Не знам што се испотресовте толку за одлуката на виљипче и на заев дека ќе можело бесплатно да се прават операции за менување на пол.
1) Како може возрасен човек во контакт со ситуацијата околу себе да се испотресе заради БИЛО КАКВА одлука на неспособните лопови на власт. Нормално ли е, да се испопотресувате? Искуствата од изминатите години не ви беа доволни за да ви е јасно со што сорта си имате работа? Дека се недостојни и поткупливи ајдуци, кои се толку многу видливи само затоа што си распределуваат толку голем плен? И ако веќе ви е јасно, како е можно да се потресувате? И ако се потресувате, зошто баш на таа точка застанувате? Деца и други незаштитени категории во едно општество имаат дозвола да се потресуваат, возрасни превземаат мерки.
2) Се извинувам, не сакам да го цитирам Бил Гејтс, ама поелегатно решение од тоа да се испотребат меѓусебе со тоа што ќе им ги испосечат органите за репродукција и со тоа ќе се контролира полулацијата од таа група на … кхм … луѓе и да сме сакале не ќе сме можеле да го смислиме. Вакво нешто сурово не сме во состојба ни на сон да искреираме. Ама затоа па имаме манјдсет Лимонада, дами и господо, животот, лимоните и лимонадата – тоа нека биде рефлексот секој следен пат пред да изберете линија на помал отпор со давање себеси дозвола да се испопотресете, џанам, со тоа голема работа ќе завршите…
3) Крајната цел на оваа смрдлива игра секако е одземањето на дечињата од вас, нормалните родители, за кое што ќе ја употребуваат фразата „заради добро на детето“, за потоа тие деца да им ги даваат меѓу другото на ментално изопачените. Во скорешна иднина зачестено очекувајте вакви и слични вести:
„Социјалните служби ги занемарија знаците на опасност! Да беа поажурни, ќе успееја да го спасат детето!“ и слични наслови. Ќе бидат сé почести по медиумите ситуации, во кои што настрадало дете, а каде што притоа надлежната служба можела да интервенира за да го спаси детето од канџите на недостојни родители, но не го направила тоа заради пропуст во своето работење и ажурност и ситуацијата на таков начин претставена ќе доведе до тоа, да биде само прашање на време кога народот, испопотресен (нели), заради трагедијата/трагедиите, самиот ќе ги повикува службите да си ја „вршат работата“, односно да превземаат мерки и да ги „спасуваат“ навреме децата од разноразни родители. Со тоа на планираната кражба на деца самите вие ќе ѝ дадете легитимитет и потполна подршка, затоа што тргнувате – како и секогаш – од силен порив за правда и морал, кој што порив – како и секогаш – ќе биде злоупотребен од злосторниците.
Но, додека да дојде до таков момент, сешто може да се случи. Може царот да умре, може ние да умреме, може коњот да умре, а можеби, од кај знаеш, коњот ќе прозбори. Ја знаете таа прикаска?
Си бил еднаш еден кинески цар. Многу сакал коњи и многу го сакал неговиот дворски лекар. Дури не знаел кого сакал повеќе – коњот или лекарот. Од завист, другите дворјани на кралот упорно му раскажувале лаги за лекарот, така што кралот се разгневил (затоа што не е ни крал имун на тупоќа и може да е подложен на рекла-казала. Можда гледал турски серии одкајдазнам), така што го фрлил лекарот во зандани и наредил, следниот ден да биде погубен. Следното утро, лекарот имал право пред царот да ја каже својата последна желба. И почнал да зборува:
„Голем цару, јас знам колку го сакате вашиот коњ, и само заради него ве замолувам да ме оставите во живот. Јас само што ја научив техниката како да научиш коњ да прозбори со човечки јазик. Ми треба само една година. Ако ме спасите од оваа страшна казна, јас ви ветувам, дека за точно една година, вие ќе можете да разговарате со вашиот коњ“.
Царот, заинтригиран, и надвладеан од огромната радозналост и желба да си помуабети со омилениот му коњ, а малкуцка и заради тоа што му било криво што толку строго изреагирал према лекарот, се согласил со предлогот и го пуштил лекарот да си оди дома, меѓутоа не без да го предупреди, дека за точно една година го очекува и него и коњот на презентација на конверзација кај него на дворот. Арно ама, кога стигнал дома, мајка му и жена му го јавнале и почнале да пискаат и да плачат и да корнат коси: „Леле што ќе правиме, сега судбината ти е запечатена!!!“ и лекарот мирно одговорил: „Не плачете, ние луѓето никогаш не знаеме што ни спрема Небото. За една година можат многу работи да се случат… Може кралот да умре, можам јас да умрам, може коњот да умре… а можеби коњот и ќе прозбори.“
Така што, нека не ве разбуркува ветрот на случувањата како суви лисја на есен, контролирајте си ги мислите, затоа што тие ви ги обликуваат чувствата, чувствата ви ги обликуваат постапките, а постапките судбината. ТИЕ ова го знаат, и заради тоа ви прчкаат во мислите и во емоциите. Не дозволувајте никој и ништо да ве исконтролира, ни вашите мисли, ни вашите емоции. Само така ќе бидете спремни за постапки, кои ќе бидат само ваши.
И не се потресувајте Дејствувајте.
За волкот и вратот и вербата во Бога