Автор Џеф Томас преку InternationalMan.com. Левичарските-глобалистички активисти го интензивираат напорите да ги ограничат спротивставените политички гледишта, со цел да создадат едноумие или “групно мислење”, или пак да создадат стадо овци со други зборови. Еден обид за постигнување на ова беше формирањето на “Комитет за човекови права”, со цел да се следат економските трансакции на “белите расисти и антиисламските активисти”.
Ова не треба да биде изненадувачки, бидејќи, тоталитаристите сè повеќе излегуваат од сенка и бараат да се елиминираат сите противења на нивната кауза.
И тоа само по себе не треба да биде алармантно, бидејќи треба да биде и предвидливо и разбирливо, дека секоја политички ориентирана група, без разлика дали е лево или десно наклонета, би сакала да добие предност над својот конкурент.
Меѓутоа, она што е вистинска причина за алармот е тоа што оние кои се обидуваат да ги искористат овие акции се банките и корпорациите … и дека тие успеваат во тоа без да истрелаат и еден истрел.
На пример, MasterCard го разгледува селективното ограничување на поединци од користење на нивните услуги и фондови. Тие поединци би биле оние што имаат “неприфатливи политички ставови”.
Но, тие не се први кои го заполнаа да го користат економскиот притисок за да ги натераат луѓето да имаат “точни” политички ставови. PayPal и Patreon им забранија на поединци да добиваат исплати преку нивните услуги кога тие лица се идентификувани како носители на “екстремни ставови” и тоа без никаков доказ и неоправдано. Повеќе алармантно, тие беа поддржани во оваа одлука од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД која е владина агенција!
Новинарот Бен Свон коментираше дека ова значи дека американската владеачка класа им додели на “големите приватни корпорации способност да контролираат чии гласови ќе бидат чуени во јавноста”.
Факт е дека големите корпорации, се предводени од директори глобалисти, како Фејсбук, Твитер и Амазон, кои веќе со гордост изјавија дека сакаат да го дадат својот удел во замолкнувањето на оние со чиишто мислења не се согласуваат.
Се разбира, во еден слободен свет, шефот на приватна корпорација треба да биде слободен да прави бизнис само со оние поединци кои ги одобрува. Иако тоа може да изгледа дискриминаторски, тој треба да има право да биде дискриминаторски.
Загриженоста е во тоа што овие компании се монополи, и дека не ограничуваат глобалистички мислења и идеи. Сите ограничувања се применуваат на оние кои се конзервативни, слободарски, или, всушност, се што не е глобалистичко.
Јасно е дека се праават сите можни напори не само директно да ги замолчат и забранат не-глобалистичките медиуми и извори на информации (вклучувајќи ги и социјалните медиуми), туку да ги замолчат и индиректно, преку губење на економската слобода.
И кампањата се одвива драматично и на многу фронтови во исто време. Не би било невозможно д се замисли дека до 2020 година, можеби нема да биде безбедно за ниеден поединец да изрази некоја анти-глобалистичка мисла и позиција поради страв од исклучување од економската структура.
Уште во почетокот на дваесеттиот век, болшевиците направија многу ефикасна работа за елиминирање на постоењето на ставови спротивни на власта преку употреба на концентрациони логори и убиства. Подоцна во текот на минатиот век, нацистите (кратенка за Nationalsozialistische, или Национал-социјалистичката партија), исто така, одлично и со слични методи ја извршија задачата за “исчезнување” од јавноста на несогласувањата со нивната реторика.
Но, Ленин, Хитлер и Гебелс се аматери во однос на новата американска верзија на тоталитарна пропаганда, која не само што ја напаѓа слободата на говорот во медиумите, туку ја користи економската војна за да осигури дека во иднина единствената пропаганда ќе биде “одобрената глобалистичка” пропаганда.
Пред сто години, САД почнаа да запаѓаат во корпоратизам, со воведувањето на Федералните резерви како доминантен фактор во американското банкарство. Од тоа време, има постојан пад на слободите во САД, прекинат само со годините околу Втората светска војна.
И сега ја гледаме кулминацијата на таа долгоочекувана цел н тоталитаристите. Американската јавност не се согласува со конверзија во тоталитарно општество; но тие се принудени да влезат во него под закана со економски казни и исклучувања. Не може да има сомневање дека буквално сите ограничувања на слободата на говорот имаат за цел да ја ограничат само онаа мисла која е различна од про-глобалистичката мисла.
Но, најважното овде е дека ова не е само обид на една или повеќе политички групи. Овој проект има поддршка од финансиската индустрија, корпоративна Америка и властите (преку Комисијата за хартии од вредност на САД).
Ова ни кажува дека Дип Стејт, длабоката држава – тоа колективно тело кое всушност владее со САД зад и над политичката структура – е иницијаторот и машината за конверзија на САД во целосно тоталитарна држава.
Во ограничувањето на слободата на говорот преку економијата, сега тие одат на “паметен” начин. Но ова само по себе не треба да биде премногу изненадувачки. Она што може да биде изненадувачки е дека промените неопходни за тоа да се случи се случуваат толку брз.
За САД, ова е ситуација паралелна со онаа во Русија, околу 1917 или Германија, околу 1937 година. Прашањето веќе не е дали владечката класа има намера да спроведе тоталитаризам. Прашањето е колку време останува пред транзицијата во тоталитаризам да заврши.
Ова прашање треба да не стави во мисла. Бидејќи одговорот ќе го дефинира преостанатиот рок на траење на САД како земја која е пожелна како место за живеење.