Нема ЕУ Нема НАТО! Време е за Други, Вистински Опции за Македонија – РОДИНА!
Сподели на социјалните платформи:

Како што и целиот македонски народ длабоко во себе знаеше, целиот предавнички процес на однадвор наметнатата нелегитимна Хунта преку нелегален пуч, не беше за никакви членства некаде и некогаш ниту пак за подобрување на благосостојбата на македонскиот народ.

Целта е уништување на македонскиот идентитет и со тоа уништување на државата Република Македонија чиј носител е тој, за да може безидентичната и безимена територија да биде лесно распарчена меѓу соседите. И сето ова не е само “академско” прашање за занимавање на масите со теледебати на платенички квазиинтелектуалци туку ќе има и вистински консеквенци кога не си стопан на својот имот. Ќе бидеш вечно роб или ќе бидеш исчистен засекогаш од прадедовските огништа ако не е согласуваш со ропството.

Вчерашното одбивање на ЕУ за почеток на разговори (не членство, туку некој си почеток на нешто без датум за негово завршување) со Северџанија – која една рака странски одработувачи ја продаваа како универзален лек за сите “болести” – го потврдува тоа. И со големиот успех на суверенистичките партии на ЕУ изборите во мај, ова само уште повеќе ќе биде случај. Ниту ќе се примаат нови членки туку некои дури и ќе излезат (Италија прв кандидат после Британија) а ЕУ ќе биде преокупирана со внатрешни борби кои ќе резултираат со нејзино распаѓање.

И истото ќе се случи и со НАТО, каде членството дури и не е поврзано со економски бенефиции туку со обврски за плаќање рекет на белосветскиот воен криминалец за “заштита”. Оти како што ти вели самиот рекетар, се бидува, може некој ноќе да ти фрли тула во прозорецот, пренесувајќи ти меѓу редови дека тој ќе биде тој што тоа ќе го направи скришум во ноќта ако не платиш.

Се ова се случува во исто време кога сме сведоци на процут на алтернативен мултиполарен економски и безбедносен систем чии главни носители се Русија и Кина и ред други довчерашни “земји во развој” а сега економски сили со огромен раст, Индија, Турција итн.

И оваа идеја за сојузи на суверени нации и држави победува на глобален план, без разлика дали ние тоа го сакаме или не. И иднината на секоја суверена Европска нација како Македонската е во ЕвроАзиските интеграции преку ЕвроАзиската Економска Унија (ЕАЕУ), Новиот Пат на Свилата, Шангајската Организација за Соработка (ШОС) и слично. Тоа е иднината кон која се престројуваат и Италија и Германија и Франција кои веќе знаат дека со ЕУ е завршено.

Хунтата ја уништи Македонската демократија прво со анти-уставен пуч и второ со плукање врз волјата на македонскиот народ кој на референдум кажа НЕ за промена на име за членство во ЕУ, НАТО. Уривањето на демократијата има консеквенци за самите уривачи и тие скоро ќе ги почуствуваат.

Сите оние продадени квазиинтелектуалци, мегафони, рент-а-експертутки кои две-три години трубат “ќе се налапаме пари” само да го шитнеме името, државата и идентитетот, секој ден се повеќе сами се соголуваат во нивните лаги.

Вистината е, никој не те прави роб за да те збогати. Затоа придружи се во Родина за да бидеме меѓу првите кои ќе го направат овој геостратешки избор и учествувај во создавањето легитимна платформа која ќе ја представува Македонија во овие нови големи геостратешки редефинирања.

Делегитимирај ја однадвор наметната Хунта со бојкот и нека се слушне твојот за нив небитен македонски глас преку вистинска Македонска опција на неизвалкани чесни патриоти на кои татковината им е на прво место.

Бидете дел од инцијативата Родина

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

 

2 thoughts on “Нема ЕУ Нема НАТО! Време е за Други, Вистински Опции за Македонија – РОДИНА!

  1. Predlagam da formirame nova partija i da ja registrirame vo duhot na svetskite partii koi egzistiraat i deluvaat so samo ednistvena cel “PRVO SOPSTVENATA ZEMJA” se misli na SAMOSTOJNA , UNITARNA EDINSTVENA I OBEDINATA MAKEDONIJA , vo koja ke se neguvaat NACIONALNI I PATRIOTSKI CUVSTA SE SO CEL “PRVO SOSPTVENATA DRAZAVA”. Sto se odnesuva do t.n. “DPMNE” taa e veke mrtva i nema nikakov nitu POLITICKI , nitu NACIONALEN , nitu UNITARISTICKI Politicki kapaciteti da deluva na POLITICKATA SCENA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA. Za VELEPREDAVNICKA PARTIJA -“SDSM” veke nema sto da se kaze se e kazano , se e videno , se e unisteno TOLKU za niv. *****A SEGA PREDLAGAM NOVOTO IME DA BIDE *** VMRO-MKP***, odnosno
    ***** VNATRESNA MAKEDONSKA REVOLUCIONERNA ORGANIZACIJA – MAKEDONSKA KONZEDVATIBNA PARTIJA*****.;

  2. Povelete Dami i Gospodo, pa i BRAJKA i SESTRI MAKEDONCI napravete Chekor za da se Registrira Partija koja Ke Ima JASEN i za Sekogo RAZBIRLIV Partiski STATUT pa potoa Partiska STRATEGIJA so JASEN Partiski STAV za Idninata na MAKEDONIJA i MAKEDONSKIOT NAROD. Eve jas Iako sum Chlen na VMRO-dpmne (Ne sum od dpSMnr-demokratska partija na Severgjanistansko Rasturanje) sum ZAINTERESIRAN za Chlenstvo vo NACIONALNA so Predznak Patriotska Partija. Dajte da vidime statut-strategija-programa pa sekoj posebno da si odluchi dali ke chleniuva ili ke bide samo simpatizer ili pak ni edni ni drugo. Dosta e chekanje VREME E da se Prevzemaat Merki za nadminuvanje na ovaa APATIJA kaj MAKEDONCITE. Ne Znam od Kogo Chekate IZIM za da se Registrira Partija vo sudski registar.. Dosta e Odluchete se SE ODI NAPRED ili Se CHEKA IZIM od MEZDUNARODNATA KENEF-Orospija Diplomatija SPOLAJ VI

Остави коментар