Кој е Поголем Кретен, Политичарите или Историчарите – Колумна на Проф. Стефан Влахов-Мицов!
Сподели на социјалните платформи:

 

ОДАМНА ЦЕЛИОТ СВЕТ ЗНАЕ КАКОВ Е БУГАРСКИОТ МЕНТАЛИТЕТ. БУГАРСКИОТ ПИСАТЕЛ-НАЦИОНАЛИСТ ХАЈТОВ ПРИЗНАВА: „БУГАРИНОТ АКО ГО ПРИТИСНЕШ ГАЗ ДАВА, АКО ГО ОТПУШТИШ – ГАЗ БАРА“. ТОА МАКЕДОНСКАТА ЕЛИТА НИТУ ПРЕД 120, НИТУ ПРЕД 75, НИТУ ПРЕД 30, НИТУ ПАК ДЕНЕС МОЖЕ И САКА ДА ГО СФАТИ. МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕКОГАШ (СО РЕТКИ ИСКЛУЧОЦИ) БИЛЕ ГЛУПИ, ПРОБЛЕМ Е ДЕКА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ ЦЕЛОСНО ДЕГРАДИРАА И МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ.

ДОКАЗ ЗА ТОА Е ПРЕДАДЕНОТО МАКЕДОНСКО АНТИЧКО НАСЛЕДСТВО НА ГРЦИЈА, КАКО И СРЕДНОВЕКОВНИОТ ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА БУГАРИЈА. ИМАМ ЧУВСТВО ДЕКА ТИЕ КОИ ГО ВРШАТ ОВА ПРЕДАВСТВО ВООПШТО НЕ УЧЕЛЕ ИСТОРИЈА. И УШТЕ НЕШТО, НЕ МОЖАТ ДА РАЗМИСЛУВААТ НОРМАЛНО. ДОДАТНА БЕСМИСЛИЦА СО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА И СО ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА СЕ ИДИОТСКИТЕ ИЗЈАВИ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ. ИЗГЛЕДА И ТУКА НЕМАМЕ ИСТОРИЧАРИ ОСВЕН ИСТОРИЧАРИТЕ ТОДОР ЧЕПРЕГАНОВ И НАТАША КОТЛАР.

ВО СПОРОВИТЕ ЗА ДЕЛЧЕВ СЕ КАЖА СÈ И СЕШТО, САМО НЕ И НАЈБИТНОТО:

Прво, наводниот бугарин Делчев, независно што учел во Военото училиште во Софија, не сакал да биде произведен како бугарски офицeр. Сакал да стекне воени познавања во корист на Македонија, но не сакал да биде користен од Бугарите. Затоа НАМЕРНО направил така што да биде исклучен еден месец пред да добие звање.

Второ, наводниот Бугарин Делчев во писмо до Ефрем Каранов од 1895 г. му пишува дека гледа на идна Македонија како на „слободна државичка“.

Трето, во истата 1895 г. во судир со претседателот на бугарскиот ВМК генерал Данаил Николаев изјавува: „Но знајте, ние не бараме покровители, а уште помалку господари“.

Четврто, наводниот Бугарин Делчев во Уставот и во Правилникот на ТМОРО од 1896 г. ги исфрла поимите „Бугарин“ и „бугарско“ кои биле ставени две години претходно и ги менува со Македонец и Одринец.

Петто, тврдењата дека Делчев пишувал на литературен бугарски јазик се глупи затоа што кодификацијата на бугарскиот јазик во споретба со македонскиот траела 70 години. Во времето на Делчев имало три официјални писмени системи: Трновски, Каравеловски и Дриновски. Тие јазични борби продолжиле и по 1899 г. откако официјално (привремено) бил наложен иванчовскиот правопис.

Шесто, Делчев бил загрижен за создавање на македонска книжевност: „Зар нема кој да напише барем една книга на македонски?“ и поттикнувал автори како Атанас Раздолов да пишуваат во таков дух. И Раздолов пишувал песни против бугарската, грчката и српската пропаганда и за самостојна македонска држава.

Седмо, во своите писма, вклучително тие до Никола Малешевски, Делчев е дециден во својот македонски дух. Во писмо од 22 април 1897 г. посочува: „Дали има народ кој толку многу трпел од своите синови изроди – како македонскиот!“
КАКО ОДЕДНАШ НА 5 ЈАНУАРИ 1899 Г. НАПИШАЛ: „НО ШТО МОЖЕМЕ ДА ПРАВИМЕ КОГА СМЕ СИ БУГАРИ“. Тоа е баш во времето на најостри катаклизми меѓу ТМОРО и Делчев со Врховниот комитет во Софија и „Братствата“ на Гарванов во Солун. Нешто повеќе. ТМОРО и Делчев и бугарскиот премиер Стоилов заемно се закануват со смрт. И токму во таков момент на Делчев му текнува дека е „Бугарин“ Тој за разлика од денешните политичари и историчари не бил ненормален.
Пред писмото од 5 јануари, Делчев му пишува на Малешевски друго писмо во кое користи жестока иронија и сарказам. Во тоа писмо вели дека Организацијата е окружена со „полк НАРОДНИ ПРИЈАТЕЛИ“ (верз. м. Ст. Вл. М) Македонци, кои со својот „РЕШИТЕЛЕН ПАТРИОТИЗАМ“ (верз. м. Ст. Вл. М.) давале секојдневно материjали на шпиуните. Во таков контекст е и иронијата во писмото од 5 јануари – што да правиме кога „сме си Бугари“. Демек забегани и глупи. Поимот „Бугари“ во случајот не е етничка определба, туку психолошка карактеристика и начин на дејствување. И денес во Европа се навредуваат со „Бугари“, „бугарска работа“, „бугарски воз“ дури и во Собранијата на Италија и Германија. Да се потсетиме дека поимот „Бугар“ уште од средниот век е третиран како валкана работа. И денес самите Бугари го користат тој поим за себе.

Осмо, последната порака на наводниот Бугарин Делчев е запишана од неговиот четник Пејо Јаворов во неговите стенографски бележници. На 12 јануари 1903 г. Делчев му кажал: „Ќе го скинеме црниот превез и ќе изгрее сонцето на слободата, НО НЕ БУГАРСКО СОНЦЕ“ (верз. м. Ст. Вл. М.)

Бугарите ги објавија тие белешки во 2009 г. и без успех се обидоа да ги фалсификуваат, но кој разбира барем малку стенографија, ќе може да ги прочита факсимилите. Јаворов користел стенографија, затоа што не сакал другите да ги прочитат зборовите на Делчев, а пак од друга страна сакал да ја зачува вистината. Така е и во другите негови стенографски белешки.

ЗА КРАЈ: ДЕЛЧЕВ ОСТАВИЛ ТЕСТАМЕНТ ДА БИДЕ ПОГРЕБАН ВО ПРЕСТОЛНИНАТА НА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА. ЗОШТО НЕ ВО СОФИЈА АКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ БУГАРИН?

И УШТЕ ЕДНО ПРАШАЊЕ: АКО ДЕЛЧЕВ БЕШЕ БУГАРИН, ЗОШТО ВО 1991 Г. БУГАРСКАТА ВЛАСТ САКАШЕ ДА ГО СМЕНИ ИМЕТО НА ГРАДОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ПОРАНЕШЕН НЕВРОКОП? ИСТОТО САКАА ДА ГО НАПРАВАТ И СО ИМЕТО НА ГРАДОТ САНДАНСКИ. НО НАШИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА ГИ СПРЕЧИЈА ТИЕ ОБИДИ.

И ЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ КОН МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДАВНИЦИ ОД СИТЕ БОИ: ВНИМАВАЈТЕ ШТО ПРАВИТЕ, ЗАТОА ШТО ЌЕ ИМА ВИДОВДЕН!

Стефан Влахов-Мицов

Преземено од дудинка.орг

Остави коментар