Средба Лавров-Помпео во Сочи, 4 години по средбата Лавrов-Кери во 2015 кога по изјавата на Кери дека Македонија е на линијата на огнот, и Лавров и Путин излегоа со жестока меѓународна офанзива и подршка за Македонија и пружена рака за помош. На која кукавиците дпне и иванов плукнаа, преферирајќи да влезат во предавнички договор со Сорос, Бејли и Црпнатите. Така што оние кои прашуваат кај е Русија да ни помогне! Прашањето е, ја викнал ли некој Русија воопшто да ни помогне па не дошла?
Повеќе детали во анализата на Чедомир Цветановски:
Вторник (14. 05. 2019), во Сочи се одржа средба на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, со државниот секретар за надворешни работи на САД, Мајкл Помпео. Во подготовка за средбата Помпео во Брисел изврши консултации со колегите од ЕУ. Згора, на средбата ќе присуствува и претседателот на Русија, Владимир Путин, што на раговорите само по себе им придава вонредна важност. Патем, средбата нема да се одржи во Москва, туку во Сочи! А тоа е мошне индикативно со оглед на фактот што имено во Сочи точно пред 4 години, на 12, мај 2015 г. се одржа средба меѓу министерот С. Лавров и државниот секретар Џ. Кери.
Затоа, тука и сега, само ќе ја потсетиме јавноста, дека со тогашните решенија, министерот С. Лавров и државниот секретар Џ. Кери, ги пресекоа обидите во Р Македонија: 1. за преземање на власта по „насилно, украинско сценарио“; и 2. И за воено замешателство на војските на соседите од „православната алијанса“…
Но, тука и сега, во контекст на денешната средба во СОЧИ, ние посебно ќе по-СОЧИ-ме на стратешките усогласени видувања на балканската и македонската ситуација на двајцата министри. За таа цел од тогашната анализа на ЦЕНЕСИ ќе ги цитираме практичните политички напатствија што министерот С. Лавров ги изнесе пред Комитетот на министрите на Советот на Европа на 19 мај 2015 г. во Брисел, а исто така пред Советот на Федерацијата на Федералното Собрание на Руската Федерација од 20 мај 2015 г. во Москва.
А имено, во духот на договореноста во Сочи за незаобиколната улога на РФ и САД, С. Лавров го повика Комитетот на министри на СЕ да го преземе својот дел од одговорноста за заедничките цели, и подвлече:
1. „Во современите услови се’ понеопходна станува улогата на Советот на Европа како хумантитарна потпора на општоевропската соработка, која по сила на своите единствени уникатни конвенциски механизми го обезбедува правното единство на континентот… Ние сме убедени дека на интересите на сите народи, кои живеат и на Исток, и на Запад од европскиот континент, им одговара етапната хармонизација на интегративните процеси со цел да се формира заеднички економски, хуманитарен и правен простор од Лисабон до Владивосток“. И во име на овие општоевропски вредности го повика Комитетот на министрите на Советот на Европа веднаш да ја исполни својата обврска за обезбедување „правно единство на континентот“ и на Балканот, затоа што:
2. …“во последно време овие цели се поставени на опасни искушенија на Балканот во контекст на крајно експлозивната ситуација во Македонија, во која голема вознемиреност предизвикуваат обидите за активирање надворешни фактори за поткопување на внатреполитичката ситуација… во Македонија, каде се обидуваат мошне неконструктивно и шпекулативно да го искористат албанскиот фактор“…“Наспроти подршката на Охридскиот договор и наспроти давањето доволно сериозен обем права на Албанците во Македонија… сега веќе се водат разговори за тоа, дека Македонија треба уште подлабоко да се „федерализира“, да се претвори во „еластична федерација“, а можеби во “конфедерација“. Па дури се изнесуваат идеи за тоа, зошто да не се расчлени како вештачка држава – да и’ се даде дел на Бугарија, а дел – на Албанија. Независно од Македонија, во еден поширок контекст во Тирана премиерот на оваа земја прогласува пароли за “Голема Албанија“. Во Тирана доаѓаат лидерите на албанските партии во Македонија и добиваат инструкции“…
3. „Мора да обратиме внимание на фактот за мошне неконструктивно и шпекулативно користење на албанскиот фактор… и за активирање надворешни фактори во крајно експлозивната ситуација во Македонија“. При тоа С. Лавров не го гледа само како дејение во «регионални рамки“ на „агентурите на Силите на Балканскиот Сојуз“ според германски извори, туку тој го посочува и замешателството на „самоназначените посредници“. И затоа „Земајќи го предвид очигледниот регионален опсег на случувањата во Македонија, тој инсистира „Генералниот секретар да го посети Скопје и да се ангажира во нормализација на ситуацијата врз основа на принципите и вредностите на нашата организација“…Згора изрично бара од Советот на Европа „меѓународните организации да испраќаат независни експерти“ во својство на официјални претставници.
5. Во таа смисла и од Думата ќе побара посилен ангажман и ќе апелира: “Земајќи го предвид и бројот на самоназначените посредници, јас вчера, настапувајќи пред Комитетот на министрите на Советот на Европа, предложив Генералниот секретар, можеби заедно со Генералниот секретар на ОБСЕ, да го посети Скопје, да разговараат со сите учесници во овие процеси и да поднесат свои препораки за разгледување во меѓувладините структури“… „Ние ова го цениме како мошне сериозен чин. Јас сметам, дека … во иднина можеби ќе треба уште пооперативно да дејствуваме во превентивна нафатка, да бараме од меѓународните организации да испраќаат независни експерти, претставници на секретаријатите и потоа да ни реферираат. Се’ со цел решенијата да се прифаќаат колегијално, во легитимните структури, а не некако „под тепих“.
При ова, С. Лавров бара суспензија не само на регионалните центри и самоназаначените експерти од круговите на политиката на двојни стандарти, туку македонските состојби ги става под директна ингеренција како на Русија и САД, така и на врховните европски органи, на претставници на нивните секретаријати, и на независните експерти од меѓународни организации. Згора, „ангажманот на Комитетот на министрите на Советот на Европа, на ОБСЕ… и на независните експерти за нормализација на состојбите во Македонија» С. Лавров ја става во повоениот историски контекст на придобивките од „борбата против нацизмот, но и на „борбата против тероризмот“. А имено:
6. „Не смееме да допуштиме предавство на духот на сојузништво во борбата против нацизмот, да ја поткопаме солидарноста во акциите со цел да ги обезбедиме мирот и безбедноста на континентот“. „Посебно значење и’ придаваме на заштитата на христијаните, меѓу другото, на Блискиот Исток. Исто така е важно да не дозволиме прераснување на меѓуконфесионалните спротивности внатре во исламот во отворен антагонизам». «Борбата против тероризмот, во тој склоп против така наречената „Исламска држава“, треба да ја водиме доследно, без двојни стандарти и при координирачка улога на ООН».
Згора на кажаното, С. Лавров специјално ги убедува европејците во тоа, дека:
7. «Ваквиот приод го потврди и државниот секретар на САД Џ. Кери во текот на преговорите во Сочи на 12 мај 2015 г., кои, како ми изгледа, ни овозможија подобро да ја осознаеме потребата од избегнување чекори, кои можат да нанесат долготрајна штета на односите и соработката, меѓу двете земји во различни области – зашто, нели, од заедничките напори на Русија и САД на меѓународната арена зависи решавањето на множество остри проблеми», ќе заклучи Лавров.
На крај, останува прашањето од насловот – се смени ли „експлозивната ситуација на Балканот и во Македонија“? На недамнешната средба во Берлин не беше прифатен ниеден од двата „европски“ предлога. Па, Германците му го препуштија „врелиот костен“ на Париз. Затоа, што ќе рече двојката во СОЧИ?
Чедомир Цветановски