе оставите значаен белег во развојот на Унијата, надминувањето на предизвиците како и поблиско интегрирање на државите базирано на европските вредности.
Потпирајќи се на моите позитивни впечатоци од нашата средба во Скопје, убеден сум дека со истиот жар и посветеност ќе работиме за интегрирање на мојата земја во семејството на Европската Унија поради европската перспектива на целиот регион и создавање на оптимизам кај граѓаните и покрај сериозните пропусти, недостатоци во функционирањето на системот кои мора да се надминат.
Ќе продолжиме со несмалена енергија да соработуваме и во рамките на сестринската Европска Народна Партија која со Вашето номинирање добива уште еден значаен сегмент и обврска во градењето на Европската перспектива на сите држави од Европа.
Очекувам во блиска иднина да имаме можност за наша заедничка средба, која ќе даде силен импулс во односите и ќе биде во интерес на европската иднина на земјата.

Така сега драги мои ВМРОвци а заблудани ДПНЕвци сега издриблани како сомови да станете соучесници во дилот спакуван од душманите на Македонија со гласање за Гога Сорос СДС (не можела јадната против Преспански ви кажуваше в очи), сепак можете да се радувате на фактот дека вашата Северџанска и лесно-пеперутеста балерина Мирјана Најчевска, позната како “Земјанката” си доби свој пар во вашиот лидер глувчето Мице кој исто така ви стана “Земјанец”.

Само уште да не заборавиме, на кого тоа понизно а и напразно му се упикува “Земјанецот”? На Мерсула! Новиот Претседател на Европската комисија, Урсула Гертруд вoн дер Лејен, е најголемиот залагач на мигрантската политика на Меркел, поточно на Сорос, поради која се сроза рејтингот на сестринската ЦДУ и уште полошо се наруши безбедноста на Германија и ЕУ.

1 thought on “Со “Мојата Земја” на Мицко Јасно и Гласно Потврден Грозниот ДПНЕ-СДС Северџански Дил со Ѓаволот!

  1. За Х.М. и неговата улога во растурањето на Македонија пишував и јас како и многу други. Од сето тоа може да се види дека не се работи за инцидентни видувања туку дека има едно големо мнозинство кое реално гледа на состојбите.
    Ако е така, а така е, зошто не може да дојде и не доаѓа до создавање на Македонски Фронт против сите видови на изроди и велепредавници. Еве веќе 3-4 години отворено се растура Македонската држава и се врши ЕТНОЦИД врз Македонскиот народ, тоа го прават лица психопати како ЗЗ и ХМ, тие отворено, инаку психопат е човек кој може да поседува и натпросечна интелегенција но кој има високо развиени примитивни мозочни функции (тнр анимални функции) а повисоките кои се својствени за ЧОВЕК ги нема, како да се спротивстваите на такви? Прво, треба да можете да ги препознаете затоа што се тоа луѓе кои се меѓу нас и со нас но заради онаа натпросечна интелегенција се во состојба тоа вешто да го прикриваат и да се претставуваат како јагне а всушност се волци во јагнешка кожа!

    Но, да се вратиме на овој ХМ кој ако ги вреднуваме неговите велепредавнички подвизи во ништо не заостанува зад ЗЗ само што овој е многу поопасен затоа што има подобра екипа и некоја ганглија повеќе…
    Внимавајте овој успеа да превесла над 300.000 Македонци на последните ПИ за Северџистан, и ден денес не можам да разберам како му успева тоа… со многу мои познаници и блиски се расправав дека овој со повик за излегување на тие ПИСеверџистански всушност одработува против Македонците и Македонија, а според многу показатели за Бугаристан (повеќе од 30% членови на дпсне се со бугарски пасоши што ќе рече со булгарски корени и самосвест) но тие жестоко се расправаа со мене и ја говореа нивната вешто смислена партииска пропаганда, од една страна ги сожалувам ама не можам да им помогнам, … како што е познато на човек на сила не можеш да му дадеш – на сила можеш само да му земеш, а кога се работи за разум за овие е доцна таму и Бог рекол лека ноќ!

    Постојано преку медиумските проститутки и сервисите за социјален инжењеринг се напаѓаат и се смислуваат разни гадости против секој оној што, ЈАВНО ЈАСНО и ГЛАСНО ќе РЕЧЕ ДЕКА Е МАКЕДОНЕЦ И ДЕКА ОВАА ЗЕМЈА Е МАКЕДОНИЈА, па така на Јанко Бачев му се замера дека работел во безбедносни служби (како да е тоа нешто лошо па работел за македонски служби ане за странски како што тие прават), на Палевски му се смислува блискост со пдземјето додека тие во исто време го водат политичкото подземје, Тодор Петров му се смислува се ис ешто а што е многу лесно затоа што овој е пак цел живот во политиката и има прилично модифицирани ставови ама никогаш кога се работи за Македонија и Македонците, за Мирка Велиновска,… за Грчева (кутрата е снаа во семејство каде има еден грчки нацист..) и така поединечно за секој се смислува гадости од кои нормален човек добива дијареа…
    Политичкиот театар кој го креираат е со цел сите нас да не замолкнат со нивата смрдеа!

    Играат и го користат факторот ВРЕМЕ, но тој е меч со две острици, и во прва прилика кога некој ќе рече гласно МАКЕДОНИЈА, како Стојанче Стоилов, овој насобран социјален и патриотски набој и гнев може да прерасне во бура која ќе ги однесе сите во канализација каде што им е местото.

Остави коментар