Самитот Г-20 во Осака – Погреб на Неолибералните Глобалисти и Раѓање на Праведен Мултиполарен Свет!
Сподели на социјалните платформи:

Агендите на меѓународните самити, како што е состанокот на Г-20 во Осака, се разработени однапред преку долги и тешки преговори на високи дипломати и експерти. Агендата на самитот, нејзините теми и клучните прашања за кои ќе се дискутира во него не може да се менува за еден ден, а уште повеќе не е можно тоа да го направат еден ден пред самиот самит. Но токму тоа го направи Владимир Путин на Г-20 во Осака.

Лидерите на земјите од Г-20 полетаа во Осака на Самитот на Г-20 а си заминаа од погреб – погребот на западниот либерализам. За да ја потврди точноста на оваа проценка, доволно е да се забележи дека Доналд Трамп беше прашуван токму за оваа тем на која западните медиуми и посветуваат максимално внимание наместо на пример на резултатите од преговорите за трговската војна меѓу САД и Кина. Медиумите се натпреваруваа да ја критикуваат или поддржат позицијата што рускиот лидер ја идентификуваше во своето интервју за “Фајненшл тајмс” на ден пред самитот и на неговата прес-конференција на маргините на самитот на Г20.

Претседателот Владимир Путин, во интервју за “Фајненшл тајмс”, го објави крајот на ерата на либерализмот. “Либералната идеја” “ја надживеа својата цел” оној момент кога јавноста во западните земји се крена против имиграцијата, отворените граници и мултикултурализмот, рече рускиот водач.

Според него, либералите во последниве децении се обиделе да ја диктираат својата волја кон светот, но направиле многу трагични грешки. Путин ја цитираше како пример одлуката на германската канцеларка Ангела Меркел да прими повеќе од 1 милион “сириски бегалци” а всушност мигранти од целиот свет. Тој го нарече “погрешен” пристапот на Меркел и го спореди со позитивниот пристап и волјата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се обидува да го спречи протокот на мигранти и трговија со дрога од Мексико велејќи:

“Оваа либерална идеја стана застарена. Таа дојде во конфликт со интересите на огромното мнозинство на населението …

Оваа либерална идеја претпоставува дека … мигрантите можат да убиваат, ограбуваат и силуваат неказнето, бидејќи нивните права како мигранти мора да бидат заштитени “.

Ова го потврдува и Американскиот коментатор и бивш политичар, Патрик Бјуканан во својот напис Путин е во Право. Либерализмот го Загуби Светот, продолжувајќи: “либералната идеја стана застарена. … (Либералите) не можат едноставно да диктираат ништо на никого, како што се обидуваат да ги направат во текот на изминатите децении.

Путин, исто така, ги гледа социјалните ексцеси на мултикултурализмот и секуларизмот на Запад како симбол на неуспехот на либерализмот.

Една недела откако ЛГБТ ја прослави по светот својата парада, Путин изјави:

Дали заборавивме дека сите ние живееме во свет врз основа на библиските вредности? … не се обидувам да навредувам никого затоа што сме осудувани за нашата наводна хомофобија. Но, ние немаме проблем со ЛГБТ лицата. Не дај Боже да се мешаме, нека живеат онака како што посакуваат. “

Путин додаде: “Но, некои работи ни изгледаат претерано. Тие сега тврдат дека децата можат да играат пет или шест родови улоги “.

На ова реагираше познатиот англиски пејач, Елтон Џон и се прогласи за “длабоко вознемирен”.

Путин не се повлече: “Нека бидат сите среќни … Но, не смее да се дозволи ова да ја засени културата, традициите и традиционалните семејни вредности на милиони луѓе кои ја сочинуваат основната мнозинска популација”.

Едно од најзабележните прашања кои Путин ги засегна во прес конференцијата во Осака и кое доби широко одобрување од патриотите на цел свет (видете ги само коментарите под видеото) беше она за обидот на ЛГБТ да го наметне нивното учење врз децата во градинките и училиштата за што Путин им порача на ЛГБТ критичарите “оставете ги децата настрана”, нека пораснат па после сами ќе решаваат!

https://www.youtube.com/watch?v=3rAU62JkPzs

 

За стратешките резултати од Самитот Г-20 за Русија прочитајте повеќе од анализата на Руслан Хубиев: Зошто Трамп е наш сојузник во борбата против најдлабоката држава во светот која ја пренесуваме во продолжение.

Светската Г-20, која првично беше создадена како вид на дополнување на Г-8, во последниве години цврсто се етаблира како главен формат на комуникација меѓу големите сили. Во тоа, како и многу други одлуки на Западот, руското исклучување од Г-8 беше одлучувачко.

Г-7 веднаш дегенерира во аморфна и небитна структура – кралски двор на САД, кој се состои од администрацијата на Белата куќа и “шесте” од нејзините трансатлантски сателити. Во неа останаа само седум претставници на Франција, Англија, Германија, Италија, САД, Јапонија и Канада додека надвор останаа не само Русија, туку и Кина, Индија, и ред други големи сили.

Во Г-20, напротив, е формиран спектар на сите клучни учесници, што ја прави оваа структура не само порепрезентативна, туку и навистина ефикасна и одлучувачка. Како резултат на тоа, вистинската конфронтација и развојот на решенија се одвиваат токму таму, што беше потврдено од неодамнешниот состанок на рускиот претседател и шефот на Соединетите Американски Држави на самитот Г-20 во Осака, Јапонија.

Г-7 е остаток од минатото, каде што Вашингтон, губејќи го хегемонизмот, лицемерно претендира да продолжи да владее со планетата, Дваесетмината се во суштина вистинскиот “совет на директори” на мултиполарниот свет, покажува сегашниот формат.

Путин-Трамп

Состанокот меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп на маргините на самитот во Осака беше прв во 2019 година, и дефинитивно е специјален, со оглед на совпаѓањето со завршувањето на двегодишната истрага на Милер за “заговорот на Трамп со Русија”. Еден и пол часа преговори за најважните теми со било каков исход може да се сметаат за успех, особено ако се земе предвид намалените на минимум други линии на комуникација меѓу шефовите на Белата куќа и Кремљ.

Се разбира, сегашната ситуација има свои недостатоци, особено откако претходните состаноци на Владимир Путин и Доналд Трамп секогаш доведуваа до влошување на руско-американските односи. Поточно, влошувањата беа намерно предизвикувани од внатрешните противници на Трамп од “длабоката држава”, со цел да се спречи натамошно зближување и затоплување на односите меѓу Вашингтон и Москва. Трамп и самиот не заостануваше, сакајќи со тешки одлуки да ја демонстрира заблудата на овие обвинувања.

Сепак, разликата денес е дека рацете на Трамп сега се одврзанииако обидите на претседателите да постигнат компромис веќе предизвикаа повторна хистерија во англосаксонските медиуми, не е факт дека тие овој пат тоа ќе го имаат проанешниот ефект.

Новите бесмислени санкции, кои се појавуваа порано по секои преговори, веројатно ќе останат нешто од минатото. По завршувањето на истрагата, специјалниот обвинител Милер, кој ги отстрани обвинувањата на Претседателот на САД за дослух со Русија, го направи внатрешниот притисок на транснационалните елити врз Трамп релативно беззабен.

Со други зборови, сега ваквите средби навистина можат да го намалат нивото на тензија и противречностите, што значи дека овој резултат од самитот може и треба да се смета за позитивен.

Зошто нема конкретни договори?

Причината за ова следи од претходниот одговор. Додека Трамп не ја зајаке уште посилно својата позиција во САД, сите прагматични договори со Москва ќе бидат оспорени од “длабинската држава”. Може да се постави прашањето – зошто да не се направи таен договор, што не е невообичаено во светската политика? Но, поентата е дека во овој случај самата Русија ќе излезе против тоа.

Во нашата земја, тие се свесни дека администрацијата на Трамп е полна со “превртливи”, членови на “петтата колона” и предавници, така што информациите за какви било сериозни договори веднаш ќе излезат во медиумите или во конгресот. И со оглед на тоа што таквите решенија (на пример за Украина, Иран, и така натаму) се компромис и со две острици, Москва пак би била обвинета за предавство, а Трамп – за тоа дека е во спрега со непријателот.

Со други зборови, важноста на овој состанок не е во специфичностите, туку во самиот факт на лична дискусија за проблемите и појаснување на директни, а не прераскажувани ставови.

Концептуално резиме

Ако ги следиме библиските совети и “ја одделиме пченицата од плевата”, може да заклучиме дека исходот од самитот на Г-20, неговиот формат и природата на преговорите, уште еднаш се покажа дека планетата е на прагот на транзиција кон мултиполарен свет.

Со секоја нова година, Трамп врши насочено отстранување на постојниот модел на американската надворешна политика. Тој врши притисок врз сојузниците, води ладна војна против Кина, ги скрши сите договори со ТТП, ја “закопува” глобализацијата, ги турка своите сателити кон Москва со своите воени и економски закани, му го даде на Кремљ Блискиот Исток со својата непромислена политика и на крајот, направи сè Русија да стане бенефактор на овој слом на гобалната политика.

Се разбира, Москва самата си обезбеди клучна улога во успехот на овој процес, исклучително компетентно и филигрански, со минимални ресурси и трошоци, со користење на расколот во трансатлантската солидарност. Но сепак, без “меките” чекори на Соединетите Американски Држави, ова ќе беше невозможно.

Доколку само ја погледнете листата на лични состаноци на рускиот претседател во Осака ќе разберете дека не може да се зборува за изолација од каков било вид. Напротив, по 2014 година, улогата и тежината на Москва, нејзиниот авторитет и геополитичката моќ на светската сцена се зголемија многукратно.

Додека Трамп активно го притиска целиот Близок Исток, долгите редови на лидери од регионот стои пред вратите на Кремљ, вклучително и на главниот сојузник на Вашингтон, Саудиска Арабија. Додека Конгресот се закануваше за Турција, главниот сателит на Америка и втората армија на НАТО почна да бараат заштита и алтернативи во Русија. Додека американскиот претседател ја започна студената војна против Кина, Пекинг остро ја сфати стратешката важност на руско-кинеската алијанса.

И сето ова, без отстапки од Москва.

Остави коментар