Автор Роб Еванс преку Гардијан. Половина од Англија е во сопственост на помалку од 1% од нејзиното население, според новите податоци споделени со Гардијан кој се обидува да навлезе во тајноста која традиционално ја обвиткува сопственоста на земјиштето на островската земја.
Наодите, опишани како “зачудувачко нееднакви”, сугерираат дека околу 25.000 сопственици на земјиште – обично членови на аристократијата или сопственици на корпорациите – имаат контрола над половина од Англиската земјата.
Бројките покажуваат дека ако земјата подеднакво се дистрибуира низ целата популација, секое лице ќе има речиси еден хектар – област приближно со големина на плоштадот пред Парламентот во центарот на Лондон.
Големи сопственици ги вклучуваат Кралицата, аристократи како и претприемачи како Џејмс Дајсон. Додека земјиштето одамна е концентрирано во рацете на мал број на сопственици, прецизна информација за сопственоста на имотот е тешко достапна. Но, комбинацијата од развојот на дигитални мапи и податоци, како и притисокот од активистите, овозможи да се соберат овие шокантни статистики.
Џон Трикет, министер за труд во сенка, ги поздрави наодите и повика на дебата за ова прашање, додавајќи: “Драматичната концентрација на сопственоста на земјиштето е неизбежен потсетник дека нашата е земја за неколку а не за сите”.
“Едноставно не е точно дека аристократите, чии семејства со векови се во сопственост на истите делови од земјиште, и големите корпорации имаат поголемо право врз локалното зеемјиште – и во урбаните и во руралните средини – отколку луѓето што живеат таму. “Земјата е извор на богатство, тaа влијае на цените на куќите, таа е извор на храна и може да обезбеди благосостојба за милиони луѓе”, рече Трикет.
Гај Шрабсол, автор на книгата “Кој ја поседува Англија?” во која се откриваат овие бројки тврди дека наодите покажуваат слика што не се променила со векови. “Повеќето луѓе стануваат свесни за тоа колку земјиште е во сопственост на толку мал број луѓе”, пишува тој додавајќи, “Сопственоста на земјиштето во Англија е неверојатно нееднаква, во голема мера концентрирана во рацете на малата елита”.
Половина од Англија е во сопственост на 25.000 земјопоседници – помалку од 1% од нејзиното население
Наодите на книгата се извлечени од комбинација на јавни мапи и податоци објавени преку Законот за слобода на информации како и други извори.
Шрабсол проценува дека “аристократијата и лордовите сè уште поседуваат околу 30% од Англија”. Ова дури може да биде и потценување, бидејќи сопствениците на 17% од Англија и Велс остануваат непријавени во земјишниот катастар. Најверојатно сопствениците на оваа непријавена земја се аристократи, бидејќи многу од нивните имоти со векови останале во нивните семејства.
Тој пресметал дека земјиштето во сопственост на кралското семејство изнесува 1,4% од Англија. Ова вклучува и Краун имот, личен имот на кралицата во Сандрингем, Норфолк и Војводи од Корнвол и Ланкастер, кои обезбедуваат приход за членовите на семејството.
Бидејќи овие имоти не биле продадени на отворен пазар, нивната сопственост не мора да се евидентира во катастарот на земјиште, јавното тело одговорно за водење на база на податоци за земјиште и имот во Англија и Велс.
Освен над 30% в сопственост на аристократијата, Шрабсол проценува дека дополнителни 18% од Англија е во сопственост на корпорации, некои од нив базирани во странство или во оф-шор јурисдикции. Тој ја базира на оваа пресметка на табела на земји во сопственост на сите компании регистрирани во Велика Британија, кои беа објавени од страна на катастарот на земјиште.
Шрабсол, кој работи како активист за еколошката добротворна организација Пријатели на Земјата, проценува дека “неколку новозбогатени бизнисмени, олигарси и градски банкари” поседуваат околу 17% од Англија.
Јавниот сектор – централната и локалната власт, како и универзитетите – поседува 8% отсто од Англија.
Шрабсол пишува дека најголемиот дел од населението поседува многу малку земја или воопшто нема. Оние што поседуваат домови во Англија, поседуваат само 5% од земјата.
Карис Робертс, главен економист на Центарот за истражување на јавните политики, рече дека е шокирана, но не е изненадена од наодите на Шрабсоле за концентрацијата на сопственоста на земјиштето. Таа рече дека концентрацијата на земјиштето во неколку раце била голема причина зошто богатството како целина било толку нееднакво во земјата, бидејќи оние без земјиште биле спречени да генерираат поголем приход.
Таа додаде: “Имаме лажна представа дека класните структури се променија така што аристократијата не е толку важна како што беше порано. Ова го покажува континуираното значење на аристократијата во однос на богатството и моќта во нашето општество “.
Таа рече дека еден ефект од ова е дека јавноста ја загубила демократската контрола врз тоа земјиште кое не може да се користи, на пример, за домување или подобрување на животната средина. “Вие не можете да направите најдобра социјална употреба од неа”, додаде таа.