Салвини: Ќе ја Ослободиме Европа од Окупацијата! Меркел-Макрон ја Уништија Европа и ја Предадоа на ИСИЛ!
Сподели на социјалните платформи:
Ќе ја Ослободиме Европа од Илегалната Окупација! Изборите се Прашање за Живот или Смрт на Европа! Некои ЕУ Нации се на Пат да Станат Исламски Држави Доколку Продолжи Предавничкиот План на Меркел, Макрон, Јункер – Порача Салвини!

По нападот од германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот вицепремиер Матео Салввини го возврати ударот изјавувајќи декат таа во пар со Емануел Макрон од Франција ја “уништи” Европа.

Коментарите на Меркел доаѓаат откако некои членови на парламентарната група на Европската народна партија (ЕПП), чијашто Христијанско-демократска унија (ЦДУ) седи во Европскиот парламент, повикаа на сојуз со Салвини и други популистички партии.

Меркел според извештајот на италијанскиот весник Ил Џорнале целосно ја отфрли идејата: “Јасно е дека имаме различни пристапи, на пример, во миграционата политика”, рече Меркел, која во 2015 година ги отвори границите на Германија и тоа еднострано.

Салвини на митинг во Милано ја осуди неконтролираната миграција и го осудил исламот, велејќи дека ги малтретирал жените. Тој рече дека Турција никогаш нема да биде дел од Европа и дека ја отфрли етикетата на екстремисти за партиите како неговата.

“На овој плоштад, нема екстремисти. Нема расисти. Нема фашисти. Ако нешто во Италија и во Европа, разликата е помеѓу оној кој гледа напред, меѓу кој зборува за иднината … наместо да прави судски процеси од минатото “, рче тој.

Ова е историски момент кој е доволно важен за ослободување на континентот од нелегалната окупација што ја организираше Брисел многу години“, рече Салвини.

Тој ги обвини европските лидери, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за “предавство на Европа … со изградба на Европа за финансирање и неконтролирана имиграција”.

Салвини, предупреди дека ако суверенистичките и патриотските партии не направат пробив на европските избори следната недела, некои ЕУ нации би можеле да тргнат по патот да станат исламски држави.

Салвини со месеци гради нов патриотски сојуз пред изборите за Европскиот парламент овој месец и одржува митинзи во големите градови како во саботата во Милано, каде се претставени најмалку десет Европски патриотски партии и движења.

Идејата за ЕП сојуз со Салвини, главно доаѓа од унгарскиот лидер Виктор Орбан, кој се залага за “централно-десничарската” Евро група на патриоти. Неговата сопствена партија Фидес беше суспендирана од ЕПП претходно оваа година.

Поранешниот конзервативен премиер на Италија, Силвио Берлускони, исто така, го поддржа овој десничарски сојуз велејќи : “Лига и браќата на Италија исто така сфатија дека сами во Европа ќе останат во аголот и нема да значат ништо. Нашата мисија започнува со пораз на европската левица. Мораме да градиме, исто така со помош на моето присуство во ЕПП, нов сојуз со умерените десничарски партии, а исто така и со Орбан и Салвини “.

 

Остави коментар