Стоп за Орвеловската цензура на социјалните мрежи и преќутното одобрување на сите институции и корумпираните политички елити, порача Родина – Македонија во соопштение објавено денес како единствена и прва партија во Македонија која реагирала на тоталистистичкото замолкнување на слободниот говор против кој се креваат сите слободолјубиви народи и поединци во целиот свет. Го пренесуваме соопштението подолу во целост.
Родина го осудува најновиот бран на Орвеловската глобалофашистичка и анти-демократска цензура на Македонски патриотски портали и блогови како и лични постови на профили на поединци на социјалните мрежи. Бришењето на објави или забрани за објави како и злоуотреба на алгоритмите во осенчување на патриотскиот Македонски глас како што беше случај со Дудинка.орг, Коложег.инфо, Слободен Свет и многу други портали, блогови и поединци итн, ја соголува диктаторската и недемократска природа на однадвор наметната нелегитимна Хунта која е свесна дека нема подршка во народот и дека со аргументи не може да победи.
Родина истовремено жестоко го осудува и молкот и преќутното одобрување на сите институции и сите корумпирани политички елити во Македонија на вакви жестоки акти потив слободата на говорот, слободата на мислење и против слободата на поединецот и народите, невидена уште од времето на Хитлер, Сталин и Културната Револуција во Кина.
Современиот еквивалент на инквизициско палење на книгите на јавните плоштади не ги засегнува ниту квислиншката Хунта, зафатена со ограбување на ресурсите и обезличување на еден народ, ниту пак опозицијата зафатена со заштита на своите мали бедни финансиски интереси.
Приватните монополни сопственици на социјалните мрежи злоупотребуваат јавно добро, еквивалент на некогашното средсело, или собир на плоштад, за да ти оневозможат како поединец пристап до своите сограѓани и учество во разговорот.
Тоа е како некој од телеком да ви се јави насред телефонски разговор со пријателот и да ви ја прекине врската велејќи ги нарушувате “стандардите на заедницата”. Орвел 1984 е забавна белетристика во споредба со грозната реалност на уништувањето на основните човекови слободи на кои нема никогаш да отрпнеме како што некој се надева дека ќе биде случај.
Овие приватни незаконски монополи на јавното добро се под Американска јурисдикција но нивните долги октоподски отровни пипци ги чувствуваат народите и граѓаните во сите земји.
Затоа Родина бара разбивање на овие приватни монополи и законски давање на техничка улога на давач на услуги без вмешување во дијалогот меѓу граѓаните.
Родина ги подржува сегашните иницијативи на Американската државна администрација, за законско реструктуирање и разбивање по вертикала на големите технолошки компании, Гугл, Јутјуб, Фејбук, Твитер итн во технички доставувачи на услуги без право на мешање во содржината која граѓаните и медиумите ја објавуваат и споделуваат.
Бидете член на инцијативата Родина.
Пристапница за Родина https://www.rodina.org.mk/pristapnica/