Преземено од Окото на Блискиот Исток. Саудиска Арабија “значително” ја прошири својата програма за балистички ракети и не со САД туку преку неодамнешните купувања од Кина.
Со набавките Саудиска Арабија ја прошири својата ракетна инфраструктура и технологија, соопшти новинска агенција, цитирајќи три неидентификувани извори со директно познавање на ова прашање.
Конгресмени демократи ја откриле програмата за проширување на оружјето надвор од “редовните канали на владата на САД”, објавија и СНН.
Законодавците заклучија дека администрацијата на Трамп знаеше за овој догово за оружје и намерно го изоставил Конгресот од серија состаноци каде што би биле информирани за набавките.
Додека Саудиска Арабија е најголемиот купувач на оружје во САД и со месеци води катастрофална геноцидна војна против Јемен.
Неодмнашената продажба на американско оружје во Саудиска Арабија од $ 8 милијарди долари е протната од администрацијата на Трамп без конгресен надзор кон крајот на минатиот месец.
Продажбата беше промовирана од страна на американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој прогласи вонредна состојба на 24-ти мај, наведувајќи ги тензиите со Иран како средство да му го одземе Конгресот на својот авторитет да ја прекине продажбата.
Од убиството на новинарот Џамал Кашоџи од рацете на саудиските владини агенти минатата година, Конгресот донесе серија мерки за да го осуди принцот Мохамед бин Салман, спротивно на подршката која тој ја доби од американскиот претседател Доналд Трамп.
Така сега ако не од САД, Саудиска Арабија купува од Кина како и можеби и од Русија. Неодамна беше разговарано за купување на С-400 системи од Русија од страна на Саудиска Арабија за време на посетата на Москва.
Во март Стокхолмскиот Меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ) објави извештај кој покажа зголемување од 87 отсто на приливот на оружје на Блискиот Исток во текот на изминатите пет години.