Во име на СеМакедонското Национално Обединување, Македонскиот народ и Македонските Национални и Државни интереси, закажана е прва СеМакедонска Национално Обедителна Конференција во организација на Се-Македонскиот Национален Совет – Македониум.
Конференцијата се свикува со единствена цел, постигнување на национално единство и консензус по Македонските државни, национални, идентитетски и сите други прашања, кои значат опстанок на Македонија и Македонскиот народ.
Ќе бидат присутни делегати од Република Македонија, Егејска Македонија, Пиринска Македонија, Албанија и Гора како и делегати од разни организации од нашите иселеници ширум светот.
Дневен ред и теми на разговор на конференцијата на 22-ри Јуни 2019 во Александар Палас Хотел од 14:00 часот ќе бидат:
1. Утврдување на Македонските државни и национални интереси.
2. Излагање на присутните делегации, нивно видување, предлози со насока за воспоставување народна власт, која ќе расчисти со сите инволвирани во предавството на Македонија и Македонскиот народ.
3. Формирање на Генерален Совет на Македонците од државата, окупираните територии и иселеништвото, за заедничко политичко делување врз база на рамноправност со цел спас на државата и идентитетот.
а) Формирање на работни тела на Генералниот Совет на Македонците
б) Формирање на координативно тело за обединување на Македонците од Македонија и иселеништвото сите основи :
економска, политичка, спортска, културна, верска – Национално и Духовно Обединување
в) Формирање на координативно тело од експерти по Уставно и Меѓународно право со цел поништување на сите штетни
меѓународни и билатерални договори потпишани во име на државата и народот.
г) Формирање на координативно тело за изработка на обемна економска програма за развој на Македонија.
4. Разно.