Огромен пад на гласовите за двете главни партии ЦДУ и Социјалистите кои глобалистите ги натераа во неприродна широка коалиција! Со вакви резултати на општи избори паѓа и коалицијата и паѓаат и глобалистичките партии и “елити” поединечно!
Алтернативата за Германија освои дури 10,5 отсто од гласовите. Германската лево-десничарската неприродна коалиција на глобалистите се соочи со значаен изборен шок, при што проценките укажуваат на тоа дека зелената партија направила историски напредок, земајќи 20,9 отсто од гласовите.
Филип Ламбертс, водач на групата Зелена, рече: “За да се направи стабилно мнозинство во овој парламент, Зелените сега се неопходни”. Партијата ЦДУ на Меркел обезбеди 28 отсто, седум поени помалку од својот удел во гласањето во 2014 година. Коалицијата ЦДУ / ЦСУ на Ангела Меркел загуби значителна поддршка оја отиде кај АфД и Зелените, при што првите проекции на Европскиот парламент покажаа пад на ЦДУ на Мерел од 35,3 проценти во 2014 година на 28 проценти денес.
Но, најголемите губитници во Германија се од левичарската Социјалдемократска партија, која се спушти на трето место со проектирано 15,5 отсто од гласовите. Ова го зголемува притисокот врз партиските водачи да ја преиспитаат нивната федерална алијанса со централнодесничарската ЦДУ и ЦСУ, нејзината сестринска партија во Баварија.