За Будистичкиот духовен лидер Далај-лама Европа е за Европејците, и предупредува дека ако на премногу од дојдените мигранти им биде дозволено да останат, континентот ќе стане “муслимански” или “африкански”.
Будистичкиот духовен лидер изјави за Би Би Си дека само “ограничен број” на мигранти треба да им биде дозволено да живеат во Европа.
На прашањето на водителот на БиБиСи што треба да се случи ако мигрантите не сакаат да заминат од Европа во своите земји Далај Лама одговори: “Ограничен број е во ред, но цела Европа на крајот да стане муслиманска земја? Не смее да се дозволи. Или африканска земја? Исто така невозможно.”
Запрашан што не е во ред со сценариото Европа да стане муслиманска или африканска тој рече: “Тие самите знаат што е подобро за нивната сопствена земја. Чувајте ја Европа за Европејците“.
“Да ги прими, да им помогне, да ги едуцира, но во крајна линија тие треба да се вратат и да ги развиваат своите земји“, рече тој во тоа време. “Мислам дека Европа им припаѓа на Европејците“.
Се прашуваме дали глобалиститите и Соросоидите кои го подржуваа Далај Лама ќе почнат да ги кршат своите пароли за “Слободен Тибет” сега кога нивниот идол е поблиску до Ле Пен, Салвини, Фараж, АфД отколку до нивните корумпирани глобалофашистички наредбодавачи?