Факт е дека со поразот на глобалистите светот влезе во транзиција. Транзиција која треба да произведе нов светски поредок. Периодот на премин од стариот во новиот светски поредок секогаш е исполнет со глодање, односно јадење помеѓу она старото (што паднало) и новото (она што треба да се воспостави) како што кажавме тоа се случило во средниот век тој премин од феудализмот во капитализам кои во историјата се нарекува протестанска реформација токму е исполнет со тоа глодање кое што и денеска го имаме.
Пред петнаесет години, некаде 2004-2005 година, седејќи дома, случајно на телевизорот ми беа пуштени вести на една од нашите телевизии. Една од вестите беше дека Светска здраствена организација ги осуди книгите на професорите Ѓорѓи Чадловски и Олга Мурџева -Шкариќ, бидејќи во нив тие пишувале за девијантните секусуални појави (Хомосексуализам и Лезбејство) како за ненормални појави. Тогаш си реков зарем е можно ли повторно слободата на мислата како и во средниот век да се ограничи. Четири години подоцна некаде во 2008 година, Европската унија донесе закон со кои се забранува во Унијата да се учи и зборува за Креационизмот (односно библиското созадавање на светот) во унијата, не се изненадив знаев дека едноумието и средниот век на голема врата почнуват да се враќат.
Веќе со недели сме сведоци како во нашата земја, така и надвор од неа започнува процес на ограничување на слободата на мисла, на искажување и сл. Последните мои текстови напишани на мојот блог од страна на фејсбук не се дозволени да се споделат со јавноста и не сум само јас во прашање има и доста други како мене на кои им се бришат статусите, текстови на кои не им дозволуват да бидат споделени со останатите. Доста видеа се избришани од Јутјуб, Последната емисија на Миленко Неделковски беше оневозможена да оди во живо, Еден од слободарските страни Коложег.инфо исто така е бришен и оневозможен да функционира како единствен извор на информации во ова наша окупирана Македонија. Се на се очигледно е дека како во Македонија така и во светот започнува процес на инквизација врз слободата на говорот и мислата.
Слободата е нешто без кое човештвото не може да функционира, затоа во текот на историјата луѓето со илјадници години и крваво се бореле токму за неа, за слободата, слободно да диши чист воздух. Слободата е како воздухот кој слободно се движи низ секој простор и секое катче, низ времето и просторот.
Воздухот не можеш да го држиш на едно место и да го ограничиш, исто е и со слободата, неа не можеш да ја ограничиш и да ја држиш на едно место. Слободата е дадена од Бога! Уште на почетокот од создавањето на човекот, господ го создал човекот како слободно суштество. Доказ за тоа ви е стариот завет. Уште на самиот почеток Господ му оставил на човекот да избере помеѓу доброто и злото (Друго е прашањето што избрал и што денес избира.)
Му дал слобода на избор, но исто така и одговорност за изборот кои човекот го прави. Денес сме сведоци дека таа слобода на човекот се повеќе му се одзема. Тоа не е првпат во историјата на човештвото да се случи. Се случило многу пати до сега човештвото да се сочува со таков предизвик.
Средниот век пројде во знак на средновековната црква и нејзиното учење кое не дозволуваше никакви други учења, други мислења, па и во поглед на нејзините догми и учења, во тој период средновековната црква дури не ни дозволуваше неа да ја искритикуваат како институција. Набргу во тоа време се појави реформацијата како носител на слободата и воведување на различно мислење со кои започнува урушувањето на стариот феудален систем и раѓање на нов систем.
Така е и денеска кога рикна стариот империјалистички систем предводен од Американците и нивните западни партнери и на сцена треба да се роди нов систем, воспоставување на мултиполарно владење со светот. Во средниот век црковните власти за да го задушат различното мислење, слободата на мислата, организираа инквизиција која имала намера со своите средства за измачување да ја загуши слободата (најмногу во поглед на различните гледишта за верата и слободата) и на тој начин да го спречи раѓањето на новата мисла и новото време. Така е и денес! Гледате драги мои! Глобалистите на секои начин не само во Македонија, туку во целиот свет да ја задушат слободата, не бирајќи средства преку медиуми, преку фејсбук, преку јутјуб, преку спалување на книги и весници и нека не ве плаши тоа, тоа го имало и ќе го има.
Факт е дека со поразот на глобалистите светот влез во транзиција. Транзиција која треба да произведе нов светски поредок. Периодот на премин од стариот во новиот светски поредок секогаш е исполнет со глодање, односно јадење помеѓу она старото (што паднало) и новото (она што треба да се воспостави) како што кажавме тоа се случило во средниот век тој премин од феудализмот во капитализам кои во историјата се нарекува протестанска реформација токму е исполнет со тоа глодање кое што и денеска го имаме.
Ќе има и пострашни работи од ова што денес го преживуваме. Но сетете се на Јан Хус, чешкиот реформатор кои средновековната црква жив го запали на клада со цел да го заплаши народот кои сакаше реформа на црквата. И што се случи. Делото на Јан Хус и неговата жртва беше инцијатор за уште повеќе луѓе масовно да се родат со таков слободарски дух, затоа што слободата не можеш да ја држиш затворена на едно место како и воздухот. Па така и и ние ако не успееме денес, сигурно дека идната генерација ќе успее. Ние само како Јан Хус треба темелот да го поставиме, да го започнеме патот и после тие да го продолжат.
Во тој контекст е моево пишување сиве овие четири години да им оставам некои пат и насоки на идните генерации по кои пат и како да продолжат. Истото тоа го направија Сноуден и Асанж, од нив двајцата илјадници се инспирира да проговроат против глобалистите и нивните зли планови. И ние токму тоа треба да го направиме да бидеме инспирација за идните генерации да се борат за нивната слобода како што за нас тоа беа : Јан Хус, Мартин Лутер, Че Гевара, Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански, Мирка Гинова, Кузман Јосифовски -Питу и многу други ликови со светол лик.
И сега прашувам ќе се предадеме или ќе се бориме? Ќе наоѓаме нови канали и прозорчиња преку кои ќе се бориме за нашата слобода?
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.