Балканско-Руска Средба, Чекор кон Победничката ЕвроАзиска Унија на Суверени Држави и Народи!
Сподели на социјалните платформи:

 

Во организација на Меѓународното движење „Руско-славјанско обединување и препород“, РУСОВ, на 18.05.2019 година во Белград, во културниот центар „Кирилица“ се одржа Балканска Славјанска Средба. Своето словенско гостопримство го искажаа членовите на Иницијатива „Нема предавање на Косово и Метохија“.

Македонија беше представена од делегација на здружението за македонско-руска соработка „МиР“. Руско-словенското единство во борба против западниот глобализам и агресијата на нато, беше темата која на едно место ги собра представниците на словенските братски народи од Русија, Србија, Македонија, Бугарија, Словачка, Полска и Црна Гора. Накратко ви ги пренесуваме впечатоците од овој настан.

„Целта е обединување на сите братски словенски народи во еден сојуз на независни и рамноправни држави, кој би можел да застане на патот на современата западна агресија предводена од нато пактот а потпомогната од останатите придружни злосторнички организации како западни така и домашни. Русија не сака никого да окупира, но би сакала еден сесловенски братски сојуз на културно, економско и безбедносно ниво, со цел заштита од западната демонска култура.

Движењето не се ограничува на словенските простори, тука се добредојдени, а некои и веќе вклучени, и сите европски и азиски народи кои доброволно сакаат да се приклучат во борбата против западниот глобализам, мултикултурализам и сатанизам. Браќа и сестри славјани, помеѓу нас не е се така добро како би сакале, и секако постојат одредени недоразбирања и проблеми, но ние сепак сме браќа и сестри. Другите европски народи можат да ни бидат пријатели но не и браќа, тие не се словени, но секако се добредојдени доколку се согласуваат со нашите идеи“. Истакна Андреј Родионов, лидер на РУСОВ.

Представникот на Република Македонија и претседател на Македонско-Руското здружение МиР се обраќа на конфренцијата.

ЕвРОПСКАТА унија представува елитен клуб на морално пропадната западна елита која веќе го изгуби својот кредибилитет. Тоа е евРОПСКА унија во која овие квази елити заедно со своите криминалци и терористи се на прво место, европските народи се на второ место, а словенските народи од кои некои се веќе насила „интегрирани“ во тој расипнички клуб, се на трето па и четврто место.  На словенските народи овој западно сатанистички проект не им е природно место за живеење. Словенските народи ги почитуваат европските народи, но единствено на една реципрочна и рамноправна основа, изградена врз принципите на разбирање и почитување, но не и на понижување  и експлоатација.

Проектот ЕУ под превезот на реформите на кои не присилуваат, всушност ги уништуваат нашите економски системи и не прават зависни од нив за основните егзистенцијални продукти. Ги уништуваат автохтоните раси и сорти, и на нивно место инсталираат генетски модифицирани кои се штетни по здравјето на луѓето од една страна, но и постојано зависни од подршката од центрите каде се креирани од друга страна. Постојано не залажуваат со некакви инвестиции во вид на фабрики чие производство е веќе забрането во нивните држави, а тука со нивната работа трајно го загадуваат нашиот еко систем но и сурово ги експлоатираат луѓето што ги вработуваат за мизерни плати.

Волјата на словенските народи е погазена. Во Србија 8 од 10 луѓе се против нато и еу, но сепак властите прават обиди за интегрирање во тие организации. Во Македонија ситуацијата е слична, но западните агресори отидоа чекор понатака, па и покрај јасно кажаното НЕ на Референдумот во Септември 2018 година, нивните марионети, дел во нелегалната власт дел во т.н. опозиција, насилно го променија вековното име на овој народ, а од државата направија некаков територијален монструм кој наводно го интегрираат во западните сатанистички организации, еу и нато.

Живееме во време на окупација, политичка, економска, медиумска и духовна. Комплексно социјално ропство кое е многу посилно од физичкото. Иако формално живееме во слободни демократски држави, врз нас се врши современ геноцид. Принудени сме да живееме во нов светски поредок по западен сатанистички терк, поредок во кој нема место за вредности, квалитет и напредок. Поредок во кој  нема место за традиционалното семејство кое представува не само основна социјална туку и биолошка клетка на човештвото, семејство кое е единствената природна средина за правилен и здрав развој на детето.

Каде е решението на проблемите? Во сите нас е решенито. Мора секој од нас прво да стане свесен за расипаноста на елитите кои не водат и за трулоста на општествата во кои живееме. Мораме да го отфрлиме западниот изопачен начин на живот и да почнеме да ги практикуваме славјанските традиционални вредности, да создадеме наш модел на живот во кој материјата и духот ќе бидат во рамнотежа, а парите во служба на квалитетен живот и развој на словенскиот род, славјанските народи, просперитетен пород, но и родољубие кое ќе биде главна движечка сила како меѓу словенските така и меѓу европските народи. Помеѓу словенските народи никогаш немало недоразбирања и омраза, нив секогаш ги предизвикувале предавничките политички елити, слуги на нашите душмани.

Пред нас е избор. Пред нас има два пата, ако го фатиме едниот, сите до еден, заедно со своите вештачки наметнати национализми гордо ќе изгинеме од западни сатанистички стапици. Вториот пат е пат на помирување и обединување на словенскиот род во еден сојуз на рамноправни словенски народи. Пат на кој ќе се вратиме на своите корени. Ќе се живее нашата словенска традиција, наместо западната изопаченост,  ќе се слави животот и напредокот, наместо геноцидот и деструкцијата. Пат на кој мораме да ги отфрлиме нашите меѓусебни недоразбирања и стегите од минатото, и братски да продолжиме кон иднината. Ние не мораме да избереме помеѓу истокот и западот, како што се обидуваат да ни наметнат. Ние мораме да го афирмираме светот на словените како спој на истокот со западот.

Остави коментар