На КвазиПИ Патриотите беа Најбројна “Партија”. Фингираниот цензус на неофицијалната коалиција СДС-ДПНЕ само покажа дека Македонија е во состојба на окупација, уцени, аспења, застрашувања со бркање од јавна администрација итн. Ова му дава право на Бојкотирам да побара нови собраниски избори но и му дава обврска да биде оперативно спремно за тие клучни избори.
На избориве имаше три можни исходи.
1. Да успее бојкотот да нема цензус.
2. Г. Силјановска да стане претседател
3. С. Пендаровски да стане претседател
Најголемиот дел од Македонскиот Народ според КвазиПИ е во бојкот коалицијата. Со се полнење кутии и притисоци и залажувања на патриоти од страна на ДПНЕ излегоа 843.508 од 1.191.854 колку што излегоа на “клучните” пучистички избори од 11-ти Декември 2016 и би излегле и повеќе ако имаше вистински про-Македонски кандидат а не два СДС Сорос кандидати.
Ако се отфрлат неважечките 30.407 ливчиња на вториот круг не излегоа 378. 753 Македонски гласачи а кои ќе излезеа на вакви клучни избори како што го сторија тоа на 11ти декември 2016! По првиот круг бројката на бојкотирачи беше уште поголема: Македонската Бојкотирам Политичка Сила Победи на ПИ со 484.027 Гласови! Ќе Бидат до 800.000 на Фер Избори! И ова не е се. Бидејќи голем дел од гласачите ќе гласаа за трет, вистински Македонски кандидат, ако го имаше, наместо да бираат меѓу два СДС Сорос кандидати.
Овие се бројки кои го делегитимизираат корумпираниот систем а ќе се формулираат и канализираат на терен или на некои следни фер избори на кои ќе можат да учествуваат и нови неизвалкани политички сили.
И тоа беше најдобриот исход. Со бојкот народот победуваше. Ама не беше многу веројатно не само поради лојалната и длабоко понизна кон странскиот глобалофашистички “фактор” опозиција на ДПСМНЕ туку и поради тоа што Намесничката окупациска Управа употребува сѐ што и е на располагање.
Целата фарса со фингираниот цензус на КвазиПИ е ДОКАЗ ДЕКА ИМА ОКУПАЦИЈА и не беше можно дека самите окупатори ќе дозволат БОЈКОТОТ ДА УСПЕЕ. Затоа за нас Македонските патриоти беше важно БОЈКОТИРАМ ДА ПОКАЖЕ И КВАНТИФИЦИРА СИЛА иако не може да ја постигне својата цел со цензусот кој здружените СДС ДПНЕ корумпирани марионетки дружно го изманипулираа.
Од останатите 2 исходи да победи протежистот на ДПСМНЕ или на СДС за нас е без разлика дали победил кандидатот на СДС од ДПНЕ или од СДС.
И двата кандидати беа исти за исходот на македонската национална борба. Како што го прими од ДИК нелегалното двојазично ливче Стево така како пупунче истото нелегално ливче ќе го примеше од ДИК и Гога СДС Сорос. Да бевме на местото од окупаторот Силјановска ќе ја протежиравме Гога за Претседател.
Сега кога победи Пендаровки револтот не само што останува туку е уште и поголем.
Од таму во услови на окупација:
- Бојкотирачите првпат се покажаа како сила, бројот е квантифициран и во широки рамки се движи од 380,000 до 500,000 бојкотирачи.
- Бојкотирачите јасно се разграничуваат како трета освестена македонска маса околу која ќе се формира окосницата на Македонскиот препород.
- Ако правилно се работи постојат потенцијали за дополнително зголемување на третата македонска страна со премин на други незадоволни и разочарани од двете антимакедонски владеачки партии, продадените корумпирани семејни бизниси, СДС-ДПНЕ.
- Со победа на Пендаровски останува силен народен револт и немање легитимација од двете партии на предавничкиот договор.
- Со победа Силјановска ќе дојдеше до залажувачко смирување и извесна доза на лажна верба а се ќе беше по стар како и со Иванов.
- СДС тоне и никогаш нема да земе повеќе од 300,000 гласови и ќе оди само надолу како што ќе се влошува економската ситуација и лажните ветувања ќе се изветват.
- Оние кои се надеваат и веруваа во ДПНЕ останаа со прстот в уста, така што ќе има нови слоеви на отстапувања од таа предавничка партиска врхушка.
Сега окупациската подреденост е целосна ама затоа и многу појасно видлива. Тоа што ќе можат да носат нови и нови антимакедонски закони ништо не менува во однос на она кое беше претходно. Иванов ништо не успеваше да закочи. А во основа имаа поголемо оправдување за своите неуспеси. Сега сѐ што ќе носат а со сигурност ништо нема да успеваат да испорачаат од ветувањата ќе паѓа на нивен грб.
Ако победеше Силјановска ќе дојдеше до а) смалување на револтот, б) легитимизација бидејќи еве и “вмровските” гласачи ја прифатија Северна и предавничкиот Преспански, нешто што таа отворено и в очи им го говореше на заслепените или изманипулирани или принудени гласачи цензусоиди. Ќе се створеше лага дека може преку системот (под нивна контрола) да се стигне до промени. Тоа немаше да се случи но ќе имавме губење на време во лажни надежи. И тоа ќе траеше со години во недоглед. Така постапно ќе имавме ПОМИРУВАЊЕ со т.н. Преспански договор.
А за нас како Македонци ќе беше најлошо таквото тивко незабележливо умирање. Тоа се оние промени кои поминуват а освен ретки поединци народот не ги регистрира. Тоа е примено во свеста и многу тешко се враќа. Наглите и јавно откриени окупациски потези кои се регистрирани од народот, се оние кои народот ги запишува како газење на неговата волја и како иден долг кон него во својата колективна свест, и секој на свој начин ќе работи тоа да се врати назад.
Значи политичарите ја креираат театарската претстава каде на секој од нас му дале улога на статист по функција, тие заедно мрсат, се богатат и исмеваат на судбината на Македонската држава и Македонскиот народ!
Наше е да ја канализираме силата на понижениот Македонски народ во силна нова политичка неизвалкана сила за враќање на татковината на суверенот, Македонскиот Народ и пораз на делегитимираните корумпирани политички елити и нивно испраќање таму каде што им е местото, ѓубриштето на историјата.
Текст (кратка анализа) што дава целосна слика на состојбите, со бројки, во кои се наоѓа Македонската држава и Македонците. Ретко може да се види кај медиумските пресститутки, како Анал5 или другите тарабанти вакво нешто, тие си се по петтокољонаштвото. Младите кои секогаш се оние кои стануваат и се борат за својата татковина се преокупирани со други работи (не се виновни тие туку родителите, односно системот кој ги претвори во -автошовонисти- тоа што се), како да не се работи за нивна татковина, со вакви млади тешко ни се пишува!
Јас би го коригирал опсегот на Македонците кои би гласале за Македонија а се против Северџистан, според мои сознанија таа бројка е помеѓу 550.000 и 600.000 Македонци, зборувам само за Македонците, останатите не ги сметам затоа што мнозинството од нив излезе и гласаше “за“ на референдумот за Северџистан!
Онаа што мислам дека не очекува ако-доколку не успееме да се организираме во еден силен Македонски Фронт, квислинзиве и петтокољонашите наскоро ќе поминат на следната фаза од планот, а тоа е кантонизација-федерализација по што следува поделба или војна.
Да се надеваме дека сепак ќе ни дојде умот!